Најбогатите на светот живеат во само 10 градови и не купуваат накит

Најбогатите луѓе на светот имаат имоти насекаде , но постојаното живеалиште им се наоѓа само во 10 градови на светот.

Во оваа категорија спаѓаат сите кои имаат над 30 милиони долари. Според бритаснките истражувања , најголемиот број милијардери живеат во метрополите , поради животниот стил , болниците , бизнис условите и инфраструктурата. така , најголем број најбогати живеат во Лондон , Токио и Сингапур. Во Лондон живее најголем број ултра богати – над 5 000. Зад Лондон се уште два европски града и тоа Цирих и Париз.

Европа е најголемиот центар на богатата популација на светско ниво. Според последните податоци на светот има над 20 милиони луѓе , чие богатство изнесува над милион долари и тоа е рекорден број.

Единствениот град во САД на листата е Њујорк , без оглед на бројот на милионерите , а во Јужна Америка е бразилскиот град Сао Паоло.

Кога станува збор за Азија , од каде доаѓаат се повеќе милионери , освен Сингапур на листата е Токио , Сеул , Тајопеј и Пекинг. Новите милијардери , кои доаѓаат од Кина се почесто се решаваат да живеат во Европа.

Лани дури четвртина на купувачите на недвижности во Лондон , чија вредност била над 2,5 милиони долари , биле кинеските милијардери.

Во анализата е утврдено и каде новите милионери ги трошат парите. Тие купуваат ретки и скапоцени предмети , како што се ретки видови виски , монети , марки , часовници , вина и автомобили .

На дното на листата на предмети што ги купуваат најбогатите на светот се најдоа уметничките дела, дијамантите и накитот.

Најголемиот холивудски предатор на силуваните жени им нуди 44 милиони долари

Продуцентот Харви Вајнштајн и неговото продуцентско студио постигнаа договор со жените , кои му поднесоа тужби за сексуално злоставување.

Адвокатите на најголемниот холивудски предатор велат дека постигнале договор со жените да им исплатат вкупно 44 милиони долари за тие да ги повлечат граѓанските тужби и барањата за обесштетување.

 Меѓутоа, Вајнштајн упорно негира дека сексуално нападнал над 75 жени и тврди дека сите доброволно се согласиле на полов однос со него. Жртвите на познатиот холивудски продуцент во најголем број се млади актерки и други жени вработени во филмскиот бизнис , кои добивале работа доколку дозволат Вајнштајн сексуално да ги злоупотреби .

Пријавите се однесуваат на неколку декади наназад. Поради скандалот , Вајнштајн доби отказ од својата истоимена продуцентска компанија и е исфрлен од американската Академија за филмска уметност.  

Фејсбук планира да воведе своја криптовалута и начин на плаќање

Компанијата Фејсбук ги привршува плановите за лансирање сопствена криптовалута и систем за дигитална наплата во десетина земји во првиот квартал на 2020 година.

Гигантот на социјалните мрежи до крајот на годинава планира интерно да го тестира овој систем наречен Global Coin. Се очекува деталите од овој план да бидат објавени летово.

Основачот на Фејсбук , Марк Закерберг минаиот месец верќе разговарал со директорот на британската Централна банка,Марк Карни за ризиците и можностите што ги носи криптовалутата.

Компанијата преговара со други компании за трансфер на пари како што е Western Union,за да договорат што поефтини и побрзи трансфери на пари за граѓаните без банкарски сметки.

SpaceX денеска лансираше дури 60 сателити (ВИДЕО)

Компанијата SpaceX денеска лансираше ракета со 60 сателити во вселената.

Ваквиот подвиг е прв чекор во создавање на мегаконстелација со што на популацијата од целиот свет ќе им се понуди ефтин пристап до широкопојасен интернет.

На огромната консталација од сателити од компанијата на Елон Маск и дадоа интересно име- Starlink.

Маск изјави дека сателитите ќе функционираат ,,како ширење на шпил карти по маса” и дека сателитите наскоро ќе ги рашират своите соларни панели , со кои ќе се напојуваат за време на работата во вселената.

Засега не е јасно дали сите 60 сателити се веднаш оперативни , но од компанијата SpaceX тврдат дека лансирањето поминало без никаков проблем.

Овој проект ќе го чини SpaceX 10 милијарди долари , но Маск вели дека компанијата има доволно средства за да го доврши.

притисни ентер