Италијанскиот премиер му порача на Вучиќ: Ќе бидеме ваши амбасадори на патот кон ЕУ

Италијанскиот премиер Џузепе Конте оцени при посетата на Белград дека Приштина треба да ги повлече царините на производите од Србија и со тоа да се опбнови дијалогот со Косово.

На српските власти Конте им вети дека Италија ќе биде амбасадор на Србија на нејзиниот пат кон членство во ЕУ. Конте на средбите со претседателот Вучиќ и премиерката Брнабиќ рече дека трговската размена е на задоволително нови со размена од 4 милијарди евра годишно , со што Италија е втор трговски партнер на Србија.  

Конте порача и дека дијалогот со Приштина е единствен начин за да се забрза патот кон ЕУ и дека двете страни мора да бидат мудри.

И покрај тоа што Италија го призна Косово , Рим има разборање за позицијата на Србија , која Конте ја оцени како тешка.

Милошоски: Работните групи на власта и опозицијата на средба за законот за ЈО до крајот на неделава

 Договорено е работните групи на власта и на опозицијата за законот за јавно обвинителство да имаат средба до крајот на неделава, изјави денеска на прес-конференција во Собранието пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Антонио Милошоски.

-Во текот на вчерашниот ден имаше координативен состанок на два члена од двете групи, од владејачката и онаа на опозицијата за динамиката за законот за јавно обвинителство, кој како предлог ни беше доставен пред неколку дена. И договорено е да имаме средба на двете работни групи, секоја група со свои забелешки и аргументи, најдоцна до крајот на оваа недела, истакна Милошоски во прес-салата на Собранието.

Тој изрази надеж дека на таа средба ќе има размена на аргументи на конструктивен начин што, како што рече, ќе можат да ги приближат ставовите за еден усогласен, согласно венецијанските стандарди на комисијата, законски текст кој би можеле да го усвоиме со поширок консензус.

Одговарајќи на новинарско прашање, Милошоски рече дека на самата работна средба што би ја имале со колегите од владејачката коалиција, со нивниот правен тим, би ги изложиле своите забелешки, аргументи или одредени аномалии со кои сметаме дека текстот може да се подобри./МИА.

Од недела врнежи од дожд, на повисоките места снег

 Врнежи од дожд, а на повисоките места и снег најавуваат метеоролозите од недела вечер и почетокот на наредната недела.

Од УХМР информираат дека од утре ќе има зголемена облачност и ќе дува засилен северен ветер. За време на викендот ќе биде променливо облачно. Во недела и во понеделник ќе има повремени врнежи од дожд, а на повисоките планини повремен снег.

Минималната температура утре ќе остане под нула и ќе се спушти до минус седум, во петок до минус девет,  сабота минус осум, недела доминус четири, во понеделник ќе биде потопло и ќе се движи од еден до пет степени и во вторник ќе се спушти до минус три степени.

Дневните температури ќе бидат во интервал од три до 13 степени.

Во Кичево приведен малолетник за поседување марихуана

Одделението за внатрешни работи во Кичево приведе 17-годишен малолетник од кичевското село Зајас.

Кај него, полициските службеници, при преглед извршен на улица „11 Октомври" во Кичево, пронашле и одзеле 14 ќесички со марихуана. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, вели Стефан Димоски портпаролот на СВР- Охрид. 

притисни ентер