Маргинализираните групи бараат итно донесување на законот за антидискриминација

Итно носење на Законот за заштита од дискриминација кој осум месеци е заглавен во собраниска процедура бараат повеќе од 90 граѓански организации.

Се сомневаат дека предрасудите на одредени пратеници во Собранието го попречува носењето на овој закон.

Родовиот идентитет и сексуалната ориентација стануваат основи за дискриминација со новиот закон. Се наведува и сегрегацијата како облик на дискриминација.

Со европско знаменце Комисијата за европски прашања го усвои,но заглави во Комисијата за труд и социјала чиј претседател Владимир Ѓорчев. Кога ќе го стави на дневен ред Законот не можеше да прецизира но ставот на неговата партија вели е познат.

Новиот Закон ќе придонесе за бришење на дефиницијата за брак меѓу маж и жена со што се отвора можноста за истополови бракови а со тоа и можност на лица во таков брак да посвојуваат деца. Измените околу родовиот идентитет пак повлекуваат измени за дефинициите за бракот и родот. Никој не треба да биде дискриминиран но законските измени треба внимателно да се донесат.

Иако е заглавен во Комисијата за труд и социјална политика, пратениците од владејачкото мнозинство убедуваат дека Законот ќе биде изгласан до средината на март.

Со предложениот закон се прецизира и начинот на избор и работа на Комисијата за заштита од дискриминација која реагираше дека власта со тоа сака предвреме да ги смени нејзините членови. Хелсиншкиот комитет за човекови права и ЛГБТ Центарот во изминатите три месеци регистрираа случаи кога кафе барови во Скопје, Прилеп и Тетово спречиле Роми да влезат, но и лице кое било претепано од својот татко поради својата сексуална ориентација.

Поради непостоењето на соодветни закони сметаат дека овие случаи на дискриминација не може да се санкционираат.

Гласањето на болните и изнемоштените во десетте општини од Југоистокот почна без проблеми

Најмногу болни и изнемоштени се пријавени во Општина Струмица - 356.

Вкупно 1.547 болни и изнемоштени лица денеска гласаат во првиот круг од претседателските избори во десетте општини во Југоисточниот плански регион - Струмица, Радовиш, Василево, Босилово, Ново Село, Конче, Богданци, Гевгелија, Дојран и Валандово. Гласањето се одвива без проблеми и според општинските изборни комисии се очекува да заврши во попладневните часови.

Најмногу болни и изнемоштени се пријавени во Општина Струмица - 356, а заедно со нив гласат и затвореници од Затворот во Струмица. Утрово од 07:30 почна подигањето на избирачкиот материјал и процесот тече без проблеми.

Претседателите на изборните комисии од другите општини, исто така, информираат дека гласањето се одвива нормално и без пробеми.

Во Општина Ново Село се пријавени 299 болни и изнемоштени лица, Босилово-172, Гевгелија-175, Валандово-78, Василево-186, Радовиш-123, Конче-48, Дојран-44, Богданци-66 избирачи.

Во избирачкиот список во десетте општини вкупно се запишани вкупно 147167 граѓани со право на глас, кои ќе гласаат на 273 избирачки места.

ЈСП: Јавниот превоз утре по неделен возен ред, жичницата на Водно нема да работи

Јавното сообраќајно претпријатие Скопје соопшти дека утре јавниот превоз ќе функционира по неделен возен ред, а жичницата на Водно нема да работи.

Како што се појаснува во соопштението, дежурни од седум до 14 часот ќе бидат билетарниците на Транспортен центар и таа во Ѓорче Петров.

Националниот џез оркестар со програмата „Џез лектира" ќе гостува во Велес

По концертот во Скопје, Националниот џез оркестар со програмата насловена „Џез лектира" вечер од 20 часот  ќе гостува во театарот „Јордан Хаџи Константинов-Џинот“ во Велес. 

Концертот ќе биде осврт на творештвото на Каунт Бејси биг бендот - Вилијам Џејмс (Каунт Бејси) познат како „Кралот на свингот" - американски џез пијанист, органист, водач на бенд и композитор.

-Во 1935 година тој го формира оркестарот „Каунт Бејси“ и ја води оваа група речиси 50 години. Неговата работа резултира со низа иновации во музичкиот израз, како употреба на два „поделени“ тенор саксофони, нагласување на ритам секцијата, рифови во биг бенд композиции, аранжери за дополнително проширување на биг бенд звукот и слично, соопшти Националниот џез оркестар.

притисни ентер