Македонците на Србите им се трет по ред најомилен народ

Граѓаните на Србија најмногу симпатии имаат кон Грците и Македонците, кои ги сместуваат меѓу најомилените народи, покажува неодамнешното истражување направено во Србија.

43 отсто од полнолетните испитаници се изјасниле дека најпозитивно мислење имаат за Грците, додека пак граѓаните постари од 50 години ги преферираат Македонците.

Помладите од 50 години, пак, на врвот на листата омилени народи по Грците ги ставаат црногорците.

Од друга страна најнегативно мислење Србите имаат кон Хрватите. Дури 45 отсто од испитаниците се изјасниле негативно кога се во прашање граѓаните од Хрватска.

Веднаш по нив се Албанците, за кои негативно се изјасниле 33 отсто од анкетираните Срби.

Арсовски: Ако се точни сведочењата во „Рекет“, Кацарска треба кривично да одговара и да лежи во затвор

Ако се точни сведочењата во Рекет, Кацарска треба да одговара кривично и да лежи затвор.

Впрочем ниту еден сериозен правник или обвинител со долгогодишно искуство не би сведочел лажно и би знаел дека за тоа се одговара.  Што значи дали тврдењата се точни, тоа треба да го докаже судот. Добрила Кацарска веќе нема кредибилитет да суди и да пресудува на македонските граѓани.

Сведочењето на Лиле Стефанова отвори сериозен сомнеж како функционирало Луј Витон судството на Зоран Заев или народски познато Кацарска судство.

Вредностите и вербата во институциите и системот се целосно загубени и затоа мора да се отвори сериозна истрага преку која ќе бидат санкционирани сите кои ја злоупотребувале службената положба и овластувањата за да се пресметуваат со политички неистомисленици, наместо да судат по словото на законот.

Членот 75 од Законот за судови експлицитно наведува дека потешка дисциплинска повреда за која се поведува постапка за утврдување на одговорност на судија е „грубото влијание и мешање во вршењето на функцијата на друг судија“.

Обвинителката Стефанова на вчерашното сведочење под полна морална и материјална одговорност изјави дека судијата Добрила Кацарска директно се јавувала кај сега веќе обвинетата Катица Јанева за да влијае врз истрагите. Стефанова сведочеше дека судијката Добрила Кацарска постојано била присутна додека се одлучувало околу барањето за притвор на еден од осомничените во предметот Империја и се интересирала за текот на постапката.

Доколку ова не претставува потешка дисциплинска повреда, тогаш подобро да го избришеме законот или членот 75 од Законот за судови.

Истиот член предвидува дека Претседателот на судот во рок од осум дена од денот на осознавање на сторената дисциплинска повреда е должен да го извести Судскиот совет на Република Македонија за истото.

Вклучително истата судијка Добрила Кацарска според сведочењето на Лиле Стефановска треба да одговара по член 353 од КЗ на Република Македонија за злоупотреба на службена должност кооја што ја има

Затоа јавно го повикуваме Претседателот на Основниот суд Скопје 1 Иван Џолев да не го чека крајниот рок, туку веднаш да постапи и да го извести Судскиот совет по службена должност.

Доста е од Катици, Вилми и Добрили во судството. Со секој изминат ден станува јсе појасна спрегата и меѓусебната поддршка преку која наместо закон се реализираа партиски нарачки на Зоран Заев и СДСМ. Еве како Катица Јанева ја фалеше Добрила Кацарска.

Кога веќе гледаме дека Катица Јанева учела од Добрила Кацарска, видовме и што се случи и како заврши Катица Јанева.

Почитувани,

Институциите не смеат да замижат пред овој случај. Одговорност мора да има. Сите овие луѓе под палката на Заев го урнисаа правосудниот систем и затоа е потребен закон кој нема да амнестира криминалци.

Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ

НАкС: Во МОН нè уверуваа дека не иницирале нов синдикат

 Од владините претставници им било ветено и дека до крајот на денот ќе бидат разгледани нивните аргументи и предлози.

Преставниците на Независниот академски синдикат (НАкС) денеска на средба во МОН со министерот за образование и наука Арбер Адеми и вицепремиерката Мила Царовска биле уверувани дека тие не иницирале и не се одговорни за основање синдикати на јавните универзитети. Од владините претставници им било ветено и дека до крајот на денот ќе бидат разгледани нивните аргументи и предлози.

-Претставниците на Владата нè уверуваа дека ниту иницирале ниту стојат зад незаконската постапка за формирање на синдикатите. Што се однесува до покачувањето на платата на вработените во високото образование од 10 проценти, претставниците на НАкС изнесоа аргументи дека за исплаќањето на ветеното покачување нема законски пречки, тоа не е условено со колективен договор, и посочија  правни механизми за негово реализирање веднаш, изјави в.д. претседателката на НАкС Елена Џукеска.

Таа ја поздрави, како што рече, „заинтересираноста на Владата да се вклучи во надминување на проблемите поврзани со исплаќањето на ветеното покачување од 10 проценти и со незаконското формирање жолти синдикати од страна на работодавачите – ректорите на УКИМ и УКЛО".

Џукеска соопшти и дека сите учесници на средбата се согласиле дека потпишувањето целосен колективен договор на ниво на гранка е единствен начин конзистентно и сеопфатно да се уредат сите прашања поврзани со регулацијата на платите и со останатите права што произлегуваат од работниот однос, како и на условите за работа на вработените на јавните универзитети.

-НАкС потсети дека уште на 8 ноември 2019 има поднесено нацрт колективен договор во МОН и дека е во фаза на преговори со СОНК за склучување спогодба за здружување со цел потпишување колективен договор на ниво на гранка. Доколку постои политичка волја, уверени сме дека е можно во најкраток можен рок да се потпише колективен договор. Со тоа, по цели 30 години и првпат од независноста на Македонија академската заедница ќе добие достоинствен третман и сеопфатен колективен договор  наместо понижувачки договор од еден член за еднократно покачување на платите, рече в.д. претседателката на НАкС.

Претставниците на Независниот академски синдикат очекуваат конструктувен пристап и позитивен одговор од Владата. /МИА

Велика Британија во петок на полноќ ја напушта ЕУ

Во петок на полноќ Велика Британија ќе стане првата земја што ја напушта Европска унија по три ипол години преговори за излез.

Брегзит, процес што предизвика длабоки поделби во земјата, ќе настапи официјално во петок во 23 часот по локално време, или на полноќ по средноевропско. Помеѓу Велика Британија и другите 27 земји, сè друго допрва треба да се договори. Усогласеното истапување е само почеток на преговорите за регулирање на идните односи. 

Ѕвоното на Биг Бен нема да го слави Брегзит, но ќе се вклучи часовник на Даунинг Стрит кој ќе го одбројува времето до излегувањето од ЕУ. Жестокиот заговарач за Брегзит, премиерот Борис Џонсон, ќе се обрати пред нацијата истата вечер.

притисни ентер