Фото: Страшно, убиецот го снимал и во живо пренесувал нападот на џамиите

Стравично видео од нападот на џамијата во Нов Зелан се појави на социјалните мрежи.

Верниците лежат на под и врескаат ,а убиецот не престанува да пука!!

На Твитер се појави видео во кое се снимен страшниот масакр  направен во џамијата во Нов Зеленд.

Во терористичкиот напад на џамии загинаа 49 лица, од нив дури 30 на едно место, а повеќе од 60 верници се повредени.

Напаѓачот цело време на нападот на џамиите се снимал и видеото го пренесувал во живо на социјалните мрежи.

Напаѓачот кој е идентификуван како Брентон Тарант се снимал од моментот на подготовката па се до влегувањето во просторијата во кој го направил масакрот.

Во видеото може да се види како верниците паѓаат на земја, ползат и бегаат, но убиецот нема милост кон никого.

Научниците пронашле решение – реките ќе се чистат со пепелот од РЕК Битола!

Речиси сите реки се загадени, констатирани и високи концентрации на хром.

Хемискиот елемент шестовалентниот хром е метал кој е многу штетен за здравјето на луѓето тој е токсичен и канцероген и многу често го има во реките.

На технолошко-металуршкиот факултет во лабораторијата за испитување на води тимот на професори и асистенти со начуно достигнување. Според истражувањата во водата каде има токсичен хром се става трепел кој е се наоѓа на површинскиот слој кој се зема од коповите на јаглен од РЕК Битола и целосно го отстранува хромот од водата.

Професорите Лисичков и Кувенџиев велат дека ова е навистина спас за реките да не останат загадени.

Професорот Стефан Кувенџиев покажа како во розевата обена вода каде има хром стави трепел  и по одреден период и прочистување водата стана сосема нормална боја без хром.

Хромот предизвикува сериозни нервни и канцерогни заболувања кај човекот. Во Македонија најмногу реките се загадени од фабриките кои работат со метали и хемикалии.

Статусот на СЈО и судбината на истрагите главни разлики меѓу власта и опозицијата

Премиерот Зоран Заев не се откажува од Специјалната обвинителка Катица Јанева и нејзиниот тим. 

Во интервју за МИА во врска со преговорите околу иднината на СЈО, Заев вели дека е подгвотвен да разговара за секое аргументирано прашање. Оптимист е дека наскоро ќе се постигне решение, но дециден и непроменет е во ставот за Јанева.

 -Тоа е за мене институционално прашање, од причина што навистина Катица Јанева и нејзиниот тим на обвинители, истражители и сите што работат беа во едно многу тешко време трошката надеж на враќање на правната држава, која ете почна да се враќа во нашата земја. Јас сум убеден дека не смееме да испраќаме лоши пораки до оние кои опстоиле, пркоселе, верувајќи во државата, во системот, во уставот и законите, во тешко време.-Зоран Заев – Премиер на РСМ.

По средбата на работните групи од понеделникот на виделина излегоа две крупни разлики. Додека опозициската ВМРО ДПМНЕ бара СЈО да биде дел од Обвинителството за организиран криминал и корупција, за власта тое е неприфатливо. Несогласувања има и околу случаите преземни или отворени по јуни 2017, за кои опозицијата смета дека треба да се затворат а ако треба пак да ги отвори редовното обвинителство. Дека има сериозни разлики потврди и владиниот портпарол Миле Бошњаковски.

Статусот на СЈО е еден од клучните услови за добивање на датум за преговори со Европската Унија во јуни. Политичкиот аналитичар Албер Муслиу смета дека решение ќе се најде и ќе се послушаат пораките на САД и ЕУ, а државните ќе се стават над партиските интереси.

ВМРО ДПМНЕ утре ќе ги достави нивните забелешки во форма на амандмани кои треба да се разгледаат на средбата предвидена да се одржи во петок.

Апел: Граѓаните да патуваат со лиценцирани агенции и да потпишуваат договори

Уплатиле за викенд патување во Истанбул – а добиле само авионска карта во еден правец. 

Вакво непријатно искуство имале две студентки кои решиле за Осми март да ја посетат турската престолнина. Oва е последниот во низата случаи на измамени граѓани поради лажни аранжмани – проблем кој се уште е црна дамка во пресрет на туристичката сезона.

Во трка со времето и обврските, граѓаните наседнуваат на секакви агенции кои на социјалните мрежи нудат примамливи понуди за ниски цени. Министерот за економија Бектеши вели дека ретко кој граѓанин се информира дали агенцијата поседува лиценца за да организира патувања, а аранжманите ги прават „на слепо“.

Лани биле направени над 400 контроли на агенции. Обесштетени биле речиси 90 отсто од граѓаните кои уплатиле а не патувале. Поплаки има и за промени на програмата за посети и аранжмани кои ни приближно не биле исти со понудата. Најавени се измени на Законот за туристичка дејност со цел да се регулираат и санкционираат нерегистрираните агенции.

Во земјава работат 530 регистрирани туристички агенции, а 220 од нив се со А лиценца.

притисни ентер