Најбогатиот човек на светот откри која особина е најбитна за успех

Според листата на Форбс , основачот на Амазон , Џеф Безос е најбогатиот човек на светот и еден од најуспешните луѓе на денешнината.

Иако е неможно да се издвои само една особина што ги карактеризира успешните луѓе , Безос во разговорот за книгата "Think Like Amazon"  откри дека најважно е да се биде несфатен.

,,Научив да се биде инвентивен и пионер на своето подрачје вклучува и ризик долго време да бидете несфатени. На самиот почеток кога воведовме рецензии од коризниците , некој ми рече дека не разбирам како се води бизнис. Ми рече дека заработката доаѓа од продажба на предмети , па нема потреба од објавување негативни коментари.Кога го прочитав тоа писмо реков: Ние не заработуваме со продажба на предмети. Заработуваме така што им помагаме на купувачите да донесат одлука за купување.” , рече Безос.

Се покажа дека бил во право. Рецензиите на производите , позитивни и негативни им помогнаа на потрошувачите да се решат каков производ да купат , а поради изградената доверба , Амазон продаваше уште повеќе.

Бесоз додаде и дека секогаш треба да се биде пофдготвен ан критики , но и дека на вас е да решите дали ќе им верувате.

Новиот Терминатор со старите ѕвезди – се појави трејлерот (ВИДЕО)

Сара Конор се врати во најновото продолжение на Терминатор , заедно со нејзиниот партнер Арнолд Шварценегер.

По цели 35 години од првиот Терминатор , Сара Конор се појави во најновото продолжение , а денеска се појави и трејлерот за "Terminator: Dark Fate" .

Освен добро познатите ликови како Сара Конор , Арнолд Шварценегер и роботот Т-800 , новото продолжение ќе ги донесе и  новите ликови како Мекензи Дејвис која ја игра улогата на хибрид меѓу термионатор и човек. За прв пат ќе се појави и Габриел Луна , кој ја игра улогата на нов робот - убиец.

Во овој филм повторно се враќа Џејмс Камерон, кој ќе биде продуцент , ќе го режира Тим Милер. Иако ова е шесто продолжение на Терминатор , дејствието ќе биде продолжение на вториот дел.

Премиерата на филмот е најавена за ноември годинава.

Рено Аркана - автомобил само за Русите (ВИДЕО)

Рено произведе нов модел на автомобил исклучиво за рускиот пазар , кој се вика Аркана.

Станува збор за СУВ , што ќе треба на рускиот пазар да им конкурира на BMW X4 или на Mercedes GLC Coupe .

За овој автомобил Русите ќе треба да платат најмналку 19 800 евра , доколку е само со преден погон , односно 20 900 евра за возило со погон на сите четири тркала.

Моделот има најнова безбедносна опрема и систем на асистенција . Го движи 1.3 TCE мотор со 150 Кс и CVT X-Tronic  менувач.

Зошто Амстердам веќе не ги сака туристите?

Амстердам , познат по толерантната култура , радикално ги менува ставовите кон милионите туристи кои годишно го посетуваат овој холандски град на каналите.

Амстердам им порачува на туристите да го избегнуваат и да одат на друго место. Иако туризмот и посетите на Амстердам годишно и носат на холандската економија дури 82 милијарди евра , сепак не сакаат нивниот град да се претвори во Венеција. Жителите на Амстердам се плашат дека преголемиот број туристи би можел да ја уништи душата на градот.

,, Ние сме под голем притисок. Не сакаме да се претвориме во Венеција. Туристите премногу го сакаат напшиот град и го посетуваат во преголем број. “ , вели архитектката Елен ван Лоон.

Поради евтините авионски летови , се очекува бројот на туристи и натаму да расте , што ги загрижува жителите на овој град и затоа рекоа дека е доста. Но , според туристичките експерти , бројот на гости и натаму ќе расте.

Ако во 2018 Амстердам имал 18 милиони гости , во 2030 тој број ќе достигне до 42 милиони. Поради ваквата опасност холандските власти решија да престанат да го рекламираат Амстердам , а воведоа и ограничувања на местата за забави и на капацитетите за сместувања.

притисни ентер