Димитров: Чувстувувам тенденција Преспанскиот договор да се внесе во води во кој тој не навлегува

Чувстувувам тенденција Преспанскиот договор да се внесе во води во кои тој не навлегува, во малцински прашања. 

Има напад врз него во Грција дека отвора малцински прашања и има напад овде кај нас, дека на некој начин одбегнува такви прашања, рече попладнево министерот за надворешни реботи Никола Димитров, одговорајќи на новинарски прашања по заедничката прес-конференција со својот чешки колега Томаш Петжичек.

На новинарско прашање на кој јазик зборува македонското малцинство во Грција, Димитров напомена дека Договорот од Преспа воведува, врз основа на нашето право на самоопределување, едно разбирање дека идентификацијата со Македонија и македонски значи една работа во оваа земја, а друга работа во Грција.

Министерот оцени дека ова прашање е мотивирано и дека можеби има цел да го урне и да го компромитира, како што рече, овој крупен процес кој целиот свет го нарече не само успех за Балканот, туку и европски и светски успех.

-Договорот зборува за македонскикот јазик како македонски јазик. Чувстувувам и таму и тука тенденција Договорот да се внесе во води во кој тој не навлегува, во малцински прашања. Има напад врз него во Грција дека тој отвора малцински прашања, и има напад овде кај нас, дека тој на некој начин одбегнува такви прашања. Договорот убаво вели дека за тие деликатни прашања нема да се мешаме во внатрешните работи, тоа е важно прашање за грчкото општество и мислам дека во периодот какво прашање сме затвориле и каков ни е контекстот денес ни треба поголема мудрост и зрелост да се фокусираме на тоа што го правиме и што регулира Договорот. Ова, според мене, е мотивирано можеби и грешам и има цел да го урне и да го компромитира овој крупен процес кој целиот свет го нарече не само успех за Балканот, туку и европски и светски успех, истакна шефот на дипломатијата. 

Почна акцијата „Општина без смет за поубав свет" во Крива Паланка

Неколку стотици граѓани од различни возрасни групи учествуваа на денешната голема акција за собирање смет „Општина без смет за поубав свет" во Крива Паланка.

Неколку стотици граѓани од различни возрасни групи, од ученици и спортисти, преку извидници и волонтери на Црвениот крст, наставници и професори, административни работници до планинари и пензионери учествуваа на денешната голема акција за собирање смет „Општина без смет за поубав свет" во Крива Паланка.

Акцијата ја организира локалната самоуправа во соработка со граѓански организации и јавното претпријатие „Комуналец".

Градоначалникот Борјанчо Мицевски изрази задоволство од одѕивот на граѓаните и најави дека акцијата ќе се реализира слендите два месеца.

Се чистеше спортскиот терен, јавните површини, дворовите на колективни станбени згради и уредениот и неуреден дел од Домачки дол. Граѓаните ги чистеа и своите дворови и подруми, депонирајќи го непотребниот шут и опасниот електронски и електричен отпад. /МИА

Спречен обид за напад врз фински министер

Финската полиција соопшти дека нејзини припадници спречиле обид за напад на еден „опасен и агресивен маж”  врз министер во Владата на Финска за време на еден предизборен собир.

Агенцијата „Ројтерс“ пренесува дека полицијата не објавила за кој министер станува збор, а фотографот на локалната агенција „Лехтикува“ изјавил дека бил нападнат министерот за надворешни работи, Тимо Соини.

„На основа на првите информации, агресивен и опасен маж се обиде да му пријде на министерот на изборниот собир на локалниот маркет во Корса во Ванта“ – соопштила полицијата.

Полицијата го привела мажот и тој моментално е на распит за да ги објасни причините за нападот на министерот.

На фотографијата која ја објави агенцијата „Лехтикува“ може да се види маж во црна кошула, на која се наоѓа логото „Војници на Один“.

„Војниците на ДОин“ е организација позната по десничарските и антимиграциските ставови.

Портпаролот на Соини одбил да даде коментар, а ниту полицијата не навела дали напаѓачот бил наоружан.

  

Дујовски: Очекувам доследна кампања од кандидатите за претседател

​Остана уште една недела пред почетокот на кампањата за претседателските избори.

На оваа тема во вестите на Канал 5 Михајло Видимилски разговараше со професорот Никола Дујовски.

Целиот разговор погледнете го во видеото.

притисни ентер