Многу дилеми и прашања се појави по одлуката на судот за притворот на Јанакиески

Многу дилеми и прашања се појави по одлуката на судот, повторно затворскиот притворот на екс министерот Миле Јанакиески да го замени со куќен.

Откако вчера на екс министерот Миле Јанакиески мерката притвор му беше заменета со 30 дневен куќен притвор, а поранешниот министер Спиро Ристовски и по поднесената жалба останува во притвор во Шутка во јавноста се отворија дилеми зошто Судот донесе различна одлука.

Адвокатот на двајцата осомничени за организација на собраниските инциденти од 27ми април за Канал 5 истакна дека сеуште не го добил решението од Судот, но вели дека разликата е во тоа што на Миле Јанакиески веќе претходно му е определен куќен притвор за предметот Титаник на СЈО.

Според Универзитетскиот професор Гордан Калајџиев краткотрајните притвори за дејствија што се случиле пред подолг временски период се чудни..

“Во случаи како овој, зборувам реалативно, бидејќи не ги знам деталите, но се чини нелогично тоа дека се определуваат краткотрајни мерки притвор и се заменуваат со поблага мерка бидејќи објективно ниту еден од условите за притвор не се чини реален за овој тип на ситуации. Тоа кажува дека може да се сомневаме дека понекогаш притворот го бараат обвинителите, а судиите го одобруваат од други причини на пример ПР ефекти, политички цели, можеби притисок врз лицата да признаат на препат.” - Вели универзитетскиот професор Калајџиев.

Пред два дена се појави информацијата дека во дворот во затворот во Шутка настанала тепачка меѓу Јанакиески и Ристовски и двајца осуденици од Диво Насеље, по што Јанакиески беше префрлен во Градската Општа Болница “8ми септември” од каде информираа дека тој се жалел на удари во главата, но не биле констатирани повреди. По ова утринава беше испратена порака во која осудените за Диво Насеље им се закануваат на Ахмети, Груевски, Мијалков и на уште 13 лица од ДУИ и ВМРО – ДПМНЕ. На ова реагираше Мицкоски кој осудениците ги нарече кукавици.

На Јанакиески и Ристоски пред три дена им беше определена мерка притвор, по налог на обвинителството кое ги сомничи дека заедно со поранешниот премиер Никола Груевски, како тогашен лидер на ВМРО ДПМНЕ ги организирале и материјално ги подржале масовните протести, најпрвин пред Државната изборна комисија, а потоа и протестите на движењето „За заедничка Македонија“ кои почнаа ден по интервјуто на Груевски, а кулминираа со насилното влегување во Собранието на 27 април 2017 година.

Вучиќ ја назначи Невена Јовановиќ за нов амбасадор на Србија во Македонија

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денеска издаде указ за назначување на Невена Јовановиќ на позицијата вонреден и ополномоштен амбасадор на Србија во Македонија, објави белградскиот бизнис портал еКапија.

Јовановиќ на оваа позиција доаѓа од позицијата Заменик-помошник министер за билатерална соработка во Министерството за надворешни работи на Србија.

На досегашната вонредна и ополномоштена амбасадорка на Србија во Скопје, Душанка Дивјак Томиќ, минатата година и заврши мандатот во нашата држава.

Чешка ги сака вакцините АстраЗенека, што Данска ги укина

По одлуката на Данска целосно да ја прекине употребата на вакцината АстраЗенека, Чешка изрази желба да го преземе вишокот вакцини.

„Подготвени сме да ја купиме вакцината АстраЗенека од Данска“, твитна министерот за внатрешни работи на Чешка, Јан Хамачек.

Вакцината „АстраЗенека“ беше на удар последните неколку недели, бидејќи расте загриженоста дека нејзината употреба може да предизвика смртоносни тромбови. Неколку земји ја ограничија употребата на вакцината, но Данска направи чекор понапред и засега целосно ја прекина нејзината употреба.

Но, понудата на Чешка покажува дека некои земји сепак сакаат да го вакцинираат населението со оваа вакцина. Засега не е јасно дали ваквата продажба меѓу двете земји е дозволена според правилата на ЕУ. Данска не ја исклучила можноста за повторна употреба на оваа вакцина.

Чешката влада е критикувана за бавниот договор за вакцинација. Досега се целосно вакцинирани 768.250 од 10,7 милиони Чеси.

Познато е кога ќе се одржи доделувањето на Оскарите и кои ѕвезди ќе бидат водители

Бред Пит, Хали Бери, Харисон Форд и Рис Витерспун се само некои од славните личности кои ќе учествуваат како домаќини на 93-тата престижна церемонија на Оскарите.

Церемонијата ќе се емитува во недела, 25 април,известува списанието Пипл.

Заедно со нив, на списокот презентери има и некои други големи имиња од актерската и модната сцена - Ангела Басет, Бонг Јун Хо, Дон Чидл, Брајан Кранстон, Регина Кинг, Марли Метлин, Рита Морено и Зендаја.

На Пит, минатогодишниот добитник на Оскар во категоријата најдобра споредна машка улога, ќе му се придружат и другите престижни добитници на наградите во 2020 година, Рене Зелвегер, Хоакин Феникс и Лора Дерн.

Организаторите на церемонијата на почетокот на овој месец истакнаа дека сакаат оваа година наградата да изгледа повеќе како филм, а помалку како ТВ-емисија.

Продуцентите годинава испратиле писма до номинираните во кои бараат физички да присуствуваат на церемонијата.

Ова значи дека, за разлика од другите церемонии на доделување на награди, како што се БАФТА и Златниот глобус, на 25 април, нема да ја следиме комуникацијата на актерите и презентерите преку Зум.

За оние кои од која било причина нема да можат да присуствуваат на доделувањето на наградите, Академијата ќе ја преземе наместо наградениот уметник.

притисни ентер