Шабани: Само виша сила може да ги одложи следните рочишта

​„Само виша сила ќе може да ги одложи следните рочишта, во спротивно ќе следуваат санкции.” - вака револтирано реагираше судијата Осман Шабани по вториот неуспешен старт на рочиштето за предметот “Талир” на СЈО. Official facebook: https://www.facebook.com/Kanal5Televizija/ Web: http://kanal5.mk/ Copyright: OnAir Media Group

Спасовски: На сигурно сме, изборите се референдумски важни

Изборите на 15 јули се референдумски важни, бидејќи гласаме за Сигурност и избираме да продолжиме по правиот пат.

Спротивната опција на овој пат е Опасност од обновен режим и тоа никој од нас не сака ни да помисли што ќе значи: нови политички дестабилизации, делби, конфликти дома, кавги со соседите и со светот, нова изолација на државата, нула пари за граѓаните и државата и повторно трауми и милиони преку вашиот грб во истурени раце на Мицкоски и носителите на листи на ВМРО-ДПМНЕ.

Ние постигнавме социјална сигурност, економска сигурност, безбедносна сигурност. Денес нашата држава е членка на најголемиот безбедносен и политички сојуз НАТО. И е на чекор до отворање на преговорите со ЕУ, што веднаш откако тоа ќе се случи ќе значи европски пари за државата - за европски стандарди дома, во нашата земја.

Ова се избори коишто бараат од нас да ја покажеме нашата одговорност – колку сме подготвени да ги направиме разликите помеѓу постигнувањата во изминатите 3 години, со 11-годишното тонење на државата и да застанеме во одбрана на тие постигнувања.

Затоа велиме дека гласот за број 3 на овие избори значи:

-Сигурен раст на платите на граѓаните, а не на нови милиони народни пари кај луѓето на Груевски.

-Сигурна правда, преку прочиствување на правосудството од корумпирани судии и обвинители, а не Мицкоски да ги спасува Камчев, Груевски и нивните помишници.

-Значи сигурен пат, по НАТО - и кон ЕУ, а не тие да го поништат Договорот од Преспа и да предизвикаат нова внатрешна и надворешна нестабилност.

-Сигурни одговорни луѓе кои докажано денес пружаат здравствена грижа за сите, а не неодговорни како Мицкоски и соработниците, кои блокираат проекти во здравството, шират паника и мислат на тендери, на штета на здравјето на граѓаните.

Една претставничка од дипломатската заедница пред некој ден ми рече: Сигурна сум дека Република Северна Македонија ќе покаже дека е возрасна демократија, по европскиот пат.

Очите и на демократскиот свет повторно се завртени кон нас, дали знаеме да сме праведни кон себе, да ги вреднуваме историските постигнувања на меѓународен план, да си кажеме дека можеме и повеќе и подобро дома и да продолжиме напред – на сигурно, зашто сега е моментот и за тоа.

Треба да сме свесни дека ако ја пуштиме државата низ вода, со неа ќе отиде и нашата сигурна иднина.

Затоа апелирам, безбедни се изборите, ќе се одвиваат по строго утврдени протоколи – да одговориме на нашата граѓанска должност денес – за да не се каеме што сме пропуштиле – утре, бидејќи за тоа по 15 јули ќе биде многу доцна.

Секое останување дома е глас за обнова на режимот.

Секое гласање за ДУИ е глас за ВМРО-ДПМНЕ.

Секое излегување на гласање и избор на бројот 3 е избор на сигурна иднина.

Се грижиме за сите. Ве чуваме на сигурно. Дајте ни шанса, останете на сигурно.

Број 3, за сигурност и спокој, наместо обновен режим и неспокој.

Ајде повторно на 15 јули. За сигурност.

Оливер Спасовски, потпретседател на СДСМ и носител во ИЕ 2

Орбан со поддршка за ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски

Почитувани наши македонски пријатели, Ве поздравувам од Будимпешта.

Познато ни е дека Вие сега сте исправени пред донесување на важна одлука се подготвувате за важни избори. И ние ги следиме овие работи бидејќи не ни е се исто со каков ќе биде резултатот на овие избори.

Ние со Вас судбински сме поврзани. И покрај тоа што ние сме веќе внатре во ЕУ, а вие се уште надвор од неа историите на унгарскиот и македонскиот народ во минатото често пати беа поврзани.

Можеме многу да помагаме едни на други. Ние на Вас но и Вие на нас. Од таа причина не е се исто на претстојните избори во Македонија каков резултат ќе постигнат нашите пријатели.

Не сакам да порекнам дека изборот е на македонскиот народ Вие ќе избирате вие можете за себе да одберете влада која ќе ви дава повеќе од досегашната влада на власт. Сепак ние тука во Унгарија навиваме за нашиот пријател Мицкоски и би сакале како победник да го видиме ВМРО-ДПМНЕ бидејќи во борбата против миграција заедно со нив изградивме таква соработка базирана на национална гордост, а со цел на одбрана на нашите семејства и слободата, која ни влева доверба по прашањето на иднината.

Веруваме дека ќе имаат добар настап и се надеваме дека вие ќе ги поддржите и Македонија ќе добие влада со која во годините што ни претстојат ние Унгарците добро ќе соработуваме и заедно ќе градиме поубава иднина и на која влада ќе можеме ќе можам и јас лично да пружиме помош со цел што побргу да станете земја членка на Европската Унија.

МЗ: Во јули лиценцирани 66 доктори на медицина

Министерството за здравство информира дека во јули, 66 доктори на медицина го положиле стручниот испит и се стекнале со лиценца за работа од Лекарската комора на Република Македонија.

Министерството за здравство стапи во контакт со сите 66 ново лиценцирани доктори на медицина, а повеќе од половината од нив изразија желба да работат со ковид пациенти.

„Во услови кога се соочуваме со најголемата светска здравствена криза, имаме 66 лекари повеќе, нови, млади сили во нашиот здравствен систем. Согласно измената која ја направивме на Законот за здравствена заштита од јануари минатата година, секој дипломиран доктор кој се стекнал со лиценца треба да обави шест месечна пракса која за прв пат му е платена со 30,000 денари месечно. Младите лекари се иднината на нашето здравство и ние продолжуваме да вложуваме во нив, во нивната до-едукација и стручност“ – потенцира министерот Филипче.

Работата во траење од шест месеци се спроведува во јавните здравствени установи – здравствени домови и општи болници со проширена дејност што вршат дејности и на примарна здравствена заштита, во дејностите на итна медицинска помош и домашно лекување, превентивна здравствена заштита за предучилишни и училишни деца и поливалентна патронажа.

притисни ентер