Повеќе од 20 000 луѓе уплатиле депозит за купување на Порше Тајкан

Повеќе од 20 000 луѓе уплатиле депозит од 2500 евра за првиот електричен автомобил Порше Тајкан.

Базиран според концептот „ Mission E, Tајкан својата светска премиера ќе ја има во септември, но веќе се преземени мерки производството кое се уште не започнало да се засили , за да се задоволат потребите на побарувачката.

Поршето Тајкан ќе го двиожат два електро мотори кои заедно развиваат 600 КС, а сето ова ќе се црпи енергија од батерија која овозможува автономија од околу 500 километри.

Порше тврди дека ќе бидат потребни само 4 минути полнење за преминување на 100 километри. Тајкан од место до 100 километри ќе забрзува за помалку од 3,5 секунди.

Германскиот гигант го опишува овој автомобил како елегантен - Crossover-utillity vehicle кој ќе биде долг 4,94 метри со 600 коњаки сили и автономија од 500 км.

Прототипот е веќе тестиран во Калифорнија .

притисни ентер