Манекенка добива закани по живот поради споените веѓи (ВИДЕО+ФОТО)

Девојката која поради изразените и споени веѓи стана сензација на Инстаграм , откри во телевизиска емисија дека добива закани по живот.

Софија Хаџипантели решила дека нема да ги скубе веѓите и од тогаш ги носи споени , по што наликува на познатата сликарка Фрида Кало. Благодарејќи на атрактивниот изглед , манекенката има речиси 300 000 фанови на Инстаграм. Но , тоа и прави и проблем.

,,Добивам многу смртни закани, неверојатно , но вистинито. Не ми е смешно. Инаку , има многу негативни реакции . Нема да ве лажам дека сите позитивно реагираат зашто тоа не е вистина. Повеќето се негативни. Одвратно е , но постојат луѓе кои некој ги убедил дека е неприфатливо да се изгледа како мене , а тоа толку ги разбеснува што се закануваат дека ќе ме убијат.” , рече манекенката во утринската програма на британската ББЦ , што ги шопкира двете водителки , како и популарниот водител Пирс Морган.

На крајот на емисијата сите тројца водители си нацртаа споени веѓи , на што добија огромен број позитивни коментари.

Софија инаку е манекенка од Кипар , а сега живее во САД. Работи како модел , дизајнира очила за сонце и е активистка која се залага за прифаќање на убавината во сите нејзини форми.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

🧠 @zacapostolou

A post shared by Sophia Hadjipanteli ☠️🧿 (@sophiahadjipanteli) on

Сакал да помине под поплавен подвозник , па морал да ползи низ прозорецот (ВИДЕО)

Возачот на „Шевролет“, кој сметал дека може да помине под поплавен подвозник, се заглави и мораше да биде спасуван од полицијата.

Снимката за неговиот неславен чин, што се случи на 6 февруари во Јужна Каролина, се појави пред една недела на Вирал Хог, каде што предизвика бројни реакции. На видеото, снимено од возач кој не се осмелил ниту да се обиде да помине, може да се види црвен Шевролет кој вози до половина пат, а потоа веќе не може да мрдне.

Возачот тогаш, полека исползил низ прозорецот, додека камионот продолжил да тоне.

"Што би бил светот без будали?" е само една од реакциите под видеото.

Новиот партнер ја претепа поранешната вереница на боксерот Кличко

Брајан Хикерсон, сегашниот партнер  на американската актерка Хајден Панетиер, најпознат по улогата во ТВ серијата „Херои“, е уапсен на 14 февруари за семејно насилство.

Полицијата била повикана на адреса во Џексон, Вајоминг откако пијаниот Брајан Хејден ја удрил актерката со  затворена тупаница во лице.

Актерката го избркала надвор од куќата и ја заклучила вратата, а полицајците го нашла како талка по дворот.

Двојката, наводно, се расправала во спалната соба, а потоа проблематичниот агент за недвижнини ја нападнал актерката - се вели во полицискиот извештај дека лицето на Хајден било црвено и отечено кога пристигнале за интервенција, а тој имал гребнатини и отоци на левата рака , објавија таблоидите.

„Не сакам да бидам обвинет за некои с**ња“, викна пијаниот Брајан, на кого ова не е прв агресивен испад.

Тој бил уапсен минатиот мај за напад на актерката во Лос Анџелес, но случајот никогаш не доби судски епилог, бидејќи Панетиер одби да сведочи против насилниот партнер.

Хајден и Брајан се во врска околу година и пол. Актерката претходно беше во врска со боксерот Владимир Кличко (43), со кого ја има петгодишната ќерка, Кеј.

Халид Бешлиќ се расплака среде промоција , кога ги спомена покојните колеги (ВИДЕО)

Босанскиот пејач Халид Бешлиќ, плачеше на промоцијата на неговиот нов албум Требевиќ.

Пејачот се присети на неговите покојни пријатели Даворин Поповиќ и Мирза Делибашиќ, па не можеше да ги задржи солзите.

„Секоја чест на другите, но најмногу ми недостасуваат овие два лика“, рече Халид, бришејќи ги солзите.

Промоцијата на албумот „Требевиќ“ се случи на последната станица на жичарницата во Сараево, односно на истоимената планина со албумот. Бешлиќ пристигна со жичарница на промоцијата, а голем број пријатели, соработници, колеги и членови на семејството му се придружија на прославата .

„Не можев да замислам подобар и поубавден. Ова е одлична промоција! Прв пат ми е да се возам на жичарницата по 30, 40 години“, рече Халид.

Заедно со албумот, Халид Бешиќ премиерно го претстави и новиот спот за песната Требевиќ.

притисни ентер