Фото: Нема да верувате колку чини свршеничкиот прстенот на Џенифер Лопез

Поранешниот играч на бејзбол Алекс Родригез се сврши со својата долгогодишна девојка, светската музичка ѕвезда џенифер Лопез.

Чинот на нивната свршувачка се случи за време на нивниот романтичен  одмор на Бахамите.

Алекс на плажа клекна пред Џенифер со прстен во рацете и ја праша дали сака да му биде жена.

Популарната Џеј Ло не размислувала многу, туку веднаш ја прифатила понудата за брак.

-Џенифер не можеше да престане да гледа во прстенот. Го обожува, таа нон стоп повторува дека чинот на свршувачката  било нешто најдобро досега, истакнал извор близок на познатиот пар.

Медиумите сега шпекулираат за цената на големиот дијамантски прстен кој Алекс и го даде на Џенифер.

Алекс за свршеничкиот прстен издвоил вистинско богатство, дури 5 милиони долари.

Фото: Во езеро крај Њујорк уловена риба со две усти!?

Необична риба уловена на езерото Шамплејн кај Њујорк, од водите извлечена риба со две усти!?

Деби Гибсон заедно со својот сопруг била на риболов на езерото Шамплејн кај Њујорк кога од водите извлекла страшно суштество.

Станува збор за риба со две усти. Деби фотографија од уловената риба со две усти веднаш објавила на социјалните мрежи.

Засега не е јасно дали станува збор за генетска мутација која била предизвикана од загадувањето или пак во прашање е „нормален“ изглед на риба од непознат вид.

-Кога го лапна мамецот мислев дека имам одлично парче риба на јадицата. Се бореше долго, мислев дека е поголема , но кога ја извлеков не можев да им верувам на очите што гледам. Рибата имаше две усти, се други беше потполно нормално. Брзо ја фотографиравме и ја вративме во езерото, изјавила Деби за локалните медиуми.

13 - годишниот Марко Пејчиновски ќе плива ултрамаратон за лицата со ретки болести

Тринаесетгодишниот охриѓанец Марко Пејчиновски на 28 август на празникот Голема Богородица, ќе плива соло маратон на Охридското Езеро во должина од 64 километри.

Тој ќе се обиде да го преплива таканаречениот триаголник Охрид-Св.Наум-Струга-Охрид, а подвигот, како што најави претходно, го посветува на лицата со ретки болести.

– После испливани илјада километри, напорни тренинзи, нервози, препреки, ветришта, бранови, дожд, ладно и топло време, официјално ви кажувам дека на празникот Голема Богородица, ќе пливам од Охрид до Свети Наум, преку Струга назад до Охрид", откри Марко на својот фејсбук-профил.

Тој минатата година направи подвиг за паметење, откако за околу девет часа го преплива Охридското Езеро од Свети Наум до Охрид. Тој е најмладиот пливач кој ја препливал таа делница, со што се најде меѓу легендите на пливачкиот маратон. Успехот на Марко е дотолку поголем оттаму што тој има доживеано инфаркт на коска на долните екстремитети.

Оваа година Марко пред себе постави сериозно голем предизвик со исклучителна хумана цел, да го сврти вниманието на јавноста, а пред се на општествените чинители, кон лицата со ретки болести кои секојдневно водат маратонски битки и се соочуваат со животозагрозувачки препреки.

За престојниот негов подвиг се изработени маички во бела и црна боја што ќе се продаваа по цена од 300 денари, со тоа што целиот приход собран од продажбата е наменет за помош на лицата со ретки болести.

Инаку, за минатогодишниот подвиг Марко ја доби Свети Климентовата повелба – највисоко признание што го доделува Општина Охрид, како и „Златна буба мара на популарноста".

Дневен хороскоп за 23. август 2019 година

Дневен хороскоп за петок , 23. август 2019 година. 

Девица 23.8.-23.9.

Љубов

Некој од вашето мнинато можеби ќе ве изненади и ќе внесе минлив немир . Сепак нема да си дозволите да се вознемирите. Врската ви е успешна.

Кариера

Не ве учеле понекогаш да бидете покорни , па сега ви е тешко кога доаѓаат такви денови. Издржете, ќе помине.

Здравје и совет

Имате право на забава.

Вага 24.9.-23.10

Љубов

Вашата најсакана личност денеска ќе ви јаде од рака. Ќе бара ваша заштита и нежност.

Кариера

Ќе бидете доста сигурни во себе и свесни на своите достигнувања. Со такво сознание ќе работите без никакви проблеми.

Здравје и совет

Внимавајте на провев.

Шкорпија 24.10-22.11.

Љубов

Ќе дојде до мали надмудрувања со саканата личност , но ќе успеете да ги надминете со хумор и интелигенција.

Кариера

Понекогаш ви изгледа како околу вас да има циркус. Сепак , тоа е само надворешна фасада , со која ќе мора да се справувате.

Здравје и совет

Излезете и забавувајте се.

Стрелец 23.11.-21.12.

Љубов

Денеска со саканата личност би можеле да пловите во светот на сништата. Кај пореалните веројатно е одење на кино.

Кариера

Оние кои се на годишен одмор , ќе му се посветат на домот , а оние кои работат ќе настојуваат што побргу да си дојдат дома.

Здравје и совет

Повеќе соработувајте.

Јарец 22.12.-20.1.

Љубов

Личноста со која ќе се сретнете во друштво , би можела навистина да ве изненади со својата ексцентричност.

Кариера

Работите за кои се бара познавање на странски јазици , ќе се актуелизираат. Можеби тоа нема да биде јазикот што го знаете.

Здравје и совет

Внимавајте на инфекции.

Водолија 21.1.-19.2.

Љубов

Од идеја до реализација , а денеска малку ќе скршнете во светот на илузиите. Гледајте ја личноста пред себе онаква каква што е.

Кариера

Ќе се послужите со многу креативна идеја за дфа решите мал деловен проблем.

Здравје и совет

Внимателно разгледајте ги сите опции.

Риби 20.2.- 20.3.

Љубов

Леснотијата со која денеска ќе ги остварувате контактите ќе биде воодушевувачка. Единствено е важно да не зборувате премногу и сенешто.

Кариера

Можното деловно патување ќе биде интересно. Доколку не патувате, можни се бројни деловни контакти.

Здравје и совет

Внимавајте на вирози.

Овен 21.3-20.4.

Љубов

Одличен ден за секаков вид дружење и поврзувања со луѓе. Ќе бидете отворени , слободни и подготвени за сите опции.

Кариера

Можеби некои други сега се центар на настаните на работниото место , но вие продолжете да си ја работите работата во мир и тишина.

Здравје и совет

Добро ќе функционирате.

Бик 21.4- 20.5.

Љубов

Денеска би можеле да доживеете многу пријатнио и неврзано дружење. Некои ќе најдат љубов преку пријателите.

Кариера

Новите работни задачи ќе бараат повеќе креативност и смисол работите да ги поставите на нов начин или делумно да се смените.

Здравје и совет

Радувајте им се на своите успеси.

Близнаци 21.5.-21.6.

Љубов

Ќе има мал отпор околу можна забава, но бргу ќе се договорите. Партнерот ќе ве поддржи.

Кариера

На работа ќе бидете само толку колку да ги одработите ситните задачи што сте ги заборавиле. Потоа ќе си заминете дома.

Здравје и совет

Опуштете се убаво поминете си без оглед на се.

Рак 22.6-22.7.

Љубов

Подготвени сте да ги спуштите критериумите , зашто гледате дека животот е многу поедноставен отколку што сте мислеле на почетокот. Од таму и опуштеноста и среќата.

Кариера

Со задоволство би ,,посоветувале” некои свои соработници , но ако тоа го направите , би можело да дојде до голема кавга.

Здравје и совет

Издржете.

Лав 23.7-22.8.

Љубов

Ќе успеете да ги заборавите старите недоразбирања и својот однос повторно да го издигнете на повисоко ниво. Заедно ќе уживате.

Кариера

Истакнете ги своите резултати за да ги победите оние кои ве критикувале. Достигнувањата се единствен важен аргумент.

Здравје и совет

Потребно ви е повеќе спиење.

притисни ентер