Претставен Боинг 777X , најголемиот патнички авион на светот (ВИДЕО)

Официјално беше промовиран најголемиот патнички авион на светот , Боинг 777X во главниот производен погон во Еверет , Вашингтон.

Боинг планираше да го претстави авионот во средата , но свеченоста беше одложена поради падот на нивниот авион 737 во Етиопија , при што загинаа 157 патници и членови на екипажот.

Претставувањето беше одржано на поедноставен начин во главниот производен погон на компанијата , каде им се оддаде почит на загинатите во несреќата во авионската несреќа на Боинг 737 MAX8.

Авионот е подолг од своите претходници и во него може да бидат сместени меѓу 400 и 425 патници во две класи. Се предвидува авионот прв пат да полета на комерцијален лет следната година.

притисни ентер