МАМАРОСА МАКАРОНИ

Рецепт на : Влатко Мирковиќ

Потребни состојки:  150 гр. макарони, 100 гр. пршута, 100 гр. доматно пире, 30-40 мл. коњак, малку бешамел сос, 50 гр. пармезан,  малку маслиново масло, 1-2 чешни лук, ½ главица кромид, малку магдонос, сол и бибер по вкус,

Постапка:

Во тава со загреано маслиново масло се запржува кромидот со пршутата.

Потоа се става малку коњак.

Откако ќе испари алкохолот се додава доматен сос и се продолжува со пржењето.

Потоа се додава бешамел сос за да се згусне смесата.

При крај се додава лук и магдонос и се зачинува со сол и бибер по вкус.

Потоа се додаваат сварените макарони и се продолжува со пржењето уште неколку минути.

На крај макароните се декорираат со пармезан и магдонос

притисни ентер