Церемонијата ќе се емитува во недела, 25 април,известува списанието Пипл.
Заедно со нив, на списокот презентери има и некои други големи имиња од актерската и модната сцена - Ангела Басет, Бонг Јун Хо, Дон Чидл, Брајан Кранстон, Регина Кинг, Марли Метлин, Рита Морено и Зендаја.
На Пит, минатогодишниот добитник на Оскар во категоријата најдобра споредна машка улога, ќе му се придружат и другите престижни добитници на наградите во 2020 година, Рене Зелвегер, Хоакин Феникс и Лора Дерн.
Организаторите на церемонијата на почетокот на овој месец истакнаа дека сакаат оваа година наградата да изгледа повеќе како филм, а помалку како ТВ-емисија.
Продуцентите годинава испратиле писма до номинираните во кои бараат физички да присуствуваат на церемонијата.
Ова значи дека, за разлика од другите церемонии на доделување на награди, како што се БАФТА и Златниот глобус, на 25 април, нема да ја следиме комуникацијата на актерите и презентерите преку Зум.
За оние кои од која било причина нема да можат да присуствуваат на доделувањето на наградите, Академијата ќе ја преземе наместо наградениот уметник.