Премиера на ,,Господ постои името и е Петрунија” во Милениум

Градското кино „Милениум“ вечерва ќе биде домаќин на македонската премиера на филмот на Теона Стругар Митевска „Господ постои, името ѝ е Петрунија“.

 Филм кој беше единствен наш претставник во официјалната конкуренција на Берлинскиот филмски фестивал.

На премиерата во „Милениум“, режисерката Стругар Митевска ќе има и свое обраќање пред скопската публика.

Филмот доби две престижни награди на „Ecumenical Award“ и „Guild Film Prize“. 

 Одличен одѕив од публиката и критиката на годинашното Берлинале имаше и главната актерка Зорица Нушева.

Во „Господ постои, името ѝ е Петрунија“ се појавуваат и Стефан Вујисиќ, Петар Мирчевски, Симеон Мони Дамевски и други

Заев: Низ дијалог до решение за религиозниот објект во центарот на Охрид

Премиерот Заев посочи дека институциите ќе постапат согласно законите на Република Северна Македонија.

Наследените проблеми за спорната градба без соодветна документација на дел од религиозен објект во центарот на Охрид и изнаоѓање на решенија согласно закон, биле тема на денешната средба на премиерот Зоран Заев со в.д. градоначалникот на Општина Охрид, Константин Георгиевски и в.д. директорката на НУ Завод и музеј, Охрид Елеонора Новаковска, како и со претставници и претседателот на граѓанското здружението „Совест", Михаил Трендафилов.

Како што соопшти владината прес-служба, на средбата се разговараше и за аспектите за заштита на културното наследство во градот Охрид кое е од заедничко значење за сите граѓани на Република Северна Македонија.

-Премиерот Заев посочи дека институциите ќе постапат согласно законите на Република Северна Македонија и дека преку дијалог со сите засегнати страни, а имајќи ја во предвид сензитивноста на прашањето, ќе се изнајдат решенија во интерес на граѓаните на градот Охрид и на државата која останува посветена на заштита и промоција на богатото културно наследство што го поседува градот Охрид, стои во соопштението.

Пролетта со натпросечна температура, повеќе дожд на истокот

Потопло време со температури над просечните за еден до два степена не очекува оваа пролет, која почнува вечер во 22 часот и 58 минути. 

Повисоки температури ќе има особено во источните делови, каде над просекот ќе бидат и врнежите.

Според прогнозите на УХМР, во април, средната месечна температура се очекува да се движи од шест до осум степени Целзиусови на високите планини во крајниот северозападен дел на државата, од  осум до 10 степени Целзиусови во западните, централните региони и дел од југоистокот, а од 10 до 12 степени  во североисточните делови.

Во мај просечната температура, исто така, ќе биде повисока за еден до два степена, а во источниот дел од земјата ќе биде потопло за два до три степени. Средната месечна температура се очекува да биде од 14 до 16 степени, а во  планинските области од 12 до 14.

Очекуваните месечни врнежи и во април и во мај се 50-100мм. Во април тие ќе бидат под просекот во западниот дел (до 25 отсто), просечни долж Повардарието, а над просекот во источниот дел на земјата (до 25 отсто). Помалку од просечните месечни врнежи речии во целата држава се очекуваат во мај, со исклучок на источните делови.

Од УХМР напоменуваат дека е можна појава на локални настани и препорачуваат редовно следење на прогнозата.

-Поради хаотичната природа на атмосферската циркулација, не е можно да се предвидат варијациите на дневна основа на одредена локација неколку месеци однапред.  Дури и точното предвидување на просечните вредности, како што е просечната температура за даден месец е исклучително тешко, така да во најголема мерка за сезонските прогнози зборуваме во смисла на најверојатните отстапувања од просечните вредности, појаснуваат од УХМР.

Почнува пролетта

Пролетта во земјава и на северната хемисфера почнува вечер во 22 часот и 58 минути. Во исто време на јужната полутопка на Земјата ќе настапи есента.

Првиот пролетен ден во земјава ќе трае 12 часа и 05 минути. Сонцето изгреа во 5:39 часот, а ќе зајде во 17:44 часот.

Пролетта ќе трае до 21 јуни кога календарски започнува летото.

Летното сметање на времето, пак ќе почне ноќта меѓу 30 и 31 март, кога стрелките на часовникот треба да се поместат еден час нанапред.

притисни ентер