Вил Смит ги исмеа зависниците од Фејсбук и Инстаграм по големиот дефект (ВИДЕО)

Вчера попладне корисниците на социјалните мрежи во целиот свет почнаа да пријавуваат проблеми со користењето на Фејсбук , Инстаграм и Уатсап. 

Некои од корисниците не можеа да се логираат , други не можеа да постираа , некои не можеа да праќаат и добиваат пораки...Станува збор за најдолг прекин во историјата на Фејсбук, што погоди над 2,5 милијарди корисници.

Иако состојбата денеска се нормализираше , многумина во светот и натаму пријавуваат проблеми.  Ваквата состојба беше повод за многубројни исмевања на сметка на зависниците од социјалните мрежи.

Меѓу оние кои се забавуваше , додека милиони страдаа , беше и актерот Вил Смит. Тој објави снимка како игра на сите четири , откако виде дека проработи Инстаграм.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

Instagram: Back online. ⁣ ⁣ Me:

A post shared by Will Smith (@willsmith) on

Неговата пародија за неколку часа доби шест милиони лајкови.

Фото: Шерон Стоун ли е ова??

Холивудската ѕвезда Шерон Стоин веќе неколку децении е една од најубавите жени на филмот.

Модните критичари многу често ја нарекуваат беспрекорно стилизирана дама, но сега атрактивната актерка изненади со бизарниот стајлинг на црвениот тепих во Лос Анџелес.

61- годишната Шерон на церемонијата во Музејот на современа уметност во Лос Анџелес се појавила облечена во плетен црн фустан со плетена црвена капа и очила за сонце.

Забележлив бил и синиот лак на ноктите на рацете, а црвениот на прстите на нозете.

Мел Б од „Спајс грлс“ пренесена во болница поради ослепување

Поранешната членка на мегапопуларниот женски бенд „Спајс грлс“ Мелани Браун позната како Мел Б хитно е пренесена во болница откако го загубила видот.

Пејачката е однесена на испитување во една болница во Лондон.

Британските медиуми пренесуваат дека на 43 годишната Мелани и сее слошило додека била во својот дом и дека нејзиното семејство веднаш повикало Брза помош. Мелани повторувала само дека „ништо не гледа“.

Пејачката инаку пред дваесетина години ласерски се обидела да ја намали диоптријата, но откако операцијата тргнала во лош правец таа трајно го загубила видот на левото око. Но, сега Мелани се пожалила дека не гледа ништо ниту на десното око и дека „ослепела“.

Фото: Бандерас шоу во Кан!

Јас стар!?

Холивудскиот актер Антонио Бандерас приреди вистонско шоу на црвениот тепих на Канскиот фестивал.

Популарниот актер им позираше на фотографите во Кан во неколку разлини улоги и покажа дека годините не му можат ништо.

Бандерас на црвениот тепих го демонстрираше својот „талент“ како гимнастичар, танчер....

Целиот перформанс го изведе пред очите на убавата колешка Пенелопе Круз.

притисни ентер