Почна комисиската расправа за одземање на имунитетот на Вељаноски

Во Собранието почна продолжението на расправата за одземање на имунитетот на пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ и поранешен собраниски спикер Трајко Вељаноски.

Расправата за барањето за одземање на имунитетот на Вељаноски, поднесено од Одделението за организиран криминал и корупција при скопскиот Кривичен суд поради сомнение за негова вмешаност во настаните од 27 април, започна вчера.

Во текот на вчерашната дискусија пратениците од власта и опозицијата се препукуваа за тоа дали е оправдано да се донесе одлука на поранешниот претседател на Собранието да му се одземе имунитетот.

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ посочи дека ова е политички прогон и обид на слаабење на нејзината пратеничка група, додека претседателот на Комисијата Павле Богоевски нагласи дека работа на судот, а не на собраниската Комисија е да цени дали е оправдана или не мерката притвор за одреден случај.

Според Деловникот, Комисијата е должна да го разгледа барањето на судот и во рок од два дена да го достави до претседателот на Парламентот. По добиениот извештај од Комисијата, Собранието најдоцна во рок од три дена треба да одлучува на пленарна седница. Одлуката за одземање на имунитетот се носи со просто мнозинство од вкупниот број пратеници.

Актуелниот пратенички состав досега по барање на судот донесе одлуки за одземање на имунитетот на пратениците Никола Груевски, Љупчо Димовски, Крсто Муковски, Јохан Трачуловски, Жаклина Пешевска, Љубен Арнаудов и Сашо Василевски. /MИА

Франција ќе ја дава вакцината Johnson & Johnson само на постари од 55 години

Вакцината „Џонсон и Џонсон“ против ковид-19 во Франција ќе им се дава само на луѓето постари од 55 години, како што е случајот со „АстраЗенека“, во која што владата сè уште има „доверба“, објави АФП.

Вакцината на производителот беше прекината во Соединетите Држави и Јужна Африка поради ретка појава на тромбови, по што лабораторијата ја одложи испораката на вакцината за еднократна употреба во Европа, четврта по ред одобрена од ЕМА во ЕУ.

ЕМА ќе објави нова проценка на таа вакцина следната недела.

"Ја примивме првата пратка од таа вакцина. Околу 200.000 дози пристигнаа на почетокот на неделата и ние само ја дистрибуираме до матичните лекари и аптеките", рече владиниот портпарол Габриел Атал.

„Очигледно, ќе ја дистрибуираме и администрираме под истите услови како и вакцината АстраЗенека, т.е. на возраст над 55 години“, истакнал Атал.

Оваа вакцина, продолжи тој, „покажува многу добри резултати и ефикасно штити од тешки форми на болеста“.

Уште една срамна реакција на ЗНМ, а првите нивни лица мораат веднаш да си дадат оставка!

ЗНМ ги премина сите црвени линии на колегијално но истовремено и правно толкување на позитивните законски прописи. Господо од ЗНМ, прочитајте го Законот за Медиуми чл.2 став 1 и став 3, и прекинете да ја замајувате јавноста!

Денес екс колегата Горан Трпеноски доби пресуда од граѓанскиот суд за тужбата за надомест на нематеријална штета за претрпен страв и душевна болка како и за спреченост на правото за информирање при известувањето од организираниот напад на Собранието на 27 април 2017, поднесена во функција на новинар на порталот SDK.mk

Да немаме дилема, сите оние кои беа во Собранието на 27 Април МОРА да добијат нематеријална штета за вистински претрпениот страв, но ќе мора да се најде друга основа за исплата на истата. Канал 5 му дава потполна поддршка на колегата Трпеноски, но и на колешките Мрѓа и Стојановска - зарем мора да постоја видливи рани на нивните тела за да правосудниот систем сфати дека многу колеги доживеаја трауми, и за тоа МОРА да добијат било каква сатисфакција.

Но, за жал, а пред се поради неразумноста на ЗНМ во минатото, образложението на судот е 100% точно од причина што порталите не се вметнати во правниот промет на Македонија, особено не во Законите кои се посветени и ги регулираат медиумите па така Законот за Медиумите член 2, во став 1 и став 3, јасно предвидува кој се е медиум:
И се вели:
Став 1. Медиуми се средства за јавно информирање, односно каков било вид на комуникација како весници, магазини, програми на радиото и телевизијата, телетекст и други средства за дневно или периодично објавување на уреднички обликувани содржини во пишана форма, звук или слика, со цел да се информираат и задоволат културните, образовните и другите потреби на пошироката јавност. Медиуми не се билтени, каталози и други форми на публикации, независно од средството за објавување, наменети исклучиво за огласување, образовниот систем или за деловна коресподенција, за работата на трговските друштва, установите, здруженијата, политичките партии, државните и судските органи, јавните претпријатија, правни лица со јавни овластувања и верските организации. За медиуми не се сметаат и весниците и билтените на образовните институции, “Службен весник на Република Македонија“, публикациите на единиците на локалната самоуправа, плакатите, летоците, проспектите и транспарентите
Став 3: Издавач на медиум е физичко или правно лице кое врши дејност на издавање на печатен медиум, или емитување на радио и телевизиски програми (радиодифузери);

За да ја потсетиме јавноста во 2013 год. кога се носеа двата Закони поврзани за медиумите ( Закон за Медиумите и Законот за Аудио и аудиовизуелни медиумски услуги ), најголеми противници за да порталите бидат вметнате во регистарот , а не регулирани во овие горепосочени Закони беа токму ЗНМ и нивните „пријателчиња“ СЕММ и Синдикатот. Притискаа на сите „страни“ само за да не бидат дел од Законската регулатива, нешто што сега им се враќа како „каменот од блиску доаѓа“.
И сега кога судот постапува по словото на Законот, а што наскоро ќе постапи и по словото на законот за една кабелска ТВ која има врска со Кабелски ооператор, судството - не чини!

Затоа, нашата компанија бара промптна оставка од нелегитимниот Претседател на ЗНМ , Младен Чадиковски кој долго време беше и прв човек на информативната редакција на ТВ24, нешто што е етички бесмилсено и беспредметно дури да се спомене а камоли коментира , и директорот на ЗНМ , кој беше и Директор на ова исто „здружение “ во 2013 год. , Драган Секуловски, со цел новинарската фела конечно да се врати во рацете на професионалците, и пред се за да не ни се случуваат вакви формално-правни коректни пресуди, но етички - не.

Соопштението на ЗНМ

Влада : Последните седум дена инспекциите спроведоа вкупно 6.038 контроли и надзори

По една недела од воведувањето на новите рестриктивни мерки за  заштита на здравјето на граѓаните и запирање на ширењето на коронавирусот, седумте инспекциски служби во изминатите денови спроведоа вкупно 6.038 надзори и контроли. 

Државниот пазарен инспекторат спроведе 4.591 контроли и 623 надзори поврзани со почитување на здравствените протоколи и закони.

При спроведените контроли, на лице место се затворени три објекти поради непочитување на Законот за заштита на населението од заразни болести и Протоколот за работа на угостителските објекти. Сите три угостителски објекти на лице место се затворени и им се изречени прекршочни платни налози.

Државниот здравствен и санитарен инспекторат од 5-ти март до 11-ти април изврши 90 надзори, врз основа на кои изрече 15 решенија.

При тоа, овој инспекторат којшто покрај вршењето на надзори во здравствените установи, задолжен е и за издавање на решенија за изолација, во посочениот период издаде вкупно 11.962 решенија за изолација и домашно лекување на лица позитивни на КОВИД-19 и лица кои биле во контакт со заболени лица од КОВИД-19, што е за 2.000 помалку споредено со претходната недела.

Во продолжение е интегралното обраќање на претседателката на Инспекцискиот совет, Магдалена Филиповска-Грашкоска:

„Или поединечно по инспекторати состојбата е следна:

Државниот здравствен и санитарен инспекторат од 5-ти март до 11-ти април изврши 90 надзори, врз основа на кои изрече 15 решенија. При тоа, овој инспекторат којшто покрај вршењето на надзори во здравствените установи, задолжен е и за издавање на решенија за изолација, во посочениот период издаде вкупно 11.962 решенија за изолација и домашно лекување на лица позитивни на КОВИД-19 и лица кои биле во контакт со заболени лица од КОВИД-19, што е за 2.000 помалку споредено со претходната недела.

Во истиот период, инспекторите од Државниот пазарен инспекторат, извршија 4.591 контроли и 623 надзори поврзани со почитување на здравствените протоколи за отворање и работа на кафетерии и угостителски објекти кои послужуваат храна , Закон за заштита на потрошувачи; Закон за трговија; Закон за нерегистрирана дејност; Закон за угостителска дејност; Закон за градежни материјали; Закон за занаетчиска дејност; Закон за енергетика; Закон за метрологија; Закон за безбедност на производите; Закон за заштита од пушењето.

При спроведените надзори, изречени се 25 прекршочни пријави и 107 решенија за констатираните неправилности, како и 67 прекршочни платни налози. Од вкупниот број на решенија, 3 решенија се донесени поради непочитување на Законот за заштита на населението од заразни болести и Протоколот за работа на угостителските објекти и тоа за по 1 угостителски објект во Струга, Гостивар и Битола, во кои не се почитувале мерките за забрана за прием на гости. Сите три угостителски објекти на лице место се затворени и им се изречени прекршочни платни налози. Во однос на контролите на ДПИ, ќе посочам и еден сумарен податок. Односно, од 1-ви март досега, вклучително со последниве податоци, од страна на ДПИ, затворени се вкупно 36 угостителски објекти, поради прекршување на здравствените протоколи и закони, односно поради организирање на свадби, прослави, настани, непочитување на број на присутни и групирања.

За сите затворања се доставени и прекршочни платни налози во зависност од големината на субјектот.

Во периодот од 29-ти до 04-ти април, Инспекторат за транспорт изврши 52 надзори, при што изречени се: 14 прекршочни пријави и 3 решенија. Во однос на Законот за заштита на населението од заразни болести и Протоколите за превоз на патници, во текот на минатата недела констатирани се неправилности во однос на Протоколот за меѓународен превоз на патници и тоа на граничниот премин Табановце , за што се поднесени 3 Прекршочни пријави. Државниот инспекторат за труд, во изминатите 7 дена изврши 397 надзори во правни субјекти на територијата на целата држава со фокус на почитување на здравствениот протокол за превентивни мерки за сите работни места. При тоа инспекторатот изрече 22 решенија. Од вкупниот број на решенија, 19 решенија се донесени поради непочитување на Протоколот за превентивни мерки за сите работни места, а дополнително изречени се и 2 ППН за 2 вработени лица поради неносење лична заштитна на лицето спротивно чл.28 ст.6 т.1 од Закон за заштита на населението од заразни болести.

Агенцијата за лекови и медицински помагала, МАЛМЕД во истиот период спроведе 13 надзори во аптеки и при истите не се констатирани неправилности. Агенцијата за храна и ветеринарство, изврши 229 надзори по Закон за заштита на населението од заразни болести и по Закон за безбедност на храна, при што издадени се 9 решенија и 14 едукации, по основ на небезбеден производ, неизвршени здравствени прегледи, неспроведување на општи хигиенски мерки, неправилно складирање, чување и означување на производи, неводење на записи за ДПП/ДХП.

Државниот инспекторат за животна средина изврши 43 надзори, при што за утврдените неправилности издадени се 7 Решенија. Со 2 решенија се наредува на правни лица да извршат мерење на емисии во воздух и води, 4 решенија се однесуваат на јавни комунални претпријатија кои се задолжени да применат минимални технички услови на непрописните депонии на кои го одлагаат отпадот и со 1 решение издадена е забрана за производство на електрична енергија додека да се постигне кота на езерото што ќе овозможи користење на вода за наводнување на земјоделските површини во регионот. Инспекциските служби и во следниот период продолжуваат со интензивни контроли и надзори на терен, и со санкционирање на сите оние кои ги прекршуваат здравствените протоколи и мерки. Почитувањето на здравствените протоколи и мерки е клучно за заштита на јавното здравје и надминување на оваа здравствена криза, и затоа нема компромис кога е во прашање заштитата на здравјето на граѓаните, односно, секој кој нема да ги почитува мерките ќе сноси одговорност"!


притисни ентер