ПОСНА ТОРТА

Рецепт на: Лиле Томова

Потребни состојки:  2-3 чаши брашно, 100-200 гр. ореви, 3-4 лажици мармалад, малку брусница, 1 чаша шеќер, 1 чаша масло, неколку лажички сода бикарбона, 1 пакетче ванилин шеќер, 2 чаши минерална вода и малку кокос.

Постапка:

Во подлабок сад се става: 1 чаша масло, 2 чаши минерална вода, 1 чаша шеќер, 2-3 чаши брашно и 1 пакетче ванилин шеќер.

Состојките се мешаат се додека не се добие хомогена смеса.

Потоа се додаваат 3-4 лажици мармалад и повторно се промешува.

Се додаваат неколку лажички сода бикарбона, малку брусница и ореви.

Сите состојки треба добро да се промешаат.

Смесата со состојките се става во тава премачкана со масло и посипана со брашно.

Се пече во загреана рерна околу 30 минути на помала температура.

Откако ќе се испече се премачкува со мармалад и се посипува со кокос

Преубавата манекенка ги воодушеви своите фанови

Таа се прослави како заштитно лице на познатиот бренд  „Викторија Сикрет“

Преубавата манекенка Роми Стријд ги воодушеви своите фанови ширум светот со новите атрактивни фотографии. Оваа убавица од ден во ден станува се повеќе популарна. Дефинитивно никој не може да остане рамнодушен на нејзината убавина.

Крај за „McLaren 600LT“ после една година произведување

Како што најавија од компанијата „McLaren“ после една година е окончано производството на моделот „600LT“ и на тој начин го прават овој модел уште по ексклузивен.

Последните примероци од овој модел го напуштија погонот за производство и со тоа „McLaren“ заврши уште еден успешен дел од својата историја.

Видео: Најдолгиот зиплајн на светот

На планината Јебел Јаис во Обединетите Арапски Емирати, се наоѓа најдолгиот зиплајн на светот. Долг е скоро три километри.

На овој зиплајн можете да достигнете брзина од дури 170 Км/ч, погледнете во видеото како тоа изгледа во пракса.

притисни ентер