Белград и Скопје сакаат удел во бугарската нуклеарка Белене

 Бугарскиот заменик-премиер Томислав Дончев изјави за весникот „Труд" дека Северна Македонија и Србија сакаат удел во идната нуклеарна централа „Белене".

Дончев, како што пренесува БТА, истакна дека „не постои шанса нуклеарната централа Белене да се гради без учество на рускиот Росатом".

Нуклеарната централа Белене се планира да се гради во северниот дел на Бугарија, во близина на Дунав, за да ги замени реакторите на нуклеарната централа Козлодуј, кои се повлечени од употреба како дел од исполнувањето на условите за влез на Бугарија во Европската унија.

Во 2010 година, бугарската Влада го замрзна овој проект на неопределено време поради неизвесната профитабилност. Според новите планови на Владата во Софија, нуклеарката Белене би требало да биде изградена во наредните 10 години, а би чинела околу 10 милијарди евра.

Сенатот одобри правила за постапката за отповикување на Трамп

По 13-часовна расправа, американскиот Сенат усвои правила за спроведување на процесот на отповикување на американскиот претседател Доналд Трамп, вклучително и одложување на дебатата за повикување сведоци до средината на судењето.

Со 53 гласа „за“ и 47 „против“, Сенатот усвои план со кој им се дозволува на сенаторите обвинители да почнат случај подоцна во текот на денот.. Американскиот сенат каде републиканците се мнозинство ги отфрли претходните обиди на три демократи да ја обврзат белата куќа да поднесе документ за исплата на воена помош за Украина.

 Таа одлука ја донесе Сенатот за време на првиот ден од судењето во процесот на отповикување на претседателот на САД, Доналд Трамп, што беше обележано со расправа за правилата формулирани во резолуцијата, предложени од Мич Меконел, лидер на мнозинството во Сенатот.

Просечната плата во ноември 25.787 денари

Просечната нето плата по вработен во ноември 2019 година изнесува 25.787 денари, објави Државниот завод за статистика.

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во ноември 2019 година, во однос на ноември 2018 година, бележи раст од 5,1 отсто.

Ваквиот раст се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: транспорт и складирање за 9,5 отсто, преработувачка индустрија 8,9 отсто и дејности на здравствена и социјална заштита 8,2 отсто.

Зголемување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: административни и помошни услужни дејности за 3,8 отсто, стручни, научни и технички дејности за 2,1 отсто и објекти за сместување и сервисни дејности со храна 1,6 отсто.

Просечната месечна бруто-плата по вработен, во ноември 2019 година, изнесува 38.319 денари.

Хиподром попладнево без вода

 Поради дефект на водоводна инсталација на ул. „Ордан Попјорданов" 6, без вода попладнево од 13 часот ќе бидат корисниците во скопската населба Хиподром.

Водоснабдувањето ќе биде прекинато до санирањето на дефектот, соопшти ЈП Водовод и канализација-Скопје.

притисни ентер