Ракетата ,,Сојуз” полета кон Меѓународната вселенска станица

Двајца американски и еден руски астронаут полетаа кон Меѓународната вселенска станица , во втор обид по неуспешното лансирање  во октомври.

Руската ракета во која се астронаутите , Американците Ник Хејг и Кристина Кох , како и Русинот Алексеј Овчинин, полета од рускиот космодром Бајконур во Казахстан нешто по полноќ по локално време.

Се очекува за шест часа да пристигне на Меѓународната вселенска станица.

Ракетата ,,Сојуз” која на 11 октомври лани ги превезуваше астронаутите Хејг и Овчинин, ги активираше безбедносните системи само две минути по лансирањето , па капсулата слета.

Оваа незгода е прво неуспешно руско лансирање по 1983 година , кога двајца руски астронаути безбедно се катапултираа по избувнатиот пожар на лансирната рампа.

притисни ентер