Антикорупционерите ги истражуваат армиските именувања на претседателот Иванов

Антикорупциската комисија отвори постапка за прекршување на изборниот законик за унапредувања во армијата од страна на претседателот Ѓорге Иванов. Official facebook: https://www.facebook.com/Kanal5Televizija/ Web: http://kanal5.mk/ Copyright: OnAir Media Group

Попладнево повеќе делови од земјава зафатени од нестабилно време

До крајот на времето времето ќе биде променливо облачно со умерен до засилен јужен ветер.

Нестабилно време со силен ветер, грмежи и пороен дожд попладнево беа зафатени центрлните и деловите кон североистокот од зејава. Од УХМР наведуваат дека бранот со нестабилност се прошири преку источниот дел од земјата, а нова нестабилност е појави во Пелагонија и се премести преку Мариово кон долниот тек на Повардарието.

За девет часа најмногу дожд е наврнат во Струмица 40 л/м2, Крива Паланка 26, Ѓуриште 25, Охрид, Скопје Петровец и Виница девет, Демир Капија осум, Битола и Прилеп шест, Претор пет, Пожаране четири, Тетово три, Штип два и еден во Скопје Зајчев Рид.

До крајот на времето времето ќе биде променливо облачно со умерен до засилен јужен ветер. Во вечерните и ноќните часови понекаде во западните подрачја ќе има услови за појава на дожд. Ветерот ќе намалува со интензитетот.

Променливо облачно со сончеви периоди и со услови за слаб локален дожд ќе биде и утре. Ќе дува умерен, повремено засилен јужен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 11, а максималната ќе достигне од 19 до 25 степени.

Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди и со слаб до умерен јужен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 10, а максималната ќе достигне до 22 степени.

Помалку услови за појава на дожд ќе има утре во западните делови, а потоа до вторник ќе преовладува променливо облачно и посвежо време со повремени врнежи од дожд и засилен ветер претежно од јужен правец./МИА

Одбележана годишнината од мисијата „Халијард“

Во Прањани кај Горни Миланова денеска беа одбележани 76 години од операцијата „Халијард“ .

Во оваа мисија од август 1944 година до февруари 45-та, од импровизирана писта околу 600 воздухопловци беа префрлени во американската база во Италија. На ова место изграден е аеродром во облик на стилизиран авион и меморијален центар.

Во знак на благодарност за се што сторил за Прањани , мештаните одлучија на српскиот претседател Александар Вучиќ одлучија да му подарат парцела во селото. Меморијалниот комплекс достојно ја одбележува храброста на луѓето овде , кои своите животи ги ставија на коцка во една од најголемите операции на спасување во историјата, истакна американскиот амбасадор во Србија, Ентони Годфри, кој денеска направи селфи со Вучиќ.

Народот на Шумадија покажа храброст во спасувањето на сојузничките пилоти во втората светска војна. Србите со Американците, Британците и Канаѓаните, тогаш станаа браќа по оружје истакна Вучиќ.

Мештаните нему и на а амбасадорот на САД им подарија и шише препечена ракија

Апсење на протестите во Минск

Белоруската полиција денес уапсила неколку учесници на неодобрениот протест организиран во Минск.

Тоа го соопшти портпаролката на министерството за внатрешни работи Наталија Ганусевиќ.

Новинари на „Ројтерс“, кои известуваат од протестот во Минск тврдат дека полицијата во Белорусија уапсила повеќе од 10 демонстранти.

Во Белорусија масовни протести се одржуваат уште од претседателските избори одржани на 9 август. Според официјалните податоци, победата ја однесе долгогодишниот лидер Александар Лукашенко, а опозицијата тврди дека изборите биле наместени.

притисни ентер