Јанева: Продолжуваме со истата динамика, наскоро ќе отвориме крупни предмети

Специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева, е задоволна со статусот што ќе добие СЈО во рамките на редовното Јавно обвинителтво.Со оглед на предвидените проширени надлежности, најавува и нови истраги. Official facebook: https://www.facebook.com/Kanal5Televizija/ Web: http://kanal5.mk/ Copyright: OnAir Media Group

Вештак во ,,Монструм": Има неточни податоци во вештачењето на земјата од Смилковско Езеро и Враживир

Преку врска слушнав дека нешто се случило во Бутел. 

Поранешно надворешно обезбедување на МРТВ, сегашен инспектор за општ криминал во СВР Тетово, Арменд Ганиу, денеска сведочеше во случајот ,,Монструм”, како лице кое во 2012 на денот на убиството во Смилковско Езеро, разговарало со негови блиски да дознае нешто повеќе на настанот.

– Преку врска слушнав дека нешто се случило во Бутел. Потоа му се јавив на Фадил, бидејќи тој во тоа време беше близок со Мендух Тачи, и тој не знаеше. Јас бев збунет и затоа му се јавив, рече сведокот Ганиу.

Свое повторно сведочење за овој судски предмет денеска имаше и вештакот Снежана Николовска, кој за разлика од претходниот пат сведочеше за нејзината лиценца.

– Немам лиценца за вештачење на земја, затоа што не постои таква лиценца. Имам лиценца за вештачење во Хемиска лабораторија, за микро траги, огнено оружје, земја, текстилни влакна и за деривати. Лиценца за гласи во мое име. Не се сеќавам дали сум поседувала лиценца кога е извршено вештачењето, наведе вештакот Николовска, која додаде дека ги чува сите примероци од вештачената земја.

Таа уште истакна дека во овој случај правела исклучок и сама била на местото Враживир (каде е најдено возилото ,,Опел Омега”) да земе примерок од земјата.

Николовска рече и дека вештачењето на земјата од Смилковско Езеро и Враживир има неточни податоци.

– Елементарниот состав на земјата и гранулатот се вишок, јас ги ставив, рече Николовска, по што следеше прашање на обвинителката Фатиме Фетаи дали е свесни дека е ова е лажен документ, и по чија наредба го направила тоа.

– Не е по никоја наредба. Немам објаснување, рече вештакот Николовска.

Нејзиниот распит за денешното рочиште денеска заврши, со одлука за следните пет дена да достави дополнителни списи од вештачењето и примерок од лиценца за вештачењето.

Меси повторно лут, сега поради заминувањето на Суерез

Капитенот на шпанскиот фудбалски гигант Барселона,Лионел Меси повторно е многу лут. 

Аргентинскиот волшебник му се налути на раководството на клубот поради заминувањето на неговиот голем пријател Луис Суераз во Атлетико Мадрид.

Меси по трансферот на Суарез во мадрид се огласи преку социјалните медиуми.

„Ќе биде многу тешко да не се минува времето со тебе, на терен но и надвор од теренот. Ќе ми недостасува тоа време, многу. Беа тука многу години, соиграчи, вечери... Многу работи кои нема да можат да се заборават... Ќе биде чудно да те гледам во друг дрес, а уште по чудно да се игра против тебе. Заслужи да заминеш поради тоа што си, како еден од најголемите фудбалери во клупската историја, кој работел значајни работи за групата, но и индивудуално. Не заслужи да биде избркан како што сторија тие. Навистина во моментов и не сум изненаден поради нивните постапки. Ти посакувам се најдобро во иднина. Се гледаме наскоро, напиша Меси.

Инаку, летово по многу преговори и наговарања Меси сепак одлули да остане во барселона и покрај несогласувањата со претседателот на клибот Џозеп Бартомеу.

Кина за последните три години оштетила или уништила илјадници џамии

Илјадници џамии се уништени и оштетени за само три години во кинеската северозападна провинција Синџијанг, а сега има помалку од кога било, според „Гардијан“.

Ова се податоци од извештајот за кинеската репресија врз муслиманското малцинство на Австралискиот институт за стратешка политика(СПИ). Податоците се добиени преку сателитски слики и теренски извештаи.

Кинеските власти тврдат дека во оваа област има повеќе од 24.000 џамии и дека властите ги чуваат. Но, според извештајот на СПИ, остануваат нешто повеќе од 15.000, кои не биле уништени или оштетени.

„Ова е најмала бројка од културната револуција, кога имаше помалку од 3.000 џамии“, се вели во извештајот. Две третини од џамиите се оштетени, а околу 50 проценти од заштитените културни наследства се уништени или оштетени. Меѓу нив е и Ордам Мазар, древен објект за аџилак од 10 век, кој е целосно уништен.

Се проценува дека од 2017 година, 30 проценти од џамиите се уништени додека други 30 проценти се оштетени на некој начин. На некои им биле извадени минарињата, некои биле напуштени, додека други се претворени во паркинзи или користени за земјоделски цели.

притисни ентер