Фото: Новиот шампион во брзина!!

Шведскиот производител на  автомобили Кенигстег  тврди дека новиот „јеско“ ќе биде побрз од „агера РС“.

Откако „агера РС“ постави рекорд во категоријата 0-400-0 и најбрзите сериски автомобили ан светот, Кенигсег соопшти дека го пензионира овој модел , за да се посвети на нешто ново.

Новиот супербрз автомобил премиерно е преставен на годинешниот Саем  на автомобили во Женева.

Новиот автомобил на шведската компанија зад кој стои Кристијан вон Кенигсег се вика „кенигсег јеско“, а името го добил по таткото на Кристијан, кој„го подржал сонот на синот“ да создаде еден ваков автомобилски бренд.

На основ на стимулацијата, се предвидува дека овој двосед ќе може да достигне брзина од неверојатни 300 милји на час, односно  повеќе од 482 километри на час.

За ова да биде возможно инженерите значително го унапредиле моторот кој досега се вградувал во „агера РС“ . Станува збор за петлитарски В8 бит турбо единица, која развива најмногу 1600 коњски сили( кога се користи горивото Е85 , кое е комбинација од етанол и бензин) со обртен момент од 150 нМ.

Сепак најимпресивниот дел на „јеско“ е неговиот нов деветостепен менувач кој производителот го развил самостојно.

Компанијата овој систем го нарекла„ Светлосно брза трансмисија“ кој користи седум засебни куплунзи.

Овој неверојатен автомобил не е само за постигнување на рекорди туку и за уживање во секојдневните возења.

Пред возачот се наоѓа екран од 5 инчи, поставен на столбовите  од воланот. Автомобилот има 20 и 21 инчни карбонски фелни, чија маса изнесува само 5,9 односно 7,7 килограми. Целиот автомобил е тежок околу 1400 килограми.

Цената на супер брзиот автомобил изнесува околу 3 милиони евра, па не е чудо што само фелните чинат повеќе од 60 000 евра. Планирано е да бидат направени само 125 примероци од овој автомобил.

притисни ентер