ЗОЛЕНИК

Рецепт на: Бранко Попоски

Потребни состојки: 1 кг. пченкарно брашно, 3 лажици бело пченично брашно, 2 страка праз, 2 јајца, малку масло, малку сол и 1 пакетче пециво.

Постапка:

Во подлабок сад со пченкарно брашно се става 3 лажици бело пченично брашно и добро се промешува.

Потоа се подготвува филот од 2 страка праз и 2 јајца

Во тава со масло се пропржува сечкан праз, се додаваат две јајца и се зачинува со сол по вкус.

Додека се пропржува празот со јајцата,  во плехот се налева масло.

Со рака се „золе“ од смесата со пченкарно и пченично брашно.

Одозгора брашното се натопува со вода со сол и пециво.

Потоа пак се „золе“ со брашно и се натопува со солената вода.

Се попрскува со масло и повторно се „золе“ брашно.

Потоа се става од филот со праз и јајца и повторно се „золе“ брашно.

Се налева солена вода, се попрскува со масло и се додава преостанатиот фил.

Филот се покрива со брашно, се попрскува со масло и се остава да отстои околу 15 минути.

Се пече во загреана рерна околу 30 минути на 250 степени.

Хари и Меган на годишнината од свадбата објавија до сега непознати фотографии (ВИДЕО)

Додека главната вест од британското семејство е новото бебе Арчи, без многу помпа е одбележана годишнината од бракот на принцот Хари и неговата сопруга Меган Маркл.

Кралската двојка на социјалните мрежи сподели видео во кое се гледаат фотографии од венчавката , кои до сега не биле познати во јавноста. На овие фотографии се гледаат поинтимни детали забележани без позирање .

Меѓу 14 – те фотографии се гледа и онаа кога Меган ја држи својата мајка , Хари и брат му Вилијам кога насмеани се симнуваат по скалите или принциот Чарлс кој ја води под рака Меган.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

Happy one year anniversary to Their Royal Highnesses, The Duke and Duchess of Sussex! Today marks the one year anniversary of the wedding of The Duke and Duchess of Sussex. Their Royal Highnesses exchanged vows at St George’s Chapel within the grounds of Windsor Castle on May 19th, 2018. The selected song “This Little Light of Mine” was chosen by the couple for their recessional. We hope you enjoy reliving this moment, and seeing some behind the scenes photos from this special day. A message from The Duke & Duchess: Thank you for all of the love and support from so many of you around the world. Each of you made this day even more meaningful. Photo credit: Chris Allerton/Joe Short (B&W); PA (color) ©️SussexRoyal (B&W images and video)

A post shared by The Duke and Duchess of Sussex (@sussexroyal) on

Ова е Србинката поради која падна австриската влада

Австрија ја тресе огромен скандал поради снуимка во која десничарски политичари договараат сомнителни работи со непозната руска милионерка , за која подоцна се утврдило дека била мамка.

Тајно снимениот состанок на Ибица доведе до падот на австриската влада. На снимката покрај претседателот на владејачката партија , Ханс Кристијан Штрахе и неговата десна рака , шефот на пратеничкиот клуб, Јохан Гуденус , се гледа и неговата сопруга Тајана Гуденус. Пред неа двајцата политичари ги договараат сомнителните работи.

Тајана Гуденус , родена Тајчиќ според австриските медиуми е Србинка родена во Хрватска . Семејството и побегналоод Бања Лука за време на војната. Во 2007 се преселиле во Австија , а Тајана во Виена завршила факултет . Во текот на 2016 во Виена водела програма што ја организирала Туристичката агенција на Белград, со која раководел амбасадорот на Србија во Австрија.  

Тајачиќ со сопругот Гуденус се венчале во 2017 и имаат син. Гостин на свадбата бил и Милорад Додик.

На снимката од Ибица се гледа дека Тајана е доста упатена во политиката , бидејќи сопругот и неговиот политички шеф склободно пред неа зборуваат за зделката. На снимките се гледа дека Тајана не се впуштала во разговор , туку само била сведок.

Овие снимки на кои Штрахе и сопругот на Тајана во јули 2017 со наводна внука на руски олигарх договараат бизнис вреден 250 милиони евра , беа објавени од австриските медиуми , по што за само неколку дена дојде до пад на владата на Курц. Штрахе во разговорот и нуди на наводната русинка предност на јавниот тендер за вложување во австриското стопанство.

Германци си го заборавиле новороденото бебе во такси

Родители си го заборавиле во такси штотуку роденото бебе, откако од болница стигнале во својот дом.

Како што соопшти полицијата од Хамбург , родителите забележале дека го заборавиле бебето дури кога стигнале дома. Кога увиделе што направиле , таткото потрчал по таксито , но таксистот не го забележал.

Со повици до такси компанијата не можеле да го лоцираат возилото. Возачот не бил свесен дека го вози бебето , па го паркирал автомобилот и заминал на пауза за ручек.

Потоа возел уште неколку километри за да превезе нов клиент , кој кога се качил во возилото , го забележал заспаното бебе. Потоа таксистот се јавил во полиција , од каде го споиле со испаничените родители ,за да си го земат заборавеното новороденче.

притисни ентер