Со консензус изгласана потребата Секретаријатот за рамковен да прерасне во Министерство за политички систем

Со поддршка и од ВМРО ДПМНЕ без многу дебата Собранието гласаше за потребата од формирање на ново Министерство за политички систем и односи меѓу заедниците кое треба да го замени Секретаријатот за спроведување на Охридскиот договор.

Предлагачите велат новото министерство ќе има задачи да ги имплементира законите кои произлегоа од Охридскиот договор.

Формирањето на новото министерство и укинивањето на Секретаријата  предизвика расправија во редовите на Интегративците. Вицепремиерот Хазби Лика се налути зошто не бил информиран, а од ДУИ му порачаа дека е срамота да не знае бидејќи новото министерство е дел од програмата на ДУИ, но и на Владата. Недоразбирањата се расчистени на средба меѓу Лика и лидерот на ДУИ, Али Ахмети. Вицепремиерот Бујар Османи ја појасни потребата од формирање на ново министерство.

Експертската јавност жестоко реагираше на зголемувањето на бројот на министерства посочувајќи дека државата не е финансиски моќна за да се зголеми владиниот кабинет.

притисни ентер