Уште една традиција е прекината поради короната: Ќе нема карневал во Рио

Школите за самба во Рио де Жанеиро синоќа одлучија да го одложат славниот карневал закажан за февруари 2021 година, повикувајќи се на пандемијата на коронавирус.

Здружението на училиштата за самба во Рио де Жанеиро, ЛИЕСА, објави дека поради ширењето на коронавирусот, невозможно е да се одржи традиционална парада со целосна безбедност, што е значаен културен настан за земјата и важен извор на егзистенција за многу жители.

„Училиштата за самба нема да имаат време, ниту финансиски и организациски ресурси да се подготват за карневалот во февруари“, изјави пред новинарите претседателот на ЛИЕСА, Хорхе Кастанхеира, додавајќи дека карневалот може да се одложи најдоцна до јануари 2022 година, за да не се наруши следната парада.

За време на карневалот, тринаесет бразилски училишта за самба минуваат низ Самбодромот пред 90.000 жители на Рио, како и бројни туристи од целиот свет, а датумот се менува секоја година во зависност од римокатоличкиот период на Великиот пост.

Градските власти во Рио исто така ќе известат за организацијата на прослави на уличниот карневал што се одржуваат за време на парадата. Уште на 17 септември, градската агенција за промоција на туризам објави дека големите јавни настани ќе бидат неизвесни без вакцината против ковид-19.

Бразил го пријави својот прв случај на коронавирус на 26 февруари, ден по крајот на овогодинешниот карневал.

Скоро сите училишта за самба се тесно поврзани со заедниците на работничката класа. Пред да започнат да се натпреваруваат едни со други во 30-тите години на минатиот век, карневалот се одржувал на улиците, а во раните 1980-ти се пресели на Самбодромот.

Последен пат карневалот беше одложен за два месеци во 1912 година поради смртта на тогашниот министер за надворешни работи и оттогаш парадата не беше спречена ниту со Втората светска војна.

Конкурс за директорите што ќе ги именува Владата

Тоа е огромна промена која досега за најголем дел од нив не е законска обврска. Зборувам за нови стандарди, нови пракси кои имаме волја да ги воспоставиме.

За директорите на институции кои Владата ќе ги именува и за членовите на надзорните и управните одбори ќе биде објавен конкурс, а тие ќе треба да поднесат мотивационо писмо и програма за работа за да може на крајот на нивниот мандат да се оцени што е сработено.

На ваков начин, смета вицепремиерот задолжен за задолжен за борба против корупцијата и криминалот, одржлив развој и човечки ресурси, Љупчо Николовски, ќе бидат избрани вистински професионални кадри.

– Тоа е огромна промена која досега за најголем дел од нив не е законска обврска. Зборувам за нови стандарди, нови пракси кои имаме волја да ги воспоставиме. Кога ќе го отвориме тој процес, сигурно дека тоа ќе биде можност за луѓе со капацитет да се вградат во институциите и во овие четири години кога општеството треба да го трансформираме. Тоа што не било направено со генерации, да почнеме да го менуваме, рече Николовски, одговарајќи на новинарски прашања на денешната прес-конференција во Владата.

Додаде дека не е можно се да се промени за неколку месеци или години, но, како што рече, постои огромна политичка волја овој процес да започне и полека да се стави ред во самите институции.

Повтори дека една од првите активности на неговиот Кабинет ќе биде и формирањето на работна група која ќе ги скенира законите и ќе предложи мерки со кои ќе се ограничат дискреционите права на функционерите.

Во делот на ревизорските извештаи, Николовски рече дека планот не е да се читаат сите извештаи, туку да се смени перцепцијата за овие извештаи и препораките во нив сериозно да бидат сфатени од страна на раководните лица на институциите.

– Имаме институции, акционерски друштва и јавни претпријатија кои се основани од Владата, а имаат загуби. Сакаме да извршиме притисок навистина оние одговорни кадри кои треба да бидат носители на позициите, да се фокусираат на исполнување на препораките и наодите од ревизорските извештаи. Доколку тоа не се прави, ќе биде покрената соодветна постапка согласно Етичкиот кодекс. Зборувам за еден таков систем во кој ревизорските извештаи сериозно ќе бидат земени предвид од наша страна, под мониторинг, а не да служат единствено за да бидат изработени и никој по нив да не постапува, појасни Николовски.

Најави дека во борбата против корупцијата, Владата ќе ги земе предвид и 40-тината препораки од извештајот на Транспаренси интернешнал.

Во сите дебарски училишта оналајн настава

 Општина Дебар не доби согласност за организирање настава со физичко присуство на учениците во ниту едно училиште, чиј основач е Советот на општината.

-Во трите општински основни училишта и гимазијата, според одлуката на Владата, наставата ќе се изведува онлајн. Ние како општина побаравме настава со физичко присуство на учениците да се овозможи во основното училиште „Пенестија" и гимазијата „ 28 ноември". Планираме седница на Советот на општината од каде ќе доставиме барање одлуката да се преразгледа, изјави за МИА градоначалникот на Дебар, Хекуран Дука.

Во гимназијата сметат дека ги исполнуваат сите услови за настава со физичко присуство на учениците.

-Оваа одлука е разочарувачка. Најпрво располагаме со објект и простор кои ретко ги има во државава, со посебно внимание ги исполниме сите услови, точка по точка врз основа на барањето на надлежните институции. Соодветната комисија беше на увид и како што кажаа нема никаков проблем, но одлуката е донесена со која воопшто не се согласуваме, изјави за МИА директорот на гимназијата, Рамадан Имери.

Додаде дека со доволен простор за тоа располага и новиот објект на гимназијата во селото Могорче, каде функционираат истурени паралелки.

притисни ентер