ПОЛНЕТ ЗЕЛЕНЧУК СО ПРЕЗЛА И ЛУК

Рецепт на: Мира Грујоска

Потребни состојки:  2 црвени пиперки, 2 модри патлиџана, 2 тиквички, 2 домата, 200 гр. презла, неколку чешни лук, малку магдонос, неколку печурки и сол по вкус.  

Постапка:

Во подлабок сад со презла се додава: ситно сечкан лук, малку магдонос и малку вода.

Состојките треба добро да се промешаат.

Зеленчукот се сече на половина и заедно со печурките се реди во тава со пекарска хартија.

Зеленчукот се посолува и се полни со смесата од презла, лук и магдонос.

Се полева со масло, се додава малку вода и се покрива со алуминиумска фолија.

Се пече во загреана рерна околу 25 минути на температура од околу 180 степени.

Преубавата манекенка ги воодушеви своите фанови

Таа се прослави како заштитно лице на познатиот бренд  „Викторија Сикрет“

Преубавата манекенка Роми Стријд ги воодушеви своите фанови ширум светот со новите атрактивни фотографии. Оваа убавица од ден во ден станува се повеќе популарна. Дефинитивно никој не може да остане рамнодушен на нејзината убавина.

Крај за „McLaren 600LT“ после една година произведување

Како што најавија од компанијата „McLaren“ после една година е окончано производството на моделот „600LT“ и на тој начин го прават овој модел уште по ексклузивен.

Последните примероци од овој модел го напуштија погонот за производство и со тоа „McLaren“ заврши уште еден успешен дел од својата историја.

Видео: Најдолгиот зиплајн на светот

На планината Јебел Јаис во Обединетите Арапски Емирати, се наоѓа најдолгиот зиплајн на светот. Долг е скоро три километри.

На овој зиплајн можете да достигнете брзина од дури 170 Км/ч, погледнете во видеото како тоа изгледа во пракса.

притисни ентер