Произведуваат најефтин електричен автомобил , а сега преземаат и модел на Фолксваген (ФОТО)

Германската страт – ап компанија Go Mobile  се покажа дека носи добри деловни одлуки. Освен што го изработи најефтиниот електричен автомобил , сега ја откупија МЕБ платформата на Фолксваген за електрични возила.

Малата компанија од Ахен на саемот во Женева се претстави со сериската изведба на моделот Лајф , чие производство почнува овој месец. Ќе има четири седишта со почетна цена од 15 900 евра за изведба од 27Кс.

Автомобилот има досег од 121 километар со едно полнење на батериите. Компанијата нуди уште две изведби на моторите со посилни батерии и поголем прериод на автономност.

Веднаш по најавата , веќе добија 4 300 нарачки низ Европа.

Спортскиот Go Lux  сеуште е концепт, а новост е минибусот Go Mover , кој може да превезе 15 лица и има систем за автономно возење.

притисни ентер