Volkswagen укинува 5 000 работни места

Германскиот автомобилски гигант Volkswagen, планира да почне со нова програма за штедење со која се укинуваат 5 000 работни места во управата до 2023 година.

Според германските бизнис медиуми, оваа бројка би можела да достигне и до 7 000 работни места.Работните места би можеле да се укинуваат од почетокот на идната година , како дел од планот на извршниот директор Херберт Дис за подобрување на деловните резултати.

Втората причина е преориентацијата на електромотори , за чие производство  се потребни помалку работници , отколку за мотори со внатрешно согорување.

Треба да се напомене и дека производството на електрични мотори е поскапо , а купувачите не се подготвени да платат повеќе , поради што компанијата е принудена да ги намали трошоците.

Затое се планираат мерки за подобрување на ефикасноста вредни 5,9 милијарди евра годишно , што би се применувале од 2023 година , по намалувањето на бројот на работници.

Крајната цел би била поголема и би изнесувала 7 милијарди евра годишно заштеда.

притисни ентер