Британските пратеници изгласаа одложување на Брегзитот- не се знае до кога

Со 402 гласа наспрема 202 , британските пратеници изгласаа одложување на излезот на Британија од Европската Унија.

Со тоа на премиерката Тереза Меј и оставија можност наредната недела повторно да се обиде да добие поддрѓка за договорот постигнат за Брегзит со ЕУ. Доколку не се постигне договор до 20 март или ако нема договор на подолго време, се одложува на неодредено излезот на Британија од ЕУ.

Меј на 15 дена пред официјалниот датум за излез од Унијата се закани со долг период , во кој ќе се обиде да ги убеди своите соратијци конечно да го прифатат нејзиниот договор што го постигна со првите луѓе на ЕУ.

Новото гласање најверојатно ќе се одржи следната недела , кога пратениците ќе се изјаснат дали ќе го поддржат овој документ или пак ќе има долго одложување , се до разводнување на темата и конечно спречување на Брегзитот.

Претходно пратениците во текот на денот со мнозинство од 334 наспрема 85 гласа ја отфрлија можноста за распишување нов референдум за Брегзит.

притисни ентер