Џел Ло со нежни фотографии од плажа ја демантира кризата во врската со Родригез

Музичката ѕвезда Џенифер Лопез објави серија фотографии на плажа со свршеникот Алекс Родригез за да демантира дека има криза во нивната врска.

Џенифер Лопез и Алекс Родригез ја прославија свршувачката на плажа на Бахамите каде уживаа во сонцето и морето. И додека уживаа на плажата . Џенифер го мачкаше идниот сопруг со крем за сончање од главата до петиците. Не ги пропушти ниту стапалата.

За тоа време Родригез пушеше пура и се занимаваше на мобилниот.

Пејачката , која во јули ќе го прослави 50. роденден изгледаше сензационално во светло сино бикини.

Со овој излет на кој и двајцата беа весели и вљубени Лопез и Родригез им ги затворија устите на сите кои тврдеа дека во нивната врска има криза.

Веста на социјалните мрежи ја објави поранешниот бејзбол играч Џозе Консека .Тој напиша дека знае како Родригез ја изневерува Лопез со неговата поранешна сопруга Џесика.

Ниту Џеј Ло , ниту Родригез не ги коментираа овие наводи , а сега на свој начин му одговорија на Консека.

притисни ентер