Се ближи крајот – претставен последниот дизел модел на Фолксваген

Фолксваген пред неколку дена го претстави новиот Туарег во V8 дизелска изведба , последен модел на ваков погон .

Станува збор за мотор со сила од 421 Кс и 900 Нм . Големиот СУВ за само 4,9 секунди забрззува од 0-100км/час со потрошувачка помала од 10 литри.

Маркетинг директорот на Фолксваген Јирген Стакман на саемот во Женева изјави дека многу веројатно тоа е последниот автомобил со V8 дизел мотор. Тој објаснува и зошто е лансиран овој модел.

,, Сретнав многу сопственици на Туарег V10 TDI , кој никогаш нема да го продадат. Иста е идејата и со V8. Тоа е за клиентите што сакаат нешто добро , а токму тоа и ќе го добијат.”, вели Стакман.

Книгата за нарачки на овој Туарег се отвора во мај , а цената се уште не е позната.

Северина на масажа (ФОТО)

Северина Којиќ се одмора од напорната сезона и приватните проблеми со масажа.

Хрватската пејачка Северина објави жешки фотографии пред заминувањето на масажа , каде таа е облечена во костум со леопард принт .

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

Victoria’s secret who? 😈 #sunkissed #summer #severina #volimstosevolimo #ljubavseljubavljuvraca

A post shared by Severina Kojic (@severina) on

Фотографијата меѓу фановите предизвика стотици пофалби и реакции на беспрекорната линија на 47 годишната пејачка.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

Summer time🐠💦 #volimstosevolimo #ljubavseljubavljuvraca #severina

A post shared by Severina Kojic (@severina) on

На нејзиниот Инстаграм Севе редовно ова лето објавува фотографии со најновите модни трендови за на плажа.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

Pazi kaktusssss🌵#volimstosevolimo #ljubavseljubavljuvraca #severina

A post shared by Severina Kojic (@severina) on

Нема промена на врвот : Скарлет Јохансон и годинава е најплатена актерка

На листата на Форбс за најплатени актерки втора година по ред е убавата блондинка , Скарлет Јохансон.

34- годишната актерка , најпозната по улогата во филмот со најголема заработувачка во историјата ,,Одмназници-Завршница” , заработила 56 милиони долари од јули 2018 до јули годинава.

Ѕвездата на серијата ,,Современо семејство” ; Софија Вергара е на второ место со заработени 44,1 милиони долари , додека Рис Витерспун , продуцентка и актерка во серијата ,,Големи,мали лаги” e трета со заработувачка од 35 милиони.

Елизабет Мос , која глуми во серијата ,,Приказната на слугинката” и австралиската актерка Маргот Роби за прв пат се најдоа на оваа листа , при што првата заработила 24 , а втората 23,5 милиони долари.

Никол Кидман , Џенифер Анистон , Кејли Кјуко, Шарлиз Терон и Елен Помпео се меѓу десетте најплатени актерки бна листата на Форбс за годинава.

Руското летало со хуманоиден робот не успеа да слета на Меѓународната вселенска станица (ВИДЕО)

Руското летало ,,Сојуз” со хуманоиден робот не успеа да слета на Меѓународната вселенска станица .

Роботот Федор требаше да помине две недели за да се приклучи кон екипажот и да ги тестира своите способности. Сојуз требаше да слета на ИСС во 7.30 часот , но не успеа поради проблеми во системот за автоматско слетување, соопштува руската агенција Интерфакс , повикувајќи се на телевизијата на НАСА.

Леталото во моментов е оддалечено 96 метри од станицата , а новиот обид за слетување се планира за понеделник наутро.

Роботот федор е со големина на човек , висок 180 см. и тежок 160 кг. и може да имитира човечки движења.

притисни ентер