Kако да се заштитат децата од МРСА?

Нема потврда за нови инфицирани со бактеријата МРСА, соопштија од Инстиутот за јавно здравје и ДСЗИ, откако вчера беа потврдени 4 случаи со МРСА во скопски Чаир и Бутел во училиште и во градинка.

 Од Институот за јавно здравје велат дека оваа бактерија е опасна само за новороденчиња и луѓе со слаб имунититет. Сепак за да се потврди МРСА потребен е брис каде резултатот ќе покаже на кој антибиотик е ранлива бактеријата. 

Бактеријата се пренесува преку контакт, доколку хигиената е на пониско ниво и нередовно миење раце. За спречување потребно е изолирање на инфицираниот и високо ниво на хигиена.

МРСА-та е клиничка бактерија, но во последно време се почесто ја има и надвор од болниците. Епидемилозите велат дека нерпавилната хигиена во болнците, но и по излегувањето од болниците со неправилна хигиена МРСА-та може секаде да се вдоми.

Си играл со подземната железница- Њујорчанец 40 пати ги активирал кочниците (ВИДЕО)

Њујоршката полиција е во потрага по маж , кој дури 40 пати ги активирал кочниците за итни случаи во подземната железница.

Полицијата вчера ги објави фотографиите и видеото со мажот , кој неколку пати се возел на надворешниот дел од возот и без потреба ја повлекувал рачката за кочење на возот , што се користи само при вонредни ситуации.

Истиот човек од февруари наваму се забавува на таков начин и предизвикува тревога кај власттие и вознемниреност меѓу патниците.

Од полицијата велат дека ваквите ,,шеги” се зачестиле во април и во мај и апелираат до граѓаните на Њујорк да им помогнат во потрагата по мажот.

Новиот Терминатор со старите ѕвезди – се појави трејлерот (ВИДЕО)

Сара Конор се врати во најновото продолжение на Терминатор , заедно со нејзиниот партнер Арнолд Шварценегер.

По цели 35 години од првиот Терминатор , Сара Конор се појави во најновото продолжение , а денеска се појави и трејлерот за "Terminator: Dark Fate" .

Освен добро познатите ликови како Сара Конор , Арнолд Шварценегер и роботот Т-800 , новото продолжение ќе ги донесе и  новите ликови како Мекензи Дејвис која ја игра улогата на хибрид меѓу термионатор и човек. За прв пат ќе се појави и Габриел Луна , кој ја игра улогата на нов робот - убиец.

Во овој филм повторно се враќа Џејмс Камерон, кој ќе биде продуцент , ќе го режира Тим Милер. Иако ова е шесто продолжение на Терминатор , дејствието ќе биде продолжение на вториот дел.

Премиерата на филмот е најавена за ноември годинава.

Рено Аркана - автомобил само за Русите (ВИДЕО)

Рено произведе нов модел на автомобил исклучиво за рускиот пазар , кој се вика Аркана.

Станува збор за СУВ , што ќе треба на рускиот пазар да им конкурира на BMW X4 или на Mercedes GLC Coupe .

За овој автомобил Русите ќе треба да платат најмналку 19 800 евра , доколку е само со преден погон , односно 20 900 евра за возило со погон на сите четири тркала.

Моделот има најнова безбедносна опрема и систем на асистенција . Го движи 1.3 TCE мотор со 150 Кс и CVT X-Tronic  менувач.

притисни ентер