Собранието ќе одлучува за одземање на имунитетот на Вељановски

По два дена жестока дебата, собраниската Комисија за деловнички и мандатно-имунитетни прашања синоќа не донесе одлука за барањето на Кривичниот суд за одобрување притвор на пратеникот и поранешен претседател на Собранието Трајко Вељановски.

Гласањето беше изедначено, односно четири гласа беа „за" и четири „против" што значи дека сега одлуката дали ќе му биде одземен пратеничкиот имунитет на Вељаноски ќе треба да ја донесе Собранието откако извештајот од Комисијата ќе биде испратен до претседателот на Парламентот.

За денеска, на веб страницата на Собранието, не е закажана пленарна седница, но се очекува таа да се закаже најдоцна три дена по добивањето на извештајот.

Расправата во Комисијата за деловнички и мандатно-имунитетни прашања почна во петокот и до вчера вечерта помина со низа реплики, контрареплики и паузи. Опозицијата обвини дека се работи за политички прогон и предложи колективно на сите да им биде одземен пратеничкиот имунитет, додека парламентарното мнозинство беше со став дека треба да се откријат организаторите на 27 април и да бидат изнесени пред лицето на правдата.

Барањето за одземање на пратеничкиот имунитет на Вељановски следи откако тој заедно со Миле Јанакиески и Спиро Ристовски во средата беа приведени на распит поради сомнение дека се дел од организаторите на настаните од 27 април. Вељаноски тогаш се повика на пратеничкиот имунитет, додека на Јанакиески и Ристовски им беше одредена мерка притвор.

Пендаровски ги прими акредитивните писма на новоименуваниот амбасадор на Белорусија

Претседателот Стево Пендаровски денеска ги прими акредитивните писма на Сергеј Малиновски, новоименуваниот амбасадор на Република Белорусија во Македонија, со седиште во Белград.

Претседателот Пендаровски во обраќањето на церемонијата на предавање на акредитивните писма изрази уверување дека врз основа на принципите за демократско владеење, владеење на правото и почитување на фундаменталните права и слободи во иднина ќе се создадат можности за развој на односите и соработката помеѓу Македонија и Белорусија во домените каде што тоа е возможно.

Амбасадорот Сергеј Малиновски во своето обраќање истакна дека Белорусија очекува трговска соработка со Македонија, како и соработка за други прашања на билатерален и мултилатерален план.

Претседателот Пендаровски на амбасадорот Малиновски му посака добро здравје, како и многу успех во извршувањето на неговата одговорна мисија, соопштуваат од кабинетот.

Трендафилов: Половина од јавната администрација нема да добие усогласување со минималната плата

Вработените во здравство, полиција, образование, се само дел од секторите кои во месец април нема да добијат усогласување на нивната со минималанта плата – обвинуваат од Сојузот на синдикати. 

На 8 април излегуваат на протест, од пред зградата на ССМ па се до министерството за здравство, вработените во овој сектор ќе го искажат својот револт од не потпишување на анексот на колективниот договор. Првиот човек на ССМ ги повика сите административци да им се приклучат на протестот.

„Одредени сектори како што е дејноста здравство нема да добијат усогласување на нивните плати со порастот на минималната плата, нема да добијат ниту во дејноста образование, ниту во полиција, и неколку други дејности, каде ниту со колективен договор ниту со закон е предвидено вакво нешто, а протестот на 8 април ќе биде токму бо насока изразување на незадоволстовото од анкесот на потпишувањето на колективниот договор“, изјави Слободан Трендафилов – претседател на ССМ.

Една недела претходно, работниците ќе излезат и на протест за враќање на работничкиот дом. Од пред Врховниот суд ќе побараат преиначување на одлуката.

„Имаат можност а ние во вторник ќе ги охрабриме да ја преиначат срамната пресуда за конфискација на работничкиот дом од работниците и за доделување на државата, на државата не и треба уште една зграда и требаат работници, “изјави Слободан Трендафилов – претседател на ССМ.

Најмалку 450 евра минимална плата во првите 100 дена на новата Влада, враќање платена хранарина и платен превозот за работниците се само дел од барањата, пак кои ќе бидат упатени на големиот традиционален прво мајски работнички протест.

Ѓоргиевски: Од Македонија се бара поврат на 2,2 милиони евра на ЕК злоупотребени преку Еразмус+

Европската канцеларија за борба против измами –ОЛАФ, бара  поврат на 2,2 милиони евра од Македонија злоупотребени преку програмата Еразмус+ во периодот 2016-2018 година.

Европската канцеларија за борба против измами –ОЛАФ, бара поврат на 2,2 милиони евра од Македонија злоупотребени преку програмата Еразмус+ во периодот 2016-2018 година, соопшти на прес-конференција, директорот на националната агенција за европски образовни програми и мобилност, Марко Ѓоргиевски.

Тој вели дека предметот е кај Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, но поради предистражната постапка не може да соопшти повеќе детали..

притисни ентер