Најмалку седум ученици загинаа во уривање на училишна зграда (ФОТО)

Голем број луѓе се заробени во урнатината на училишната зграда , а до сега се извлечени телата на седуммина ученици во нигерискиот град Лагос.

Голем број од децата и возрасни се заглавени под урнатините , а во тек е акција за нивно спасување.

Трикатната зграда , на чиј врв било сместено приватно училиште се урнала околу 10 часот по локално време.

Ова не е прва слична несреќа во Нигерија. Во 2016 загинаа над 100 луѓе кога се урна црква. Истата година во Лагос се урна петкатница во градба и тогаш загинаа најмалку 30 лица.

ВМРО-ДПМНЕ: Заев да се слика со двојазичните табли во Прилеп

Зоран Заев е толку загазен во криминал, расипништво и неработење што не знае дека денеска не бил во Полошкиот туку беше во Пелагонискиот регион, реагира Петар Ристоски, претседател на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Прилеп.

Денеска во Прилеп дојде шефот на рекетарската банда, Зоран Заев, кој заедно со неговите извршители на локално ниво промовираа 4 автобуси, секој вреден по неверојатни 250.000 евра народни пари, набавка чија позадина и начин на спроведување допрва ќе се проверува.

Денеска во Прилеп е човекот кој е најодговорен за уништувањето на градот, човекот кој токму од тука се посмеваше со целата јавност дека немало да го промени државното име и човекот кој од Прилеп ја најави двојазичноста во целата држава.

Кога веќе е тука Зоран Заев, покрај промоцијата на автобусите на метан што со гориво ќе се снабдуваат дури од Битола, како љубител на правење селфи, го повикуваме да се фотографира со новата двојазична табла наместена на Фондот за здравство, како и со таблата на споменикот на Александар Македонски, каде благодарение на предавствата од владата што тој ја предводи стои натпис дека Александар еличност од хеленската историја.

СДСМ: Обидите на ВМРО-ДПМНЕ преку дезинформации да ги спасат криминалците и тајкуните нема да успеат

Ништо не се менува во ВМРО-ДПМНЕ, партијата симбол на криминалот и коруптивното владеење, се наведува во реакцијата на СДСМ на прес конференцијата на Димче Арсовски од ВМРО-ДПМНЕ . 

Во белиот дворец продолжуваат со ширење на лажни вести и невистини, повикувајќи се на дезинформации објавени во медиуми, што говори за степенот на очај во опозициската партија. Станува јасно дека како што се развива истрагата за случајот Рекет, така паниката во ВМРО-ДПМНЕ е се поголема. 

Надлежните институции да расчистат како исказот на еден од осомничените стигнал до медиумите, а Јавното обвинителство за гонење организиран криминал и корупција да се изјасни за веродостојноста на објавениот исказ. 

Објавувањето на вакви доверливи документи со цел да се поткопа истрагата е кривично дело. Истовремено, доколку се докаже дека одредени медиуми манипулирале со содржината на документот, мора да следува одговорност согласно правните норми. 

Тајкуните создадени од режимот на Никола Груевски, впрегнати со Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ, прават се за да ја срушат правната држава, да не се донесе законот за ЈО,  да се загрози евро-интеграцијата на земјата и да се спасат од одговорност.

Но, јалови се обидите на ВМРО-ДПМНЕ преку дезинформации да ја наруши постапката и да ги заштити криминалците и своите тајкуни, ќе одговараат сите за кои низ судска потапка ќе се докаже вмешаност во овој случај. 

Уште еднаш, ги повикуваме надлежните институции да ја забрзаат истрагата, да се лоцираат нарачателите, извршителите и помагачите и сите, од прв до последен, да одговараат за своите постапки. 

Правда и одговорност, ќе има, реагираат од СДСМ.

Заев: Се надевам дека патот Градско-Прилеп ќе продолжи да се гради

Владата го раскинала договорот со фирмата која го градеше патот Градско – Прилеп.

Премиерот Заев најави дека се во постапка за изнаоѓање нов изведувач, а се надева дека набрзо ќе продолжи изградбата на овој важен патен правец..

притисни ентер