Заев: Лидерската ќе се одржи до крајот на неделата

Премиерот Заев ја потврди претстојната лидерска средба со претседателот на ВМРО ДПМНЕ Мицкоски за до крајот на неделава. Official facebook: https://www.facebook.com/Kanal5Televizija/ Web: http://kanal5.mk/ Copyright: OnAir Media Group

Пахор: Меѓувладината конференција да почне без одложување, ова е прилика што ЕУ не смее да ја пропушти

 Меѓувладината конференција да се одржи веднаш и без одлагање.

Ова е приликата што ЕУ не смее да ја пропушти, е недвосмилената и директна порака што ја искажа денеска словенечкиот претседател, Борут Пахор по средбата со неговиот домаќин, македонскиот претседател, Стево Пендаровски.

Пахор јасно кажа дека конференцијата не смее да се одложи зашто тоа може да доведе до инерција на целиот процес кој потоа би траел долго време, а тоа, напомена, ќе ги загрози интересите на Македонија, на регионот и на ЕУ.

Затоа, подвлече Пахор, сега треба, без одложување, по тивките, како што рече, дипломатскли канали, но и отворено, на ниво на ЕУ, да се најдат сите патишта меѓувладина конференција да почне.

-Не можам да кажам колку е тоа битно. Мојата посета тука не е случајна, не е случјано ниту времето на посетата. Го избрав зашто сакам како една од 27-те држави на ЕУ да нагласам дека сега е вистинската прилика да не се одложува меѓувладината конференција на Македонија со Европската комисија. Разбирам дека некои соседни држави имаат колебања, но сакам отворено и јасно да кажам дека сега е вистинско време за солидарност меѓу членките на ЕУ и за целата дипломатска ветшина да стори се меѓувладината конференција да почне без одложување Словенија сега не го повикува Брисел да направи чекор, туку сум тука, во Скопје, посебно да кажам само за една држава, зашто сé уште важи индивидуланиот пристап, потенцира Пахор на заедничката прес-конференција со Пендаровски.

Предизвикот, дополни, е многу голем, но со вешта дипломатија и цврста одлука да се почтиуваат постигнатите договори, може да се реши. Македонија, потенцира Пахор, последните години направи толку многу за да ги исполни сите услови на ЕУ, така што сега би било неверодостојно да се одложат билатералните разговори со Унијата.

-Знам колку е чувствително тоа прашање. Но, кога блокирате договори станува политички се потешко да се најде компромис, рече словенеќчкиот претседател и додаде „двете држави да најдат решение што побрзо зашто одложувањето би зналело многу тешка задача за наоѓање прифатливи решенија".

Претседателот Пендаровски кусо додаде дека до овој момент не постои официјална позиција на Бугарија со која се бара одложување на првата меѓувладина конференција.

-Сакам да го видам крајот на преговарачкиот процес кој се одвива во ЕУ. Не би ја коментирал почетната преговарачка позиција на Бугарија. Имаме намера периодов да го отвориме комуникацискиот канал со Софија. Би почекал следните недела – две како ќе се одвива преговарачкиот процес во Брисел. Има сигнали дека може да се најде компримис за неколку точки. Апсоултно сум убеден дека нашите бугарски пријатели нема да си дозволат да бидеме блокирани во декември, напомена Пендаровски.

По заедничката прес-конференција е предвидено Пендаровски и Пахор да положат венци на гробот на Гоце Делчев во црквата „Св. Спас". Пахор потоа ќе се сретне со претседателот на Собранието, Талат Џафери, а ќе има и обраќање пред пратениците во Законодавниот дом.

За попладне е планирана средба со премиерот Зоран Заев.

Словенечкиот претседател, кој ќе престојува во земјава денеска и утре, на платото пред „Вила Водно" беше официјално пречекан од претседателот Пендаровски со највисоки државни и воени почести.

Потоа се одржа тет-а-тет средбата на двајцата претседатели по што следуваше и пленарниот состанок на официјалните делегации на Република Македонија и Република Словенија.

Пахор и Пендаровски утре ќе заминат за Охрид, каде ќе присуствуваат на показна вежба на специјалните сили на Армијата на Република Македонија во Кампот за обука на вода. Претходно ќе прошетаат низ Охрид и ќе ги разгледаат културните знаменитости.

Борут Пахор за време на посетата на земјава е придружуван од министрите за економски развој и технологија и за одбрана, Здравко Почивалшек и Матеј Тонин.

Заев: Вршиме прва реконструкција на патот Бутел-Љуботен по 28 години

– Преку овој патен правец во должина од седум километри во вредност од 12 милиони денари целосно обезбедени од локалната самоуправа се поврзуват 5.000 жители, изјави Заев по увидот во градежните работи.

Увид во градежните работи од втора фаза за реконструкција на патот од село Бутел до село Љуботен, изврши денеска премиерот Зоран Заев, заедно со министерот за транспорт и врски Благој Бочварски, градоначалникот на Општина Бутел, Велимир Смилевски и директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, Николче Бабовски.

Заев, по завршување на увидот, рече дека ова е важен проект за поддршка на руралниот развој.

– Преку овој патен правец во должина од седум километри во вредност од 12 милиони денари целосно обезбедени од локалната самоуправа се поврзуват 5.000 жители, изјави Заев по увидот во градежните работи.

Ова, нагласи Заев, е прва реконструкција на овој патен правец по 28 години.

– Делницата значи подобро поврзување на 5.000 жители и очекувам да го поттикне економакиот развојот на овој регион, изјави Заев.

Првата фаза, појасни Заев, беше реализирана со инвестиција од Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој во висина од 11 милиони денари, додека вторара фаза ќе биде целосно реализирана од средства обезбедени од општината.

Заев, исто така, го најави и проектот мегалополис, што предвидува патно поврзување на сите населени места за помалку од еден час.

– Планираме инвестиција за изградба на 600 километри автопати, 550 километри магистрални и 1.000 километри регионални патишта, изјави Заев.

Градоначалникот на Општина Бутел Велимир Смилевски, рече дека општината обезбедила 11 милиони денари за завршување на втората фаза на патот Бутел-Љуботен.

– Не бираме каде, работиме за потребите на граѓаните, изјави Смилевски.

Појанси дека во првата фаза е направено проширувањето од 1.5 метар со средства со АФПЗРР, а во втората фаза општината ќе стави нов горен слој асфалт.

Вештак во ,,Монструм": Има неточни податоци во вештачењето на земјата од Смилковско Езеро и Враживир

Преку врска слушнав дека нешто се случило во Бутел. 

Поранешно надворешно обезбедување на МРТВ, сегашен инспектор за општ криминал во СВР Тетово, Арменд Ганиу, денеска сведочеше во случајот ,,Монструм”, како лице кое во 2012 на денот на убиството во Смилковско Езеро, разговарало со негови блиски да дознае нешто повеќе на настанот.

– Преку врска слушнав дека нешто се случило во Бутел. Потоа му се јавив на Фадил, бидејќи тој во тоа време беше близок со Мендух Тачи, и тој не знаеше. Јас бев збунет и затоа му се јавив, рече сведокот Ганиу.

Свое повторно сведочење за овој судски предмет денеска имаше и вештакот Снежана Николовска, кој за разлика од претходниот пат сведочеше за нејзината лиценца.

– Немам лиценца за вештачење на земја, затоа што не постои таква лиценца. Имам лиценца за вештачење во Хемиска лабораторија, за микро траги, огнено оружје, земја, текстилни влакна и за деривати. Лиценца за гласи во мое име. Не се сеќавам дали сум поседувала лиценца кога е извршено вештачењето, наведе вештакот Николовска, која додаде дека ги чува сите примероци од вештачената земја.

Таа уште истакна дека во овој случај правела исклучок и сама била на местото Враживир (каде е најдено возилото ,,Опел Омега”) да земе примерок од земјата.

Николовска рече и дека вештачењето на земјата од Смилковско Езеро и Враживир има неточни податоци.

– Елементарниот состав на земјата и гранулатот се вишок, јас ги ставив, рече Николовска, по што следеше прашање на обвинителката Фатиме Фетаи дали е свесни дека е ова е лажен документ, и по чија наредба го направила тоа.

– Не е по никоја наредба. Немам објаснување, рече вештакот Николовска.

Нејзиниот распит за денешното рочиште денеска заврши, со одлука за следните пет дена да достави дополнителни списи од вештачењето и примерок од лиценца за вештачењето.

притисни ентер