Златни плакети за карикатуристот Дору Аксинте и за афористичарот Миле Ѓоргиоски

Карикатуристот Дору Аксинте од Романија и афористичарот Миле Ѓоргиоски од Северна Македонија се добитници на златните плакети на Дваесеттиот Меѓународен фестивал за афоризам и карикатура „Струмица 2019".

Наградите се врачени синоќа, кога беше отворена и изложбата од годинашните карикатури и афоризми инспирирани од еротиката и карневалот.

На конкурсот пристигнале карикатури од сите континенти и 47 комплети со афоризми од балканските земји.

Жири комисијата сребрената плакета во категоријата карикатура, му ја додели на Бранко Зупанич од Словенија, а бронзената на Блаже Докуле од Северна Македонија.

Организациониот одбор на Струмичкиот карневал,пак, специјалната награда за најдобра карикатура му ја додели на Миро Георгиевски од Северна Македонија.

Во категоријата афоризам сребрената плакета ја доби Јово Николиќ од Република Српска, БиХ, а бронзената авторот Атанас Крлевски од Северна Македонија. /МИА

Од Словенија протерани тројца мажи поради врски со радикалниот исламизам

Тројца мажи по потекло од Босна и Херцеговина, биле протерани од Словенија, поради врски со радикалниот исламизам.

Тие се вратиле во матичната земја, а полицијата од БиХ размислува какви мерки ќе презеде кон нив, пренесе „Хина“.

Се работи за тројца браќа кои живееле и работеле како возачи во Словенија, а биле протерани со објаснување дека претставуваат закана за безбедноста на државата.

Почна акцијата „Општина без смет за поубав свет" во Крива Паланка

Неколку стотици граѓани од различни возрасни групи учествуваа на денешната голема акција за собирање смет „Општина без смет за поубав свет" во Крива Паланка.

Неколку стотици граѓани од различни возрасни групи, од ученици и спортисти, преку извидници и волонтери на Црвениот крст, наставници и професори, административни работници до планинари и пензионери учествуваа на денешната голема акција за собирање смет „Општина без смет за поубав свет" во Крива Паланка.

Акцијата ја организира локалната самоуправа во соработка со граѓански организации и јавното претпријатие „Комуналец".

Градоначалникот Борјанчо Мицевски изрази задоволство од одѕивот на граѓаните и најави дека акцијата ќе се реализира слендите два месеца.

Се чистеше спортскиот терен, јавните површини, дворовите на колективни станбени згради и уредениот и неуреден дел од Домачки дол. Граѓаните ги чистеа и своите дворови и подруми, депонирајќи го непотребниот шут и опасниот електронски и електричен отпад. /МИА

Спречен обид за напад врз фински министер

Финската полиција соопшти дека нејзини припадници спречиле обид за напад на еден „опасен и агресивен маж”  врз министер во Владата на Финска за време на еден предизборен собир.

Агенцијата „Ројтерс“ пренесува дека полицијата не објавила за кој министер станува збор, а фотографот на локалната агенција „Лехтикува“ изјавил дека бил нападнат министерот за надворешни работи, Тимо Соини.

„На основа на првите информации, агресивен и опасен маж се обиде да му пријде на министерот на изборниот собир на локалниот маркет во Корса во Ванта“ – соопштила полицијата.

Полицијата го привела мажот и тој моментално е на распит за да ги објасни причините за нападот на министерот.

На фотографијата која ја објави агенцијата „Лехтикува“ може да се види маж во црна кошула, на која се наоѓа логото „Војници на Один“.

„Војниците на ДОин“ е организација позната по десничарските и антимиграциските ставови.

Портпаролот на Соини одбил да даде коментар, а ниту полицијата не навела дали напаѓачот бил наоружан.

  

притисни ентер