Дневен хороскоп за 3.3.2019

Дневен хороскоп за недела , 3 март 2019 година. 

Риби 20.2.- 20.3.

Љубов

Можно е да ве освои млада личност по возраст или според духот. Тешко ќе и одолеете.

Кариера

Вие ќе сакате една идеја а вашите надредени друга .Денеска не е ден за размена на мислења.Воздржете се.

Здравје

Подобро од вчера.

Овен 21.3-20.4.

Љубов

Иако со сите сили ќе се трудите да го подобрите сексуалниот живот , денеска во ова подрачје би можеле да имате мал неуспех.

Кариера

Ќе се сетите на некои предлози на лица од странство и ќе се потрудите со нив да ги обновите деловните потфати.

Здравје

Чувствителност на жолчката или црниот дроб.

Бик 21.4- 20.5.

Љубов

Вашата самоувереност би можело денеска да биде сериозно нарушна.Сетете се на љубовните успеси за да се охрабрите.

Кариера

Некои ќе ја истражуваат историјата на фирмата или на професијата што ја работите. Ќе биде интересна дигресија од секојдневните задачи.

Здравје

Што било , поминало.

Близнаци 21.5.-21.6.

Љубов

Најдобро ќе поминат оние ки љубовта нема да ја изразуваат со зборови , туку со дела. Се ќе биде во ред ако не зборувате.

Кариера

Ќе бидете склони дефинитивно да завршите некоја работа и да отоврите ново поглавје на сосема различен начин.

Здравје

Тешко ќе ви оди со изборот на вистински зборови.

Рак 22.6-22.7.

Љубов

Вашите пријатели ќе ви покажат кој е најдобриот пат до нечие срце. Послушајте ги и не прашувајте премногу.

Кариера

Денеска е подобро да бидете настрана од шефовите , бидејќи и со најдобра намера, лошо ќе влијаат на вас.

Здравје

Наспијте се откако ќе се прошетате.

Лав 23.7-22.8.

Љубов

Не треба да се трудите да бидете љубезни , зашто нема да бидете уверливи. Бидете едноставно природни и правете го она што ви се допаѓа.

Кариера

Ќе бидете под големо влијание на оние околу вас . Можно е некој од соработниците да ви се вовлече под кожа.

Здравје

Лошото чувство утре ќе се изгуби..

Девица 23.8.-23.9.

Љубов

Оние кои одржуваат врска на далечина денеска ќе ја пренасочат во друга насока. Ќе дојде до промена.

Кариера

Можен е динамичен состанок со шефовите каде ќе размените различни идеи или мислења.

Здравје

Претстојат нови планови за патувања.

Вага 24.9.-23.10

Љубов

Во текот на денот ќе ги расчистите сомневањата и ќе го вратите во рамнотежа вашиот однос со саканата личност.

Кариера

Денеска не очекувајте поддршка од други. Потпрете се на сопствените сили и се ќе помине подобро.

Здравје

Подобрување.

Шкорпија 24.10-22.11.

Љубов

Вашите зборови ќе допрат длабоко во душата на саканата личност и ќе постигнат ефект за паметење. Слободно изразете ги чувствата.

Кариера

Ви претстои финансиска загуба, со која тешко ќе се помирите. Сепак бргу ќе најдете начин тоа да го надоместите.

Здравје

Ќе бидете прецизни.

Стрелец 23.11.-21.12.

Љубов

Некои ќе заведуваат преку кујната, а другите со хумор. И во двата случаи ќе има успех.

Кариера

Денеска би било добро да не соработувате со млади , зашто нема да се разберете.Ограничете се на други соработници.

Здравје

Некои ќе дочекаат сакана личност од патување.

Јарец 22.12.-20.1.

Љубов

Од внатре нешто ќе ве натера да направите потег што е целосно откачен , но ќе биде полн погодок.

Кариера

Можно е да ви ги оспоруваат резултатите од работата.Не влегувајте во расправија, туку почекајте до утре кога се ќе може полесно да докажете.

Здравје

Ќе бидете забавни.

Водолија 21.1.-19.2.

Љубов

Денеска занемрете ги идеите што ви доаѓаат од интуицијатаи држете се до она што можете да го видите и да го допрете.

Кариера

Ќе имате зголемено влијание врз другите , па тоа искоритете го во работата , која се развива и без тоа , многу добро.

Здравје

Несоница.

Жените почесто имаат проблеми со сонот од мажите (фото)

Несоницата станува голем проблем во светот, таа влијае и на другите аспекти од нашиот живот.

Спиењето е добро за нашето здравје и општата благосостојба. Недоволното спиење ја намалува продуктивноста во текот на денот, нè прави нерасположени, но и ја намалува нашата концентрација за извршување на секојдневните задачи.

Постојат различни фактори кои влијаат врз квалитетот на сонот, а еден од нив е поврзан со полот. Според некои истражувања, жените се оние кои почесто остануваат будни во текот на ноќта, а некои студии покажале дека тие почесто се погодени од нарушувања на деноноќниот ритам (биолошкиот ритам на телото).

Се разбира, на истражувачите сè уште не им е јасно што влијае на биолошкиот ритам и зошто постојат разлики во спиењето кај мажите и жените, пишува sciencealert.com.

Сепак, за време на истражувањето, тие откриле дека постојат клучни разлики во квалитетот на сонот кај двата пола, што може да има се рефлектира врз здравјето на човекот вклучувајќи ризик од одредени болести.

Разлики во биоритамот

Истражувачите се фокусирале на 150 текста кои истражувале различни аспекти на спиењето, деноноќниот ритам и метаболизмот. Резултатите откриле дека жените имаат послаб квалитет на сон од мажите и дека се посклони да развијат одредени нарушувања на спиењето, како што е синдромот на немирни нозе. Кај мажите, забележано е дека тие почесто може да добијат апнеја при спиење од жените.

Мелатонинот, хормонот кој го регулира сонот, кај жените се лачи порано отколку кај мажите, а температурата на телото, која е највисока пред спиење, кај жените се повишува порано отколку кај посилниот пол.

Резултатите покажале дека жените имаат поголема потреба од сон и се будат подоцна, што не е во согласност со социјалните барања, како што е работата.

Метаболизмот се менува

Нарушувањето на деноноќниот ритам предизвикува ризик од нарушување на метаболизмот и појава на дебелина и дијабетес тип 2. Исто така, луѓето кои работат ноќна смена имаат поголем ризик од овие болести во споредба со оние кои работат во текот на денот. Ова го поддржува веќе потврденото во претходните студии, а тоа е дека полот може да влијае на квалитетот на сонот. Наодите укажуваат дека е потребно третманите за нарушување во спиењето да се прилагодат според полот на лицето.

Сè уште не се познати специфичните механизми кои објаснуваат зошто проблемите со спиењето и биолошкиот ритам се поврзани со поголемиот ризик од одредени болести и зошто постојат разлики во спиењето кај жените и мажите.

Секако, важно да се земе предвид и менструалниот циклус и земањето контрацепција бидејќи тие секако влијаат на квалитетот на сонот и на деноноќниот ритам.

Ваквото истражување помага подобро да се разберат разликите во квалитетот на сонот кај жените и мажите со цел да се обезбедат поефикасни третмани за двата пола.

Ужас во Словачка: Родители си ги тепале своите четири деца со синџири и ремени, ги изгладнувале

Во брутален случај на злоупотреба на четири деца во Словачка, полицијата ги уапси мајката Јарослава (32) и таткото Милан (42).

Децата доживеале неверојатна тортура, родителите наводно ги тепале со ремени и синџири. Откако ќе ги претепале, ги затворале и ги изгладнувале. Сепак, Јарослава за време на сослушувањето го обвини таткото за сѐ, објавија локалните медиуми.

Таа наводно рекла дека имала многу лоши односи со Милан. Според неа, тој наводно бил алкохоличар во последните 10 години. Во една прилика тој наводно го претепал синот Адријан со ремен, а потоа рекол дека не сака да го прави тоа. Според медиумите, мајката знаела дека таткото не им дава храна на децата.

Јарослава тогаш изјавила дека Милан не им дозволувал ништо на децата, кои многу се плашеле од него. Милан наводно во една прилика го претепал Адријан со тоа што го извлекол од креветот и го удирал со таква сила што момчето се онесвестило.

Катанците во куќата наликувале на затворски. Биле ставени на шкафовите, на вратата од детската соба, но и на фрижидерот, за децата да не изедат сѐ. Низ куќата одекнувале грди зборови.

Оваа ужасна злоупотреба била откриена минатата недела. Резултатите од истрагата покажуваат дека злоставувањето било откриено за време на часот по физичко, кога Адријан се пресоблекувал во спортска облека во соблекувалната.

Момчето наводно не сакало да каже ништо пред тоа бидејќи се плашело од тоа што може да го чека дома. Тој рекол дека татко му го тепал со синџир.

Медицинскиот извештај на Универзитетската болница во Трнава покажува дека Адријан се здобил со контузија и хематом на градниот кош.

На Милан сега му се закануваат 15 години затвор. Сепак, неговото семејство не се согласува со обвинувањата, додека неговата сестра тврди дека Милан никогаш не злоставувал деца.

„Одеше на работа додека жена му беше дома, таа не ни готвеше. Добро се грижеше за децата. Имаа брава на вратата да не ја отвораат децата. Децата го земаа јогуртот, јадеа малку па го фрлаа во ѓубре“, тврди сестрата на обвинетиот.

Полицијата ја продолжува истрагата.

Повторно е нападната американската воена база во Ирак

Вчера била нападната американската воена воздухопловна база Ал Асад во западниот дел на Ирак, а во нападот не е направена никаква штета и никој не е повреден, изјави неименуван американски функционер за Тајмс оф Израел.

„Ова беше втор напад врз американските сили од 4 февруари“, додаде американскиот официјален претставник, мислејќи на нападот во неделата кога беа истрелани пет ракети врз истата база од пограничниот град Зума.

Во тоа време, САД објавија дека сојузничкиот борбен авион уништил ракетен фрлач во Сирија, додавајќи дека ниту еден американски воен персонал не бил повреден.

Бранот од 165 напади врз американските војници во Ирак и Сирија започна во октомври минатата година, откако Хамас го нападна Израел, а заврши во февруари кога САД извршија воздушни напади врз цели поврзани со Иран во Ирак и Сирија.

притисни ентер