Неделен хороскоп од 4 до 11.3.2019

Неделен хороскоп за периодот од 4 март до 11 март 2019 година.

Риби 20.2.- 20.3.

Љубов

Ќе наоѓате љубов на секој чекор и секој ден.нема да биде ништо потребно за да ја остварите.Вакви шанси ќе ве возбудат.Сепак, од другата страна ќе добивате критики.Занемарете ги.

Кариера

Можеби ќе ви се чини дека вашето знаење и стручност не се вреднувани како што треба.Сепак, во вториот дел од неделата ќе станувате многу потребни за оние за кои работите.Не размислувајте премногу , едноставно работете.

Здравје

Подобро е да верувате отколку да се сомневате.

Овен 21.3-20.4.

Љубов

Довербата и стабилноста на личните односи ќе станат важни во љубовниот живот.Енергијата ќе ја насочите во постигнување токму на таа стабилност.Партнерот ќе биде пријатно изненаден.Оние кои се сами ќе бараат сериозна врска и ќе веруват дека тоа е веднаш изводливо.

Кариера

Вашата голема желба за иницијатива ќе добие залет.Меѓутоа ќе треба на почеток да проверите многу детали.Тоа малку ќе ве забави и ќе ве замори.Потпрете се на своите сили и подобро организирајте ја работата.

Здравје

Вежбајте јога или медитирајте.

Бик 21.4- 20.5.

Љубов

Се поважно ќе ви биде заедништвото во личните односи , а токму тоа ќе ве донесе чекор понапред. Некои ќе размислуваат за почеток на заеднички живот како двојка. Ќе има и такви што ќе си ја освежат својата врска , и секако ќе престанат да приговараат.

Кариера

Ќе работите без притисок , но со голем придонес. Ќе бидете вредни и подготвени да се понудите за работа секаде каде има потреба.Некои колеги ќе бидат зачудени , зашто не се навикнати да ве гледат во такво издание. Само продолжете.

Здравје

Уживајте во спортот и во животот.

Близнаци 21.5.-21.6.

Љубов

Преокупираноста со домот и семејството ќе биде голема , а вие сте подготвени до крај да се изборите. Оние во стабилни врски ќе го обноват својот еротски живот на различни начини. Оние кои уште бараат сродна душа , ќе бидат упорни и ќе одат до крајност во додворувањата.

Кариера

Не само што надредените го зголемуваат притисокот врз вас, туку и ве провоцираат.Најдобро е да се повикате на правилата во работењето и стриктно да се придржувате кон нив. Ако тоа не оди , не се впуштајте во киавги , зашто во истиот момент ќе загубите.

Здравје

Неопходна ви е секојдневна релаксација.

Рак 22.6-22.7.

Љубов

Пред вас се искуства и искушенија , кои би можеле да ве збогатат како личност. Ќе има двоумења како да се поставите кон другата страна , но нека критериумот не ви биде само вашето лично задоволство. Бидете тоа што сте и планирајте на подолг период.

Кариера

Ќе се замислите во улога на иницијатор на работите. Многумина навистина ќе ги раздвижуваат или на свој грб ќе ги носат повеќето работи .Колегите со задоволство ќе се потпираат на вас. Пред вас е интересна недела во која ќе станете свесни за својата улога и сила.

Здравје

Комбинирајте го спортот со опуштање.

Лав 23.7-22.8.

Љубов

Знаете дека можете повеќе и подобро , но тоа не зависи само од вас. Никој не е совршен па ниту вашата најдрага личност. Прифатете ја таква каква што е и ќе се уверите дека без непотребни притисоци и барања , ќе бидете сосема среќни.

Кариера

Вработените во услужни дејности ќе имаат многу работа , додека другите ќе бидат отворени за помош на колегите.Некои ќе се покажат како добри советници , а своето знаење лесно ќе го применуваат во пракса. Ќе има и преодни недоразбирања во комуникациите.

Здравје

Повремени нервози и мали грижи.

Девица 23.8.-23.9.

Љубов

Ќе се чувствувате како да може да поместувате планини. Саканата личност ќе ви даде поддршка , а комуникацијата меѓу вас ќе се подобри. Многумина ќе бидат среќни. Оние кои уште се сами секако нека излегуваат . Ќе има убави дружби.

Кариера

Ќе ви недостига енергија за да завршите се што сте планирале, па затоа ќе сепојават замор и нервоза. Работата треба подобро да ја подготвите и да ја испланирате. Не комплицирајте , па ќе успеете се да завршите.

Здравје

Одете во природа или барем прошетајте се на воздух.

Вага 24.9.-23.10

Љубов

Љубовното секојдневие еден ден ќе ви изгледа како да е од бајка , а другиот ден ќе ви биде здодевно. Оние во врски ќе треба подобро да балансираат и да го негуваат своето паметење за да се сетат дека вчера им беше сосема добро.

Кариера

Пред вас се нови предизвици , кои бараат паметен и обмислен пристап.Ќе треба се повеќе да соработувате со колегите , а неретко ќе создавате или прифаќате компромиси. Не го земајте тоа за негативност , зашто повеќе глави подобро размислуваат.

Здравје

Најдете малку мир само за себе.

Шкорпија 24.10-22.11.

Љубов

Веројатно малку ќе се оддалечите од саканата личност .Ова заладување вие нема да го сфатите сериозно , туку ќе го надминете со хумор и позитивен став. Хуморот секако е добар , па сепак внимавајте да не претерате со шегите на туѓа сметка.

Кариера

Ќе можете без најмалку страв да се потпрете на вашите претходни резултати.Некои тоа ќе го искористат да одат чекор понатаму , а ќе има такви кои ќе живеат на стара слава додека е можно. Главно , немојте да заспиете, работата си оди напред , а со неа ќе треба да одите и вие.

Здравје

Обезбедете си повеќе време за добар сон.

Стрелец 23.11.-21.12.

Љубов

Вашиот љубовен живот ќе стане потивок , подискретен. Оние во врска ќе се наоѓаат на познати места каде што се движат , додека ќе ги занемарат можностите за зилегување на поатрактивни места и настани. Осамените ќе флертуваат со колеги од работа.

Кариера

Ќе ви се чини дека се можете сами да постигнете.Сепак поддршката од другите ќе ви биде добредојдена.Ќе ја имате , иако нема да сметате на неа. Затоа на време препознајте ја и искористете ја.Повеќе луѓе ќе постигнат подобри резултати.

Здравје

Верувајте во подобро утре.

Јарец 22.12.-20.1.

Љубов

Ќе се засили потребата за интимност.Затоа многумина кои се во стабилна врска ќе се повлекуваат во својот дом и ќе уживаат заедно.Нема многу да излегувате.За осамените тоа значи повеќе фантазирања , а помалку дружење и шанси за љубов.

Кариера

Ослободете се од големите дилеми со кои се оптеретувате кога работите не одат како што сте испланирале.Можеби се ќе излезе и подобро од вашата замисла. Поработете на својата флексибилност и отвореност. Резултатите пристигнуваат.

Здравје

Обезбедете си повеќе сон и повеќе време за размислување.

Водолија 21.1.-19.2.

Љубов

Ќе бидете сигурни во вашите чувства и без оглед на надворешните услови , нема да дозволите ништо да ви се испречи на љубовниот пат. Освојувачите ќе освојуваат со голема самоувереност , а оние во врска ќе ги поттикнуваат партнерите на позитивен став.

Кариера

Како што ќе минува неделата, се повеќе ќе увидите дека оние недопирливи или скриени теми добиваат на значење. Кон крајот на неделата тоа ќе стане толку важно , што ќе ја занемарите вистинската работа. Не заборавајте ги вистинските обврски.

Здравје

Не претерувајте со опуштањето.

Ибрахим нема раце, па сепак учествува на врвните светски натпревари во пинг-понг (ВИДЕО)

Египќанецот Ибрахим Хамаду (51) стана интернет сензација, откако на платформата Јутјуб беше објавено видеото „Ништо не е невозможно“.

Потоа го покажа својот талент како специјален гостин на Светското првенство во пинг-понг во 2014 година, кое беше организирано во Јапонија.

Две години подоцна, Ибрахим беше подготвен за светската сцена. Учествуваше на Параолимписките игри во Рио, каде ја претставуваше својата земја.

Ги загуби двата меча, но стекна почит и ја воодушеви публиката со својот уникатен стил на игра.

Ибрахим ги загубил рацете во несреќа, но тоа не го спречило да се бори за своите соништа. Неговата приказна никого не остава рамнодушен.

Како десетгодишник ги загубил рацете во железничка несреќа. Сè уште се сеќава како се заинтересирал за пинг-понг.

-Ги гледав моите пријатели како играат, а еден од нив ме задеваше дека никогаш нема да можам да земам рекет. Тогаш си поставив предизвик.

Во текот на 1986 година тој посериозно се заинтересирал за оваа дисциплина и му требале три години да ги воспостави темелите на својот необичен стил.

Секој ден вежбал сам, поставувајќи маса пред ѕидот.

- Тренирав два пати на ден, рано наутро и доцна навечер. Го избрав ова време бидејќи живеев на село. Бев срамежлив и не сакав луѓето да ме исмејуваат.

Така, Ибрахим го држи рекетот во уста и ја сервира топката со десната нога. Затоа не е изненадување што привлекува огромно внимание на меѓународната сцена - и подеднакво ги привлекува медиумите и публиката.

Три децении подоцна, тој се натпреваруваше во Рио, а потоа и во Токио 2020 година, каде што повеќе се фокусираше на перформансите. Покрај тоа што играше во сингл, тој стигна до четвртфиналето во машката екипна класа со 6-7.

Ибрахим учествуваше и на други спортски настани, како што е Африканското првенство во 2022 година, каде што освои сребрен медал.

Храброста и уникатниот стил го направија познат, но мораше да размислува и за последиците. Во пресрет на Параолимписките игри во Токио замина на лекување, со поддршка од бројни организации, а најголема грижа му беа забите.

- Воопшто не е лесно. Особено е предизвик што мојата техника врши притисок врз грбот, нозете и забите. Се обидов да користам штитник, но не можев да го држам рекетот како што треба, па го оставив - објасни спортистот од Египет.

Денеска, четири месеци пред летните игри во Париз, Ибрахим сонува нови соништа и заедно со сопругата одгледува три деца.

Ковачевски до Мицкоски: На Македонија и е потребно национално единство за интеграција во ЕУ

Вчера, Мицкоски зборуваше за некакво македонско единство и за мораториуми. За жал, се повеќе и повеќе луѓе сфаќаат дека единствен мораториум во главата на Мицкоски е мораториумот за интеграција на државата во ЕУ. 

Исто како што го блокираше изминативе две години, тој е спремен да го одложува членството во ЕУ уште 11 години, исто како што правеше неговиот ментор Груевски. Наместо национално единство за мораториум, на Македонија ѝ е потребно национално единство за интеграција во ЕУ. Тоа е вистинскиот пат за промени и токму тоа е одлуката што вие треба да ја донесете на овие избори, порача претседателот на СДСМ Димитар Ковачевски од предизборниот митинг во Струга.

Едната опција се Мицкоски, Силјановска и ДПМНЕ со мораториум за ЕУ, а другата опција се СДСМ и Стево Пендаровски кои нема да се откажат од нашата европска иднина, додаде Ковачевски.

Претседателот на СДСМ нагласи дека ВМРО ДПМНЕ на чело со Мицкоски е истото ВМРО ДПМНЕ кое на чело со Груевски 11 години ја зароби државата внатре, а ја изолираше надвор.

-Тие нема да успеат да ја придвижат државата кон ЕУ, а потоа ќе ја обвинуваат Европската Унија за сѐ. Спремни се Македонија уште 100 години да не влезе во ЕУ, дециден беше Ковачевски.

Нашиот главен фокус останува членството во Европската Унија. ЕУ е единствената шанса Македонија да се промени и да напредува.

Едноставно, друг начин нема, друга опција не постои. Со членството во ЕУ ќе се случи вистинска и суштинска промена кон подобро во нашата земја, истакна претседателот на СДСМ Димитар Ковачевски на предизборниот митинг во Струга, се наведува во партиското соопштение.

Ковачевски: 30.000 просечна пензија за достоинствен живот на пензионерите

Гарантираме 20.000 денари минимална и 30.000 денари просечна пензија за достоинствен живот на нашите пензионери,на оние кои ја изградија државата, порача претседателот на СДСМ Димитар Ковачевски од предизборниот митинг на СДСМ и Коалицијата во Струга.

За пензионерите обезбедуваме и многу други финансиски мерки за поддршка, порача Ковачевски, презентирајќи ги пред стружани мерките предвидени во програмата за европска Македонија на СДСМ и Коалицијата за европска иднина.

Ковачевски нагласи дека во изминатиот период СДСМ обезбеди достоинствени примања за пензионерите и ги зголеми пензиските примања за 55%.

Јасно ми е дека очекувањата се поголеми, ние сме подготвени да работиме ден и ноќ, додаде тој.

-Јас и моите другари од СДСМ и од коалицијата за европска Македонија сме подготвени да работиме ден и ноќ за да го реализираме барањето на граѓаните за попросперитетна држава, со новата програма за европска иднина. Оваа програма е реална, остварлива и нема откажување додека секој ред од неа не стане наша реалност. , рече претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски попладнево во Струга, се наведува во партиското соопштение.

притисни ентер