Филипче:Со жалење ја примив веста дека уште еден медицински работник ја изгуби битката со Ковид-19

 Да дадеме поддршка и оддадеме почит кон нивната работа, напиша Филипче.

Министерот за здравство Венко Филипче на својот фејсбук профил изрази жалење за починатата медицинска сестра од болницата во Охрид, која ја загуби битката со Ковид-19.

-Со жалење ја примив веста, дека уште еден медицински работник ја изгуби битката со ковид-19, медицинска сестра од болницата во Охрид. Изразувам длабоко сочувство до семејството и колегите во болницата, напиша министерот.

Тој додава дека медицинските работници се на првата линија во битката со вирусот, ставајќи го сопственото здравје и живот, здравјето и животот на своите семејства во голем ризик.

– Да дадеме поддршка и да оддадеме почит кон нивната работа. Да ги почитуваме мерките за заштита бидејќи така се штитиме и себе и здравствените работници, порачува Филипче./МИА

Уапсени 10 луѓе и повредени четири полицајци на протестите во Лондон

Демонстрантите се судриле со полицијата која се обидувала да ги растера поради непочитување на здравствените протоколи.

Британската полиција уапсила 10 лица на демонстрациите против владините мерки заради заштита од коронавирусот во Лондон, додека четири полицајци се повредени, вклучувајќи и двајца кои се префрлени во болница.

Имено, демонстрантите се судриле со полицијата која се обидувала да ги растера заради непочитување на здравствените протоколи. Тие не ги почитувале мерките за социјална дистанца, ниту пак носеле заштитни маски, пренесе „Ројтерс“.

Неколку илјади луѓе денес излегоа на улиците на Лондон за да протестираат против владините марки заради заштита од коронавиурусот, откако се повикани да се придржуваат до ограничувањата.

Во Вели ка Британија бројот на позитивни случаи со корнавирус во последните 24 часа е зголемен за 6.042,, на 429.277, додека од последиците на корнавирусот починале уште 34 лица, вкупно 41.971 од почетокот на пандемијата.

Се појави снимка од падот на украинскиот авион

На социјалните мрежи се појави снимка од падот на авионот АН-26 во Украина во кој се наоѓале 28 луѓе. Падот се случи вчера.

Пилотот кој го управувал авионот бил искусен пилот од втора класа со 700 часа лет. Покрената е истрага заради падот на авионот, а се разгледуваат неколку причини за оваа катастрофа, грешка на екипажот, технички дефект, проблеми со одржување на авионот и неправилно извршување на должности од одговорните за контрола на лет, пренесе „Дејли Меил“.

Смрт е потврдена кај 25 лица додека две се тешко повредени.

Украинското Министерство за внатрешни работи соопшти дека во авионот биле пилоти од военото воздухопловство и кадети.

притисни ентер