Костовски и Лазаревски од УБК успеале да изнесат само 5% од „бомбите“

Само 5 отсто од прислушуваните таргети во УБК успеале да изнесат свиркачите Звонко Костовски и Ѓорѓи Лазаревски. 

Така денеска на судењето за случајот Тврдина – Таргет кој се однесува на масовното прислушување сведочеше Костовски. Меѓу разговорите кои ги експортирале, рече тој,  некои се дуплирале во случаи кога ги копирале разговорите на два таргета, давајќи пример за разговорите помеѓу ексминистрите Гордана Јанкулоска и Миле Јанакиески.

Јас и мојот колега Ѓорѓи Лазаревски бевме тие кои се договоривме да ги снимаме и да ги предадеме на професорот Верушевски. Како количина или број на разговори не би можел да дадам проценка. Но, како проценти од вкупниот број на нелегални таргети стануваше збор за мал дел, нешто можеби под 5 отсто од нелегално прислушуваните таргети, мислам од вкупно нелегално прислушуваните таргети.

Со неговото сведочење се отвара дилемата, каде завршиле материјалите од другите прислушувани таргети. Поранешниот министер за внатрешни Павле Трајанов, вели дека постои можност тие разговори во иднина да бидат злоупотребени. Се сомнева дека завршиле кај оние кои тогаш имале пристап до УБК.

Костовски појаснуваше и технички податоци, односно кој од броевите на соговорниците бил таргетот, во колку часот бил разговоро. Тој истакна и дека Заев бил прислушуван под псевдонимот Зо За. Тој откри и дека нелегално се прислушувало и се правеле транскрипти и од компјутер кој бил надвор од УБК. Поточно, по барање на Горан Грујевски, како што рече,  еден компјутер бил сместен и во стан во зграда кај Железничка.

Се подготвува пречек за Тамара на аеродромот Скопје

Македонската претставничка на Евровизија, Тамара Тодевска која со песната „Proud" го освои осмото место и највисокиот пласман на земјава досега на Евровизија, вечерва се враќа од Тел Авив во Скопје.

Таа треба да пристигне на Скопскиот аеродром околу 21:45 часот. Се очекува на аеродромот да ја пречекаат многубројни нејзини обожаватели.

Тамара синоќа на финалната вечер на Евровизија во текот на речиси целото гласање беше на врвот на табелата. По гласањето на стручните жирија заврши на второто место со 237 поени, зад Шведска со 239 бодови, но на крајот по пребројувањето на телевоутингот од публиката се пласираше на осмото место.

Швајцарците на референдум го прифатија новиот закон за оружје

Жителите на Швајцарија денеска на референдум ги одобрија новите антитерористички мерки на Е вропската унија, со гласање на законот за поседување на оружје.

Според проценките 67 проценти од Швајцарците го прифатиле новиот закон за оружје со кои се заоструваат мерките за поседување на оружје.

Власите ги предупредија гласачите дека со одбивање на овој закон земјата може да се доведе во позиција да биде исклучена од европските договори Шенген и Даблин, со кои е поврзана иако не е членка на Унијата.

Се проценува дека околу 2,3 милиони граѓани на Швајцарија поседуваат оружје, што е околу една третина од жителите на земјата.

Новите заострени мерки се однесуваат на полуавтоматските пушки со големи шаржери и на одредени други врсти на пушки.

Заев: Европа треба да возврати и да ја награди нашата земја

Како што соопшти владината прес-служба, премиерот Заев го информирал Фишер за последните политички случувања во земјата, односно за успешно спроведените претседателски избори, како и текот на реформите во неколку клучни области.

Северна Македонија за кратко време стана модел, пример како се решаваат дури и најтешките билатерални прашања и затоа Европа треба да возврати и да ја награди нашата земја, истакна премиерот Зоран Заев на средбата со поранешниот претседател на Република Австрија, Хајнц Фишер во Виена.

Како што соопшти владината прес-служба, премиерот Заев го информирал Фишер за последните политички случувања во земјата, односно за успешно спроведените претседателски избори, како и текот на реформите во неколку клучни области.

-Истовремено, на средбата беше потврдена поддршката која Република Австрија во континуитет и ја дава на нашата држава на нејзиниот пат кон интеграцијата во Европската Унија. И таа поддршка нема да изостане сe додека Северна Македонија не стане полноправна членка на ЕУ, се истакнува во соопштението.

Премиерот Заев придружуван од  вицепремиерот задолжен за економски прашања, Кочо Анѓушев, министерот за финансии, Драган Тевдовски и министерот за образование и наука, Арбер Адеми, утре ќе присуствуваат на Виенскиот економски форум, Виенски економски разговори – нови перспективи за Република Северна Македонија./МИА

притисни ентер