Изречени пресудите за случајот „Титаник 2“

Четири и пол години затвор за екс членот на ДИК, Бедредин Ибраими, три години и два месеца за лидерот на ДПА, Мендух Тачи, три години за екс шефот на УБК, Сашо Мијалков, пресуди попладнево кривичниот суд за случајот „Титаник 2“. Official facebook: https://www.facebook.com/Kanal5Televizija/ Web: http://kanal5.mk/ Copyright: OnAir Media Group

„Само Интервју” утре со Зоран Заев

Утре во „Само Интервју“ гостува Зоран Заев.

Дами и господа, определени и неопредеени, утре е последен ден од изборната кампања, се одлучивте ли кому ќе му дадете подршката на 15-ти Јули, или предизборниот молк ќе ги „крши“ вашите одлуки?

Утре гледајте го последното обраќање на нацијата на кандидатот за Премиер и претседател на СДСМ Зоран Заев во Само Интервју.

Им даде ли Заев „беса“ само на Беса или и на Ахмети, дали навистина му се „тресат“ нозете кога се спомнува Албанец премиер?

Заев го одржа ДУИ на политичката сцена или Ахмети го направи Заев премиер, кој случајно, а кој намерно се збуни?

Кој го „пушти“, а кој ќе го „враќа“ Груевски од Будимпешта?

Кој ќе победи, а кој ќе формира Влада, утре на телевизиското „Вембли“ погледнете го мега изданието на Само Интервју со Гоце Михајлоски и Зоран Заев, екскузивно на Канал 5 Телевизија.

ДС го одржа 6 конгрес- на претседателската функција реизбран Павле Трајанов

Конгресот се одржа во духот на одбележувањето 20 години од формирањето на Демократскиот сојуз, за што зборуваше претседателот Павле Трајанов.

Со учество на 350 делегати и гости денес пред „Хотелот Белви" во Скопје, Демократскиот сојуз го одржа Шестиот конгрес, на кој ги презентираше своите програмски приоритети под мотото „За Европска Македонија" и учеството на претстојните парламентарни избори.

Конгресот се одржа во духот на одбележувањето 20 години од формирањето на Демократскиот сојуз, за што зборуваше претседателот Павле Трајанов.

- Демократскиот сојуз повеќе од дваесет години опстојува на политичката сцена, препознатлив е по своите принципиелни ставови, објективност и искреност. Ние ниту едно значајно прашање не премолчуваме, за се имаме свој став и тој им го соопштуваме на граѓаните, рече Трајанов.

Во своето обраќање Трајанов истакна дека приемот во НАТО е од огромна важност за стабилноста на државата, владеењето на правото и економскиот развој, а одлуката на ЕУ за започнување на пристапните преговори ќе ги забрза демократските процеси и севкупниот развој на Македонија. Промената на името на Република Македонија е најтешката и најризичната одлука за која следните генерации од историска дистанца ќе можат да дадат објективен суд дали ја зајакнале независноста и отвориле перспективи на Македонија.

- На сите ни е јасно дека без договорите со Грција и Бугарија далеку ќе бевме и од НАТО и од ЕУ, и затоа сум против ретроградните идеи со кои се најавува ревизија на договорите, судење за велепредавство и сл. Тоа е манипулација со чувствата на граѓаните, истакна Трајанов.

Врвен приоритет во дејствувањето на ДС ќе бидат младите, со реални системски решенија и конкретни проекти. Ќе се формира посебен фонд со кој младите ќе управуваат за отворање нови бизниси и ќе можат да ги реализираат своите идеи.

Демократскиот сојуз во парламентот ќе предложи нов Закон за борба против организираниот криминал, со конфискација на криминално стекнатиот имот и забрана за политичко дјествување. Трајанов најави и уставни промени за прецизно дефинирање на одговорноста на судиите и обвинителите, но и други системски промени околу можноста за распуштање на парламентот, импичмент на претседателот на државата, преиспитување на Бандетеровото мнозинство и други решенија со кои ќе се јакне граѓанскиот концепт на државата.

Натамошната соработка со другите партии, според Трајанов, ќе зависи дали ќе останат на предизборниот договор, после изборите, во рок од три месеци да се прифатат предлозите на Демократскиот сојуз, Македонија да биде една изборна единица, за да се создадат еднакви услови и шанси за сите партии, и да се сруши монополот на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, кои 30 години се менуваат на власт, но државата стагнира.

На конгресот свое обраќање имаше и Зоран Димитровски, генерален секретар на ДС, кој ги презентираше програмските приоритети на партијата во наредниот четиригодишен мандат. Според Димитровски, со предлозите на ДС за уставни и системски промени ќе почне да се враќа правдата и довербата во системот. Тој зборуваше и за потребните реформи во здравството и образованието и медиумската област.

- Предлагаме обврска дипломираните лекари да останат да работат најмалку 10 години во Македонија, но државата да им понуди плата од 2000-3000 евра, а парите ќе ги обезбедиме откако ќе ги скратиме бројот на министрите, агенциите и владините советници.

Програмата на ДС предвидува воведување предмети медиумска писменост и критичко размислување во основните и средните училишта, како и зајакнување на слободните и критички медиуми преку создавање посебен Фонд за проверка на фактите и истражувачко новинарство од 1,5 милиони евра годишно.

Потпретседателот на Демократскиот сојуз Зоран Петров зборуваше за 20 годишниот јубилеј на партијата, при што истакна:

- Несоборлив факт е дека обемот и квалитетот на новите идеи, планови и предлози е граничникот кој ги раздвојува големите од малите партии, а не бројот на членството, бројот на општински организации, бројот на партиски возила, бројот на вработени во големиот број партиски подружници и слично. Демократскиот сојуз посветено се придржуваше до ова начело во изминатите 20 години, поставувајќи пред себе високи критериуми и стандарди во политичкиот натпревар. Демократскиот сојуз го стави својот потпис врз цела серија проекти, што е во функција на неговиот имиџ на сериозна, динамична и современа политичка партија, рече Петров.

Свое обраќање на конгресот имаше и потпретседателката на Демократскиот сојуз, Весна Стоименовска Атанасов, која зборуваше за неправилностите во системот поради кои изминатите години се воочени многу неправди како резултат на политичкото самоволие.

- Програмски приоритет на Демократскиот сојуз е воспоставување на систем на одговорно и чесно владеење, што е пак многу тесно поврзано со постоење на правна држава, ефикасни и непристрасни институции и неселективна борба против организираниот криминал и корупцијата.

Од Конгресот, Демократскиот сојуз упати повик до сите граѓани да излезат масовно и да ги поддржат европските вредности, да гласаат за кандидатите на коалицијата „Можеме" под реден број 3.

На Шестиот конгрес Павле Трајанов е повторно избран за претседател на партијата, а истовремено е избран и нов Централен совет на Демократскиот сојуз.

Чулев: Полицијата најстрого да ги санкционира сите прекршители на изборниот процес

Истовремно ја користам оваа прилика да упатам порака до граѓаните во Струмица, но и на целата територија на Македонија, да не подлегнуваат на притисоците на локалните криминални структури.

Моето присуство во СВР-Струмица е, пред се, да им укажам на колегите да ги преземат сите мерки и активности за превенција на евентуални изборни нерегуларности, но и најстрого да ги санкционираат сите прекршители, односно оние граѓани кои ќе се инволвираат во било какви ситуации на поткуп, закани, уцени или било какви изборни нерегуларности, со што ќе го нарушат избирачкиот процес и во крајна линија ќе има негативен меѓународен мониторинг, порача денес министерот за внатрешни работи, Наќе Чулев при посетата на СВР-Струмица.

Инфомираше дека посебно дал задолженија да се информираат сите полициски службеници да не подлегнуваат на било какви политички притисоци, односно партиски притисоци и притисоци од бизнис структури, туку да си ги извршат полициските задолженија согласно прифесионализмот и чесноста.

Од раководството на СВР-Струмица бил информиран дека се преземаат сите мерки и активности, а плановите биле направени и се усогласени меѓу началникот и дополнителниот заменик началник и се испратени до главниот оперативен штаб.

-Истовремно ја користам оваа прилика да упатам порака до граѓаните во Струмица, но и на целата територија на Македонија, да не подлегнуваат на притисоците на локалните криминални структури.Истовремено да не подлегнуваат на притисоци на бизнис структурите, да не подлегнуваат евентуално на притисоци од полициски службеници, кои ќе бидат инволвирани во изборни нерегуларности. Избирачкото право да да си го остварат согласно нивните симпатии спрема одредена политичка опција, за која што сметат дека најмногу би ги задоволила нивните барања и сите оние неругуларности, притисоци, закани и уцени доколку им се вршат да ги пријават до МВР со цел најстрого санкционирање. Им укажав и на полициските службеници и на граѓаните им укажувам дека казните предвидени во Кривичниот законик за кривично дело поврзано со изборни нерегуларности е многу висока и таа е до десет години, додаде министерот Чулев.

На новинарско прашање за случајот во Штип со откриените лични документи на граѓани во продавница во Штип и за коментар на изјавата на дополнителната заменичка министерка, Славјанка Петровска, која рече дека не станува збор за изборен поткуп, министерот Чулев рече случајот го работи Ојо Штип.

-Се работи за случај кој се работи со ОЈО. Значи, пријавата до ОЈО-Штип е потпишана и од началникот и од дополнителниот заменик началник и согласно сознанијата кои што се наведени во пријавата, односно во документот доставен до обвинителството, е точно наведено дека се работи за изборен поткуп. Впрочем, истргата ќе го покаже и ќе го докаже тоа. Во моментот се собрани материјални докази во смисла на сите биометриски и други документи и исто така има и листа на граѓани каде што се заведени кој колку должи. Во тек се разговори со сите оние граѓани на кои им се одземени личните документи и тие во изјавата ќе си дадат и ќе укажат за што точно се работи, односно да го потврдат она за кое се работи. Во моментот сите оперативни сознанија и добиени материјални докази укажуваат дека се работи за поткуп, а во однос на изјавата на дополнителниот заменик министер за внатрешни работи, Славјанка Петровска немам коментар. Мислам дека е политички мотивирано, таа е кандидат за пратеник на изборна листа, одговори министерот за внатрешни работи, Наќе Чулев.

притисни ентер