Како ќе се враќаат парите од ДДВ-то?-Секое семејство во просек ќе добива по 500 евра

Работна група од Управата за јавни приходи и Министерство за финансии ги анализира можностите како да се врши поврат на данокот на додадена вредност на граѓаните, чиј старт премиерот Зоран Заев го најави од 1 јули годинава. Official facebook: https://www.facebook.com/Kanal5Televizija/ Web: http://kanal5.mk/ Copyright: OnAir Media Group

ФИТР и УНДП потпишаа договор за дигитализација на општините – пилот фаза

Фондот за иновации и технолошки развој и УНДП (Програма за развој на Обединетите Нации) ќе работат на дигитализација на услугите што ги нудат општините за граѓаните. 

Проектот ќе се реализира со финансиски средства на УНПД во износ од околу 4 милиони денари, со користење на процедурите и капацитетите на ФИТР.

Со проектот ќе се изработат дигитални алатки за: Воспоставување на електронски систем за наплата на давачките кон општината (даноци и парафискални давачки), Воспоставување на систем за електронско плаќање на сметки кон јавните претпријатија, Електронски систем на волонтери и Онлајн платформа за општински форум.

Овие дигитални алатки ќе се имплементираат во 5 пилот општини: Центар Жупа, Боговиње, Свети Николе, Прилеп и Куманово. Дигиталните решенија е предвидено да бидат оперативни и на располагање на граѓаните од овие општини до крајот на 2020 година.

Деталите на проектот се опфатени со проектен документ, што денес го потпишаа директорот на ФИТР, Јован Деспотовски и постојаната претставничка на УНДП во Македонија, Нарине Сахакиан.

„Со овој проект граѓаните од 5 општини ќе добијат и побрзи и поквалитетни услуги. Очекувам дигитализацијата да се прошири и во сите останати општини, за што денес зборувавме и за подолгорочна соработка со УНДП и други меѓународни партнери. Овој процес треба да донесе и поголема транспареност во работењето, а со тоа и намалување на ризиците од нерегуларности и корупција при давањето на јавни услуги. Соработката со УНДП говори и за довербата на меѓународните институции во интегритетот, процедурите и капацитетите на ФИТР".

Јавниот повик како што најави Деспотовски, ќе биде објавен веќе во следните денови и ќе биде отворен за сите домашни микро, мали и средни компании. Критериумите за избор на најдобро решение ќе бидат објавени однапред, согласно воспоставената практика на Фондот. Заедничката соработка на УНДП и ФИТР освен во делот на заедничко креирање на условите на повикот, ќе опфаќа спроведување, избор на најдобри решенија како и мониторинг на развојот на решенијата до нивната имплементација.

„Во глобални рамки, УНДП е посветен на поддржување на брзо иновирање и дигитализација низ различни сектори како начин за справување со предизвиците од пандемијата. Не сакаме само да се вратиме назад во „нормала", туку да изградиме нешто подобро преку воведување на поодржливи и отпорни начини за доставување на јавни услуги. Затоа, УНДП и ФИТР здружија сили со цел да ги зајакнат иновациските активности во земјата, со посебен нагласок на јавните услоги. Целта на овие заеднички напори е да се поттикнат општините да прифатат нов, иновативни алатки и начини на работа за доставувањето на јавните услуги, како и да се зајакне нивната соработка со приватниот сектор." изјави Нарине Сахакјан, Постојана претставничка на УНДП.

Избраните општини се дел од тековните проектни активности на Програмата за развој на Обединетите Нации (УНДП) насочени кон поддршка на државата за справување со ефектите од КОВИД-19, како и спроведување на брза и сеопфатна социо-економска анализа за ефектите од пандемијата и утврдување на можности за побрзо опоравување на локално ниво.

Во моментот на селекција на општините беа земени повеќе критериуми за избор: распространетост на КОВИД-19 на локално ниво (број на заразени лица/број на активни случаи во моментот); број на жители и етничка структура; застапеност на урбани/рурални општини; географска застапеност во согласност со територијалната организација на земјата (застапеност по плански региони).

Во Калифорнија се забранува продажба на автомобили со бензински или дизел мотори

Ваквата одлука директно влијае на домашната автомобилска индустрија.

Гувернерот на Калифорнија, Гавин Њусон, издаде извршна наредба за забрана за продажба на нови автомобили напојувани од бензински и дизел мотори, што ќе стапи на сила во 2035 година. Поточно, објавата дозволува продажба само на автомобили со нула емисија на штетни гасови, што не го исполнуваат ниту хибридите, без оглед на концептот на перформанси. Затоа, не сите еколошки возила ќе смеат да се продаваат во Калифорнија, што со оглед на тоа дека е еден од најголемите американски пазари, ќе има последици и за автомобилската индустрија.

Канцеларијата на Њусон тврди дека транспортниот сектор е „одговорен за повеќе од 50 проценти од емисиите на СО2 во Калифорнија, но и за 80 проценти од загадувањето со смог, и 95 проценти од емисијата на токсични дизел емисии.“ Префрлувањето на употреба на возила со нулта емисија ќе значи „35% намалување на емисиите на стакленички гасови и 80% подобрување на емисиите од автомобилите“.

Оваа наредба се однесува само за новите автомобили, додека на сите постојни автомобили ќе им биде дозволено да возат легално. Исто така, пазарот на стари автомобили ќе има право да остане активен. Секако, не се очекува тука некакво кубанско сценарио, но побогатата Калифорнија сигурно ќе донесе ваква одлука полесно и многу брзо ќе ги „исчисти“ патиштата. Покрај тоа, Њусон очекува дека дотогаш цената на електричните автомобили и оние напојувани со фосилни горива ќе бидат изедначени.

Во следниот чекор, Калифорнија планира да ги отстрани комерцијалните возила од патиштата, а тоа треба да се случи десет години подоцна, од 2045 година.

Уште една традиција е прекината поради короната: Ќе нема карневал во Рио

Школите за самба во Рио де Жанеиро синоќа одлучија да го одложат славниот карневал закажан за февруари 2021 година, повикувајќи се на пандемијата на коронавирус.

Здружението на училиштата за самба во Рио де Жанеиро, ЛИЕСА, објави дека поради ширењето на коронавирусот, невозможно е да се одржи традиционална парада со целосна безбедност, што е значаен културен настан за земјата и важен извор на егзистенција за многу жители.

„Училиштата за самба нема да имаат време, ниту финансиски и организациски ресурси да се подготват за карневалот во февруари“, изјави пред новинарите претседателот на ЛИЕСА, Хорхе Кастанхеира, додавајќи дека карневалот може да се одложи најдоцна до јануари 2022 година, за да не се наруши следната парада.

За време на карневалот, тринаесет бразилски училишта за самба минуваат низ Самбодромот пред 90.000 жители на Рио, како и бројни туристи од целиот свет, а датумот се менува секоја година во зависност од римокатоличкиот период на Великиот пост.

Градските власти во Рио исто така ќе известат за организацијата на прослави на уличниот карневал што се одржуваат за време на парадата. Уште на 17 септември, градската агенција за промоција на туризам објави дека големите јавни настани ќе бидат неизвесни без вакцината против ковид-19.

Бразил го пријави својот прв случај на коронавирус на 26 февруари, ден по крајот на овогодинешниот карневал.

Скоро сите училишта за самба се тесно поврзани со заедниците на работничката класа. Пред да започнат да се натпреваруваат едни со други во 30-тите години на минатиот век, карневалот се одржувал на улиците, а во раните 1980-ти се пресели на Самбодромот.

Последен пат карневалот беше одложен за два месеци во 1912 година поради смртта на тогашниот министер за надворешни работи и оттогаш парадата не беше спречена ниту со Втората светска војна.

притисни ентер