Олимпијакос сака да игра во АБА лигата?

Грчкиот кошаркарски гигант Олимпијакос сака да игра во регионалната АБА лига. Црвено белите од Пиреја веќе контактирале со раководството на регионалното натпреварување.

Грчкиот „ Live Sport" дознава дека раководните луѓе на Олимпијакос веќе контактирале со челниците на АБА лигата и се распрашувале за условоте под кои би можеле да се вклучат во натпреварувањето веќе од следната сезона.

Директорот на АБА, Крешимир Новосел  потврдил дека  претставници на тимот од Атина имале прелиминарни разговори со  АБА.

„Олимпијакос не контактираше за да се информира за деталите поврзани со учество во АБА лигата“, изјавил Новосел.  

Олимпијакос инаку, веќе еден месец е во отворена војна со Панатинаикос поради работите што се случила на полуфиналето од грчкиот Куп, кога црвено белите одбиле да излезат на терен во второто полувреме од мечот против Пао незадоволни од судењето.

притисни ентер