„Спиев во ист кревет со Мајкл Џексон и моите родители знаеја за тоа“

Голема прашина се крена после емитувањето на документарниот филм во продукција на каналот „HBO” „Напуштајки ја Недојдија“ (Leaving Neverland), кој се занимава со наводните случаи на педофилија на пејачот Мајкл Џексон.

После повлекувањето на песните на кралот на поп музиката од поедини радио станици, како и епизодата од „Симпсонови“ во која Џексон го позајмува гласот, се огласи и актерот Меколи Калкин.

Познат по своето пријателство со Џексон, кое започнало кога имал само девет години, како и претходно, повторно застана во одбрана на својот пријател, цврсто негирајќи било каков сексуален контакт меѓу нив двајца.

„Во мојот случај се беше нормално. Тоа беше едно обично пријателство. Лесно е да се рече дека беше “бизарно“, но не е. Луѓето го преиспитуваат моето пријателство со него само затоа што тој беше најпознатиот човек на светот“ – изјави, денеска 38 годишниот Калкин.

Тој инаку за својот однос со пејачот, како сведок на одбраната, зборуваше и во текот на судењето на Мајкл Џексон за сексуално злоставување во 2005 година.

Тогаш 24 годишниот Калкин ги отфрли обвинувањата против Џексон како “тотално смешни“, но призна дека тие двајца спиеле во ист кревет. Калкин тогаш инсистираше дека нивниот однос никогаш не бил од сексуална природа, оти никогаш не му било непријатно, како и тоа дека неговите родители биле запознаени со ова.

„Тие ова никогаш не го гледаа како проблем“ – изјави Калкин пред судот во 2005 година.

Сепак, уште нешто што тогаш го изјави, ги потврди наводите од филмот „Напуштајќи ја Недојдија“. Двајцата соговорници од филмот, Вејд Робсон и Џими Сејфчак, зборуваа за тоа дека ходникот кој водел кон спалната соба на Џексон бил опремен со аларм, пренесува „Њузхаб“.

„Постоеше патека во ходникот, која додека се приближувате до вратите се огласуваше со “динг-донг динг-донг“. И кога некој ќе се приближеше до собата, се слушаше тој пригушен аларм“ – изјави Меколи Калкин пред судот во 2005 година.

GettyImages

Познатиот боксер Мајк Тајсон, кој исто така беше долгогодишен пријател на Мајкл Џексон, и кој редовно го посетуваше во „Недојдија“, изјави дека тој никогаш не би му дозволил на своето осумгодишно дете да помине време со познатиот пејач.

„Мајкл го биеше таков глас. Иамм осумгодишно дете и не би му дозволил на Мајкл да биде со него. Не би му дозволил да оди во куќата на Мајкл. Да се разбереме, јас го сакам Мајкл. Дали ви е јасно што тоа значи?“

Тајсон кој во 1992 година беше осуден за силување, изјави дека е свесен оти вината во неговиот случај има исто значење.

„Некои луѓе ќе речат ’Ти си Мајк Тајсон. Ни ја не би и дозволил на мојата ќерка да биде во твоја близина, бидејќи си лежел робија поради силување’. Го разбирам тоа и го почитувам. Всушност, и ја самиот би постапил така“ – изјавил Тајсон.

Меѓутоа, Тајсон дел од вината во случајот на Џексон ја стави и на сметка на родителите кои на децата им дозволиле да се најдат во „Недојдија“, нагласувајќи дека и “тие мораат за сносат одговорност за сето ова“.

Ужас во Колумбија: Фудбалер е погоден со нож во глава на дерби натпревар (ВИДЕО)

Потресна сцена е видена на едно од најголемите дерби натпревари во Јужна Америка, дербито во Меделин помеѓу Атлетико Национал и Индепендиенте, каде навивач фрли нож врз играч на Атлетико.

Ова дерби се рангира како едно од најголемите во Јужна Америка, но и во светот, а особено е интересно поради историјата и влијанието на наркокартелите, но и најголемиот нарко бос на сите времиња, Пабло Ескобар, кој своевремено управуваше еден од овие два клуба - Атлетико Национал.

Дека во Колумбија не е безбедно ниту на фудбалски терен, можевме да видиме на овој натпревар, каде што беше забележана шокантна сцена.

Во самиот финиш на натпреварот, кој на крајот заврши со резултат 2:2, кога играчот на Атлетико, Пабло Чепелини се подготвуваше да изведе корнер, од трибините кон него полета нож и го удри во глава. Веднаш се наведна со болна гримаса на лицето, а до него беше судијката, која ножот за среќа ја промаши, откако се одби од Чапелини.

Интересно, Чепелини реши веднаш да стане и да го продолжи мечот, како ништо да не се случило, само за натпреварот да дојде до крајот, иако го имаше секое право на светот да остане на земја и да побара од судијата да го прекине натпреварот , што ќе му дадеше на неговиот тим три бода.

Американска сенаторка е уапсена под сомнение дека извршила кражба во куќа (ВИДЕО)

Сенаторката на американската сојузна држава Минесота,  Никол Мичел (49) од градот Вудбери е уапсена под сомнение за кражба, соопшти полицијата на округот Детроит Лејкс.

Диспечерите примиле повик околу 4:45 часот во понеделникот од сопственикот на куќата, кој пријавил „провална кражба во тек“, а полицијата пристигнала на местото и ја уапсила Мичел, пренесува ABC News.

Не е познато дали Мичел имала задржано адвокат, а таа е уапсена додека Сенатот е на одмор до вторник поради празникот Пасха.

Според ABC News, нејзиното апсење дојде во незгодно време за демократите во Сенатот, кои имаат предност од еден сенатор во однос на републиканците, така што нејзиното отсуство може да биде проблем во донесувањето на законите доколку недостига поддршка од двете партии.

Пред да биде избрана за сенатор во 2022 година, Мичел работела како метеоролог за Армијата на САД, како и за ТВ КСТП и Јавното радио на Минесота.

Таа сè уште има чин потполковник во Воздухопловната национална гарда и е командант на метеоролошката единица.

Маќеата на Мичел живее на истиот блок куќи во Детроит Лејкс, каде што била уапсена сенаторката, според ABC News.

Агелер: Ништо нема да се постигне со негласање

Амбасадорката на Соединетите Американски Држави во Македонија Анџела Агелер на официјалниот фејсбук профил на Амбасадата упати порака до граѓаните да излезат на гласање и да гласаат за кандидат кој ги одразува нивните очекувања за иднината.

-Граѓаните и гласачите на оваа земја треба да поставуваат тешки прашања на кандидатите, а потоа тие гласачи... мора да гласаат. Тие мора да излезат таму и да го изберат кандидатот што ги одразува нивните соништа за иднината, и ништо нема да се постигне со негласање, стои во пораката на aмбасадорката Агелер.

Во земјава утре ќе се одржи првиот круг од Претседателските избори, на кои во трката за Вила Водно се седум кандидати. Вториот круг заедно со Парламентарните избори ќе се одржи на 8 мај.

притисни ентер