Фото: Кање Вест објави повеќе од 40 православни икони

Кање Вест во повеќе наврати говори дека во последно време се свртел кон религијата, а сега изненади многумина православни верници со објавите на неговиот Твитер налог.

Раперот на својот профил објави преку 40 православни икони, без додатно објаснување, и тоа се го направи во рок помалку од еден час.

Бројни негови фанови кои се од православна вероисповед овој потег го дочекаа со воодушевување, а овие објави не престануваат да ги коментираат.

Потсетуваме, Кање Вест е верник на евангелистичката црква, додека неговата сопруга ким Кардашија е православен верник. Нивните четири деца се крстени по православни обичаи.

Фото: Ова е Ферари Омологата

Компанијата Ферари претстави уникатен модел под називот Омологата кој во себе има V12 мотор.

Омологата е десета уникатна V12 верзија од Ферари во модерната ера на автомобилите.

Краен резултат е импресивен автомобил инспириран од „GT“ моделите од минатото, кој е лакиран со три слоја „Росо магма“ црвена боја и украсен со карбонски детали.

Рачно изработената алуминиумска шасија и целосно променетата каросерија му даде на моделот 812 Суперфаст целосно нов изглед кој оддава почест на историјата на моделите на Ферари.

Познато е дека 6,5 литарскиот мотор развива 789 коњски сили и тоа е скоро се што се знае за овој автомобил, а во овој момент и цената е исто така непозната.

Попладнево повеќе делови од земјава зафатени од нестабилно време

До крајот на времето времето ќе биде променливо облачно со умерен до засилен јужен ветер.

Нестабилно време со силен ветер, грмежи и пороен дожд попладнево беа зафатени центрлните и деловите кон североистокот од зејава. Од УХМР наведуваат дека бранот со нестабилност се прошири преку источниот дел од земјата, а нова нестабилност е појави во Пелагонија и се премести преку Мариово кон долниот тек на Повардарието.

За девет часа најмногу дожд е наврнат во Струмица 40 л/м2, Крива Паланка 26, Ѓуриште 25, Охрид, Скопје Петровец и Виница девет, Демир Капија осум, Битола и Прилеп шест, Претор пет, Пожаране четири, Тетово три, Штип два и еден во Скопје Зајчев Рид.

До крајот на времето времето ќе биде променливо облачно со умерен до засилен јужен ветер. Во вечерните и ноќните часови понекаде во западните подрачја ќе има услови за појава на дожд. Ветерот ќе намалува со интензитетот.

Променливо облачно со сончеви периоди и со услови за слаб локален дожд ќе биде и утре. Ќе дува умерен, повремено засилен јужен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 11, а максималната ќе достигне од 19 до 25 степени.

Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди и со слаб до умерен јужен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 10, а максималната ќе достигне до 22 степени.

Помалку услови за појава на дожд ќе има утре во западните делови, а потоа до вторник ќе преовладува променливо облачно и посвежо време со повремени врнежи од дожд и засилен ветер претежно од јужен правец./МИА

притисни ентер