Бугати за својот 110 роденден произведе електричен автомобил за деца

Бугати го прославува 110 роденден така што произведе интересен електричен автомобил Тип 35 , наменет за деца.

Бугати Тип 35 е славен тркачки автомобил, кој сега доби име Бугати Бејби II .  Автомобилот има електричен погон , мод за возење за деца и возрасни , а чини 30 000 евра. Бугати Бејби е изложен на салонот за автомобили во Женева.

Големината на овој автомобил изнесува точно како три четвртини од оригиналот. Во внатрешноста има мотор , што го напојуваат литиум – јонски батерии .

Автомобилот може да се вози во две варијанти – за деца со максимална брзина до 20 км/час и за возрасни со брзина ограничена на 45км/час.

Бугати ќе почне со производство на овие автомобили на есен , а ќе бидат произведени само 500 примероци.

Германци си го заборавиле новороденото бебе во такси

Родители си го заборавиле во такси штотуку роденото бебе, откако од болница стигнале во својот дом.

Како што соопшти полицијата од Хамбург , родителите забележале дека го заборавиле бебето дури кога стигнале дома. Кога увиделе што направиле , таткото потрчал по таксито , но таксистот не го забележал.

Со повици до такси компанијата не можеле да го лоцираат возилото. Возачот не бил свесен дека го вози бебето , па го паркирал автомобилот и заминал на пауза за ручек.

Потоа возел уште неколку километри за да превезе нов клиент , кој кога се качил во возилото , го забележал заспаното бебе. Потоа таксистот се јавил во полиција , од каде го споиле со испаничените родители ,за да си го земат заборавеното новороденче.

Како се крши скап Мерцедес на излез од автоперална? (ВИДЕО)

Секој не може да вози голем и скап автомобил , а тоа го докажа една жена зад воланот на скап Мерцедес.

На социјалните мрежи се појави снимка , која е тешко да се гледа. Една Американка при излегувањето од автопералната требало да сверти налево кон излезот.

Таа не само што не ја забележала големата стрелка , што ја упатувала каде да сврти , туку не го виде ниту бетонскиот ѕид пред неа. Кога излезе од автомобилот и виде што направила, се фати за глава.

Водителот на Евросонг во страстна прегратка со својот сопруг (ФОТО)

Зад сцената на Евросонг во Тел Авив водителот Аси Азар беше снимен како се бакнува со својот партнер Алберт Ескола.

Двајцата се во брак од 2016. и не ја кријат својата љубов,па Алберт на Инстаграм ја објави фотографијата од страстниот бакнеж зад сцената.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

Always here, to support you! 😘 You nailed babe 👌🏻 pic by @shovalxxx

A post shared by Albert Escola Benet 😘 (@albertescola) on

,,Секогаш сум тука за да те поддржа. Растури , миличок.”,  напиша Алберт.

Аси , инаку е еден од јавните личности во Израел кој отворено призна дека е хомосексуалец , а неодамна објави и дека својот хонорар од водењето на Евросонг ќе го донира во организацијата Israeli Gay Youth.

притисни ентер