Се појави снимка од падот на украинскиот авион

На социјалните мрежи се појави снимка од падот на авионот АН-26 во Украина во кој се наоѓале 28 луѓе. Падот се случи вчера.

Пилотот кој го управувал авионот бил искусен пилот од втора класа со 700 часа лет. Покрената е истрага заради падот на авионот, а се разгледуваат неколку причини за оваа катастрофа, грешка на екипажот, технички дефект, проблеми со одржување на авионот и неправилно извршување на должности од одговорните за контрола на лет, пренесе „Дејли Меил“.

Смрт е потврдена кај 25 лица додека две се тешко повредени.

Украинското Министерство за внатрешни работи соопшти дека во авионот биле пилоти од военото воздухопловство и кадети.

Црна Гора: Тестирани 790, заразени 235 лица, починале тројца

Во Црна Гора во последните 24 часа се потврдени 235 нови случаи на заразени со Ковид-19 меѓи 790 тестирани примероци, додека од последиците на Ковид-19 починале три лица.

Вкупниот број на активни случаи во Црна Гора во овој момент изнесува 3671, а во последните 24 часа се излекувале 191 пациент.

Од почетокот на пандемијата во Црна Гора од последиците на Ковид-19 починале 158 пациенти, од почетокот на јуни 149.

По последните пријавени податоци, вкупниот број на лица заразени со коронавирус во Црна Гора е зголемен на вкупно 10.197, пренесе „Вјести“.

МВР: Приведен разбојник од Арачиново

Полициски службеници од Единицата за внатрешни работи Центар при СВР Скопје, по претходни сознанија за сторени повеќе кривични дела на подрачјето на ЕВР Центар, денеска (26.09) го приведоа С.Ф. (22) од с. Арачиново, скопско.

Тој заедно со уште едно лице, во периодот од март до август оваа година извршил четири кривични дела: две разбојништва, едно разбојништво во обид и една тешка кражба на дрзок начин, стои во соопштението од МВР.

притисни ентер