Утре средба Заев - Мицкоски

Премиерот Зоран Заев не ги коментира барањата на претседателот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицковски. Official facebook: https://www.facebook.com/Kanal5Televizija/ Web: http://kanal5.mk/ Copyright: OnAir Media Group

Маж лажел дека има корона и дека ќе се убие,за да избега со љубовницата

Оженет маж на 28 години од Индија неодамна стана славен откако се открило дека го излажал своето семејство дека има коронавирус, како изговор за да избега со својата љубовница.

На 24 јули, Маниш Мишра од Нави Мумбаи и се јавил на сопругата и и рекол дека е позитивен на ковид-19 и дека повеќе не сака да живее. Потоа го исклучил телефонот, предизвикувајќи паника во неговото семејство. Откако го добила бизарниот повик, неговата сопруга го повикала својот брат на помош, а тој ја советувал да го пријави во полиција како исчезнато лице.

Истрагата што следела открила дека 28-годишниот супервизор всушност ја искористил болеста како изговор да го напушти семејството и да побегне со својата љубовница, пренесува Одити Централ.

„Тестот за коронавирус ми беше позитивен, не можам повеќе да живеам“, и рече Маниш кој плачел на телефон додека разговарал со својата сопруга, но полицијата ги проверила сите лаборатории во близина на местото каде што бил виден, па се покажа дека никој не се вика Маниш Мишра меѓу тестираните.

Потоа контактирале со неговиот работодавач, логистичка компанија и дознале дека неодамна бил отпуштен поради учество во обид за измама. Конечно, откако разговарале со некои од неговите пријатели, откриле дека тој има афера.

„Врз основа на последната локација на неговиот мобилен телефон во Аироли, ги прегледавме сите снимки од надзорните камери од областа и го најдовме како влегува во автомобил“, рече Санџив Думал, висок полициски инспектор во Ваши. "Го следевме сè до Ратнагири. Во меѓувреме, постојано ги испрашувавме неговите пријатели и семејството. Откривме дека има вонбрачна врска".

Полицијата додаде дека откриле дека бил отпуштен поради финансиска измама. Покрај тоа, тој имал афера неколку години и сакал да се ослободи од сопругата и ќерката. „Затоа ги испланирал својата болест и самоубиството“, додаде Думал.

Полицијата конечно го пронашла Мишра во градот Индоре, каде што тој наводно живеел со неговата љубовница, надевајќи се дека семејството го смета за мртов. Но, пред околу 10 дена тој бил вратен назад во Нави Мумбаи, каде што е повторно заедно со неговото семејство.

Во Словенија рекорден број новозаразени од почетокот на пандемијата

Во Словенија, потврдени се 192 ново заразени со коронавирус во последните 24 часа од направен 3645 тестови и нема нови смртни случаи, објави денеска словенечката влада.

Ова е најголем број на нови дневни инфекции од почетокот на епидемијата, во вториот епидемиски бран во кој што бројот на нови инфекции е околу сто или помалку на ден во последните две недели. Досега, најголемиот број новозаразени бил минатиот четврток, кога се потврдени 137 случаи на инфекција.

Бројот на потврдени инфекции од почетокот на епидемијата во Словенија се зголеми на 5007, 1509 случаи се моментално активни, а има 59 пациенти во болниците, од кои 15 се на единици за интензивна нега, објави Министерството за здравство.

Досега, 145 лица починале како резултат на ковид-19.

Една четвртина од новите пациенти во последните 24 часа се од областа во и околу Љубљана. Инциденцата на коронавирус во Словенија (бројот на нови инфекции на 100.000 жители во последните 14 дена) е околу 70, пренесуваат медиумите.

Повеќето од новозаразените се на возраст од 45 до 54 години, а главниот извор на ширење на вирусот се неконтролираните собири како што се роденденски забави и забави во приватни простории и барови.

Сепак, бројот на заразени лица меѓу здравствените работници и вработените и жителите на домовите за стари лица исто така се зголемува, изјави за словенечката телевизија Нушка Чакш Јагер од Националниот институт за јавно здравје (НИЈЗ).

,,Ова е многу големо зголемување на нови инфекции, иако со голем пораст на бројот на испитани, изјави за медиумите, коментирајќи ја моменталната епидемиолошка состојба, Бојана Беовиќ, инфектолог, која го води владиниот стручен тим за ковид-19.

Според неа, околу една четвртина од новоинфицираните лица доаѓаат од карантин, односно изолација, што укажува на тоа дека постои голема можност инфекцијата да се прошири бидејќи другите новоинфицирани лица и нивните контакти не биле откриени навреме.

,,Сè уште имаме многу инфекции од непознат извор, што може да значи дека вирусот се шири неконтролирано, и тоа е многу загрижувачки, рече Беовиќ.

Поради зголемувањето на бројот на нови инфекции во соседните земји, Словенија следната недела ќе го ревидира својот список на „црвени“, епидемиолошки небезбедни дестинации, бидејќи состојбата со коронавирусот се влоши и во Унгарија и Австрија.

Ким Џонг-ун се извини за убиството на јужнокорејскиот службеник на границата

Севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун направи ретко лично извинување поради убиството на јужнокорејски службеник, пренесува Би-Би-Си.

Ким, наводно, му рекол на својот јужнокорејски колега Мун Јае-ин дека инцидентот не смеел да се случи.

Тој, наводно, бил застрелан во рамките на антикоронавирусните мерки, изјави советникот за национална безбедност на јужнокорејскиот премиер.

Имено, јужнокорејските власти известуваат дека наводно 47-годишникот се обидел да побегне на север.

Го пронашла армијата во севернокорејските води, по што бил застрелан, а неговото тело било запалено, известуваат јужнокорејските власти.

Извинувањето дојде во форма на писмо до претседателот Мун, а Ким рече дека му е „многу жал што ги разочарал г-дин Мун и народот на Јужна Кореја“.

Северна Кореја исто така им ги достави на Јужна Кореја резултатите од истрагата за инцидентот. Во него се наведува дека биле истрелани повеќе од 10 истрели кон човек кој влегол во водите на Северна Кореја, одбил да го открие неговиот идентитет, а потоа се обидел да избега.

Меѓутоа, во писмото се наведува дека тие му ја запалиле спасувачката јакна, а не телото.

„Војниците не беа во можност да го лоцираат неидентификуваниот сторител за време на потерата, откако испукаа истрели и го запалија елекот поради Националните мерки за спречување на итни болести“, рече советникот за национална безбедност на Мун, Сух Хун, повикувајќи се на писмото.

притисни ентер